|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Ништо друго не можеше да го спаси ова бебе, освен

Непознат автор, 23.5.2014
Како секоја добра мајка, кога Карен дозна дека е бремена, направи се за да го подготви својот 3-годишен син Мајкл, за доаѓањето на бебето. Тие дознаа дека е девојче и ден по ден, ноќ по ноќ, Мајкл и пееше на својата сестра во стомакот на мама
Клучни зборови:

image
/11


 

Тој градеше врска полна со љубов со својата неродена сестра, пред да ја сретне. Бременоста напредуваше нормално за Карен.

Со тек на време, дојдоа и породилните болки. Се зачестија на 5 минути, па на 3 минути, па на секоја минута. Но за време на породувањето се појавија сериозни компликации. Беше потребен и царски рез. Конечно, по долга битка се роди сестрата на Мајкл, во сериозна состојба.

Сирената засвири во текот на ноќта и амбулантната кола го однесе бебето во неонаталната интензивна нега во St. Mary's Hospital, Knoxville, Tennessee. Деновите поминуваа, а состојбата на девојчето се влошуваше. Специјалистот неонатолог им објасни на родителите дека постојат многу мали шанси за спас на бебето. “Бидете подготвени на најлошото”, им  соопшти.

Наместо да ја донесат ќерката во убаво уредената, засебна соба во куќата, тие мораа да ги контактираат локалните гробишта.

Братчето Мајкл ги молеше своите родители да ја види сестрата: “Сакам да и пеам”, молеше Мајкл. По две недели во интензивна нега, се чинеше дека за девојчето нема спас. Мајкл продолжи да ја моли мајка си да го однесат кај сестрата за да и пее, но децата не смееја да влегуваат во одделението за интензивна нега. Мајката Карен размисли: Ќе го однесе Мајкл, независно дали тоа ќе им се допаѓа на сестрите или не. Ако не ја видеше сестрата тогаш, можеби никогаш немаше да ја види жива.

Таа го облече Мајкл во преголем костим кој го ставаат надворешните лица кои влегуваат во интензивна нега.  “На децата не им е дозволено да влегуваат тука! Извадете го детето надвор веднаш!”, извика една сестра. Тогаш Карен остро ја погледна сестрата и гласно рече: “Тој нема да си оди додека не и запее на сестра си!”

Карен се избори со упорната медицинска сестра и го донесе Мајкл до креветот на  сестра си. Таа гледаше во малото дете кое полека ја губеше битката со животот. Мајкл веднаш почна да пее: “You are my sunshine, my only sunshine, you make me happy when skies are gray.” Бебето за кратко почна да реагира на песната на братчето со малку порамномерно дишење. Нејзиниот пулс почна да се смирува и стабилизира. “Продолжи да пееш Мајкл”, го охрабри мајката својот син, со солзи во очите. "You'll never know, dear, how much I love you. Please don't take my sunshine away."

Како Мајкл продолжуваше со својата песна, така дишењето на бебето стануваше нормално. “Пеј душичке моја”, низ солзи изговараше мајката. "The other night, dear, as I lay sleeping, I dreamed I held you in my hands...”, пееше Мајкл.

 

1

 

Неговата сестра се смири заспа. Некој исцелителен мир се појави на нејзиното лице. Солзите капеа и по лицето на медицинската сестра. Карен почна да му пее на Мајкл : "You are my sunshine, my only sunshine. Please don't take my sunshine away...". Ден по ден, малото бебе беше подготвено да си оди дома.

 

Има нешто толку посебно во љубовта на семејството. А љубовта е моќна алатка која може да направи чуда. Никогаш не се откажувајте од тие што ги сакате – и чудата ќе се случуваат.

 

Оваа приказна е раскажана и прераскажана на 1500 сајтови на интернет. Но дали е вистинита? Дали може смртно болно дете  толку брзо да се опорави од љубов?

 

Karin Simmons Knapp, баба на Мајкл и Марли, за TruthOrFiction.com изјави дека случката е вистинита.

 

И ако е приказна, тоа е прекрасна приказна за љубовта.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да го намалите повраќањето кај вашето...
Повраќањето или враќањето на млекото кај бебињата е чест појава, особено во првите месеци. Иако најчесто е сосема нормал...
6
Како да се грижите за папочето на бебето?
Папочната врвца треба да падне во одреден временски период и важно е добро да се грижите за него. Погледнете како.
6
Фенилкетонурија (PKU) кај новороденчиња
Фенилкетонурија (PKU) е ретко, но сериозно генетско метаболно нарушување што се појавува уште при раѓање. Иако звучи зас...
6
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?