namesp во 10:12
Ова го прават среќните мајки!
Редакција Рингераја, 13.4.2016
Дали некогаш сте сретнале среќни мајки и сте се прашувале како им успева? Не станува збор за лажна среќа, туку вистински среќна жена, која прави да се чувствувате добро кога сте во нејзина близина и која е секогаш среќна и насмеана пред нејзините деца.
За жал, ова не е рецепт како да станете среќна мајка, ова се работи кои ги прават среќните мајки и со тоа го одржуваат своето расположение.
- Среќните мајки читаат
Некои од најслатките искуства кои ги имам како мајка е читањето книга на моите деца. Навистина е блажено искуството и чувството кога децата ќе се свиткаат во мојот скут и ќе се смеат на карактерите кои живеат во страниците на детските книги. Сечие срце ќе се стопи од слатката смеа на дете.
- Среќните мајки пишуваат
Уживам да читам во моите стари дневниции да се сеќавам на убавите работи кои ги кажале моите деца ги кажале или направиле. Тоа се нешта кои го прават мајчинството прекрасно искуство. Секако, тука има и многу тешки ситуации и искуства, но кога ги запишувам убавите тоа ми помага да сфатам колку ги пораснав децата и тоа ме прави среќна. Исто така уживам да им пишувам писма на моите деца. Уживам кога ги гледам како ги читаат повторно и повторно. Тоа прави да се чувствувам почитувана, сакана и важна личност во нивниот живот.
- Среќните мајки се молат
Ајде да се соочиме со тоа, јас не можам да поминам ниту ден без да се помолам. Сакам да мислам дека Господ има контрола врз нештата, бидејќи тоа значи дека јас не морам.
Среќните мајки веруваат и му се молат на Бога за да поминат низ тешките работи.
- Среќните мајки се смеат
Помина долго време додека научив дека животот не се состои само од сериозни работи. Смеењето не е само важно за нашето здравје, туку е есенцијално и за здравјето на нашите деца. Смеењето е најдобриот лек и со него доаѓа и среќата.
- Среќните мајки велат “Извини”
Како мајки треба да бидеме способни да признаеме кога сме згрешиле, Тоа не е само здрава навика, туку на тој начин ги учиме и нашите деца дека згрешавањето е составен дел од учењето и растењето. Тоа исто така ги учи нашите деца да преземат одговорност за своите постапки.
- Среќните мајки даваат повеќе можности
Децата сакаат да чувствуваат дека вредат и дека нивниот глас се слуша. Кога им даваме повеќе можности на нашите деца, не само што им овозможуваме да се искажат, туку им даваме можност да бидат одговорни за своите постапки.Иако изборот е само меѓу две тренерки кои ќе ги носат, тоа сепак значи дека им даваме избор, што ги прави да се чувствуваат дека вредат.
- Среќните мајки прават правила
Пронајдов дека децата имаат подобар однос кога има правила и последици од нивното прекршување. На овој начин децата ќе научат, во контролирана средина, како да се однесуваат. Детството е терен за тренинг на возрасните.
- Среќните мајки простуваат
Ќе има денови кога вашите деца или сопругот ќе направат нешто што не се простува. Простете им. Вашиот живот ќе биде многу посреќен. Само пуштете вода и продолжете напред.
- Среќните мајки сервират
Сервирањето им носи радост на сите и на тој кој јаде и на тој кој сервира. Како мајка, најдов голема среќа сервирајќи за моето семејство, бидејќи ги сакам. Исто така сакам да ја гледам радоста на нивните лица кога ќе видат убаво сервирана маса и оброк. Сервирањето е израз на љубов, обострано е и е прекрасен начин да се донесе среќа во вашиот живот.
- Среќните мајки дозволуваат спонтан тек на настаните
Со текот на годините научив дека кога имате очекувања, ќе имате и фрустрации. Наместо да се разочарувам дека луѓето не живеат според моите очекувања, слободна сум да се фокусирам на богатствата на животот. Да се има способност да се биде свој и да им се дозволи на другите да бидат свои, носи радост во животот и вистинска среќа.
- Среќните мајки играат
Тоа време во кое сум слободна да играм со своите деца, е најслаткото време кое ви го дава животот. Не постои поголема среќа од поминување на квалитетно време со саканите.
- Среќните мајки работат
Не зборувам за работа надвор од дома, а вашите дека во градинка, зборувам за напорната работа во домот и задржување ред на нештата. Јас никогаш не сум имала перфектно суредена куќа, кој би имал со пет деца, но одржувањето на топла семејна атмосфера е најважно за мојата и среќата на моето семејство.
- Среќните мајки излегуваат навечер
Независно дали сум излегла со пријателките или сопругот, излегувањето навечер еднаш неделно ме прави среќна мајка. Ако сакате вашите деца да бидат среќни, бидете и вие среќни.
- Среќните мајки сакаат
Љубовта е таа која го движи светот. Кога го сакате тоа што го правите, вашиот свет ќе биде исполнет со среќа. Среќните мајки ја држат љубовта во центарот на својот свет, бидејќи кога вашето срце е исполнето со љубов, се останато си доаѓа на своето место.
Среќните мајки растат среќни деца, а среќните деца го прават светот поубав.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...

Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.

Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
