|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Огледалото – важна играчка за бебето

Редакција Рингераја, 14.11.2011
Родителите се плашат кога ќе видат дека нивното бебе се приближува до огледалото, бидејќи би можело да го скрши и да се повреди. Тоа секако е можно, но затоа преземете мерки за тоа го спречите, а никако да не му го скратувате користењето на огледало

image
/11


 

За бебето на возраст од 12 - 18 месеци, огледалото е неопходна играчка, која овозможува сфаќање на телесната шема, односно гледање на сопственото тело во просторот. Иако бебето сеуште не се препознава себе, набрзо ќе почне да си игра со својот лик во огледалото.

 

Реакција на огледалото

Првите реакции на бебето на огледало се во главно чудење, страв и радозналост, па затоа е добро покрај бебето да биде мајката, таткото, или некоја друга возрасна личност за бебето и нив да ги види во ликот на огледалото.

Насмевката на нивните лица во огледалото ќе го смири бебето и тоа ќе почне да се смее. Некои деца веднаш добро реагираат, го допираат ликот во огледалото, се обидуваат да го извлечат или тргнат настрана, го бакнуваат...што никако не значи дека детето е нарцисоидно, како што повеќето родители би помислиле. Ова е само една фаза од растењето низ која детето поминува, а Вие треба да му овозможите тоа да го направи на вистински начин.

 

Таму сум јас

Најдобро е огледалото да биде прицврстено за ѕид, да не може да падне и доволно големо за детето да може да се види во целост и да го види лицето на мајката покрај себе. Како на оваа возраст децата лазат, огледалото треба да биде поставено ниско, за детето да може да го користи кога ќе посака. Во случај да нема можност за тоа, треба да му дадете пластично огледало во кое ќе може да го види својот лик.

 

Пат до самостојноста

Гледајќи се себе во огледалото детето полека сфаќа дека е одвоено од мајката, што е пат до неговата самостојност. Кога ќе се препознае себе – зависи од неговата зрелост. Ова е долг процес кој се одвива во периодот меѓу првиот  и вториот роденден.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Филип Циглењак-Симоновски дете од соседството
Пред неколку години на малиот Филип Циглењак-Симоновски случајно му биле понудени платно и акрилни бои за сликање кон ко...
4
Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и јаболко
Здрава и вкусна кашичка, одлична за бебиња постари од осум месеци
4
Природата лекува сe - Невен
Дали знаете како правилно да ја користите моќта на природата? Невенот е скапоцена билка со голем број лековити својства
4
Нежно лекување и хигиена на носот
Благодарение на солите кои се содржат во Нисита, во носот се создава и одржува влажна средина што доведува до брза реген...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?