|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Породилното ќе трае 12 месеци!

Редакција Рингераја, 8.6.2017
Пратениците ја прифатија иницијативата на граѓани за промена на Законот за работни односи, според која породилното боледување наместо девет ке биде 12 месеци

image
/11


 

Во Собранието на Македонија вчера во комисиите интересна иницијатива на дневен ред. Породилното боледување, наместо девет месеци да трае година дена. Се работи за граѓанската иницијатива со предлог за донесување на закон за изменување на законот за работните односи.
Членовите на собраниската Законодавно- правна комисија се согласија Собранието да расправа за промена на Законот за работни односи во делот кој го уредува времетраењето на породилното отсуство, поднесена од група граѓани. Граѓанската иницијатива бара продолжување на породилното отсуство за цели три месеци.
Расправата започна со забелешка на претседателот на Комисијата Александар Кирацовски кој рече дека има пропуст во иницијативата во која наместо да се бара промена на член се бара промена на закон за породилно отсуство каков што нема во земјава.
-Проблемот не е во содржината на иницијативата, јасно ни е за што станува збор и даваме целосна подршка. Единствен пропуст е што ние не менуваме закон за породилно отсуство затоа што таков закон не постои- рече Кирацовски.
Во името на 270 граѓани кои се потпишале за доставување на овој предлог зборуваше овластениот предлагач Снежана Кузмановска, која рече дека дека овој пропуст е ненамерна грешка.Подршка за иницијативата даде и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-За нас иницијативата е уредна и ние ќе ја прифатиме. Јасно е дека се работи за член од закон, што потоа може со амандман додавка да биде посеопфатен - рече Антонио Милошоски.По паузата пратениците треба да гласаат за инцијативата.
За иницијативата вчера расправаше и собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.Се уште е нејасно дали доколку се направат овие законски измени, продолжениот породилен рок ќе важи само за оние кои ќе одат на породилно од денот на стапување во сила на законската измена или и за оние кои веќе се на породилно.
 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога твоето бебе може да те слушне?
Дали некогаш си зборувала со стомакот и си се прашала дали бебето те слуша? Научно е докажано дека бебињата можат да слу...
4
Кои се знаците на инфекција по царски рез?
Инцизија и инфекции на матката се релативно чести по царски рез. Дознајте за вообичаените симптоми на инфекција по царск...
4
Трансформации на десет славни мајки
Во Холивуд изгледа како сите да имаат ист изглед и по 5, 10 па и 15 години. За многу познати актерки и пејачки се прашув...
4
Вагинален исцедок во бременост
Ако сте забележале зголемен вагинален исцедок од кога сте бремени, не сте сами и не е причина за паника.
3




Анкета

Доење.
пеперутка16

Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?