Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Невенот е едногодишна медитеранска билка која достигнува висина до 50цм. Нејзиното стебло е многу разгрането во горниот дел. Лисјата може да имаат овална или издолжена форма и се малку назабени. Гранчињата на стеблото завршуваат со голема цветна глава која има жолто-портокалова боја. Целата билка е влакнеста.
Оваа билка цвета во април или мај. Цветовите имаат специфичен мирис, а вкусот им е горки. Невенот расте по дворовите, ливадите и на диви места. Расцветаните цветови од невенот се берат кога е сончево, а истите се сушат на топло место но под сенка со што би се зачувала природната боја на цветовите. Сушењето мора да е брзо, на температура до 35 степени. Од сувите цветови се делат ливчињата и се оставаат да се досушат. Од свежите цветови може да се направи тинктура и маст.
Лековит состав на невенот
Содржи календулин, каротиноиди, албумин, ликопен, флавоноиди, од органските киселини има јаболкова, салицилна, палмитинска, волоксантин, цитроксантин, рубиксантин, етерични масла, смола, жолто мастило, шеќер, белковини, ензими, гума, фитостерол, калциум, сулфур, витамин А – каротеноид.
Контраиндицирано е да го користат луѓе кои се алергични на амброзија.
Лековито дејство на невенот
За невенот со право може да се каже дека е билка за кожата бидејќи нема кожна болест во која невенот не помага, без разлика за надворешна или внатрешна примена и тоа во лекување на акните, брадавици, цисти, улкуси, егземи, хемороиди, херпес зостер, фистули, импетиго, воспаленија на кожата, кај масна кожа на лицето, за чистење на кожата на лицето, кај лишаи, крварења, маститис, изгореници, псоријаза, проширени вени, себореја, смрзнатини, убоди од инсекти, гнојни рани на кожата, разни рани и повреди на кожата бидејќи невенот го помага зараснувањето на раните и го спречува настанувањето на воспалителен процес на кожата. Помага и при заболувања на лимфните садови како што се отечени лимфни јазли.
Невенот помага така што
Маслото од невен е природен козметички препарат кој ја штити и ја негува како младата така и старата кожа. Невенот може да се меша со останатите лековити билки при што се добиваат препарати кои помагаат во успешно лекување на многу болести.
д-р Кристина И. Стојаноска-Алоска
доктор по стоматологија
4
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...