Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
За прв пат иновативната технологија овозможи изведување на трансплантации на ткива, без употреба на лекови против отфрлање на истите.
Г-ѓа Claudia Castillo е мајка на две деца и денес е совршено здрава, известува "The Lancet". Таа имаше потреба од трансплантат, за да го сочува белодробното крило по прележана туберкулоза. Болеста и ги имаше уништено дишните патишта. Научници од Бристол помогнаа во одгледувањето на клетки за трансплантантот и европскиот тим верува дека ваквите вештачки направени органи би можеле да станат нормална процедура.
Со употреба на сопствените клетки на г-ѓа Castillo, лекарите успеале да го измамат нејзиното тело да мисли дека донираната трахеа е дел од него и со тоа да спречат нејзино отфрлање. Операцијата претставуваше голем успех и само четири дена по трансплантацијата, новатата трахеа речиси не можеше да се разликува од нормалните околни дишни патишта. Кога и по четири месеци немало знаци на отфрлање , професор Macchiarin изјави дека шансите за тоа да се случи во иднина се речиси еднакви на нула. ²Ние сме многу возбудени од овие резултати. Таа сега има нормален живот што за нас клиничарите претставува најголем подарок²- изјави тој.
Денес г-ѓа Castillo води нормален живот и може повторно да се грижи за своите деца Johan, 15 и Isabella, 4. Може да искачува и по две скалила без да се задиши.
Martin Birchall, професор по хирургија на Универзитетот во Бристол, кој учествуваше во одгледувањето на клетките за трансплантатот рече: „Ова претставува голем чекор за хирургијата. Хирурзите сега може да почнат да го осознаваат и разбираат потенцијалот на возрасните матични клетки и ткивен инженеринг за радикално подобрување на нивната способност за третирање на пациенти со сериозни заболувања. ”
Од Michelle Roberts
Репортер за здравство, BBC News
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
забава Бремените
Автор: bobik
Кога секојдневието мириса на љубов
Денес ќе зборуваме за едно чувство што сите го разбираме, но тешко го ...
Породувањето е веќе минато и време е да се прилагодите на новиот живот...
Со говорот детето развива интелектуални вештини односно кога нешто ќе ...
Малите клетки со огромна моќ за живот
Во светот на медицината, постои нешто што звучи речиси магично, а сепа...
Дилеми на вработените трудници
Бременоста е еден од најубавите, но и најпредизвикувачки периоди во жи...