namesp во 10:12
Никој не може да не избрука повеќе од нашите деца!
Редакција Рингераја, 11.11.2016
Внимавајте што зборувате пред децата, бидејќи се ќе повторат јасно и тоа во најлошата можна ситуација. Сите пријатели кои имаат деца го тврдат истото: ретко така некој јако да ги посрамотил во јавност како нивните деца. Така тоа оди, децата се закон!
Ги собрав сите свои и бруките на моите пријатели. Врзете се, полетуваме:
Син ми и јас влегуваме во ДМ, а внатре пазарат две чесни сестри. Малиот ги забележува па воодушевен урла: “Гледај мамо, пингвини од Мадагаскар! “
Тие се смеат, јас умирам од срам.
Мојата ќерка еднаш пред гости: “Мамо, добро е што те имаме, бидејќи вампирите бегаат од лук”.
“Еднаш ја испратив ќерка ми со баба и во трамвај. И ја дадов својата пропусница, за да не плаќаат карта. Трамвајот полн како брод, а ќерка ми на цел глас ја прашала баба и: Бабо уште колку морам да глумам дека си ми мајка?”
На пријателка ми и беше роденден, па отидовме во маркет да купиме поклон. Го носевме и четиригодишниот син. Купивме големо чоколадо Милка. Доаѓаме на забавата и го предаваме подарокот, а малиот и вели: Ти се допаѓа Милката? јас сакав да ти купиме друга, но единствено оваа беше на акција, па мама рече дека мораме неа да ја купиме. Зини земјо голтни ме!
“Влегуваме јас и син ми во лифт, а внатре соседот од нашиот кат и некој млад пар. Тишина. Син ми од добро стоење: Тато, ти си папучар. Повторно тишина. Најдолгото возење во лифт некогаш.”
“Излеговме за викенд со пријателите, кои исто така имаат мали деца, на кафе. Пријателите почнаа да му се восхитуваат на нашиот син колку пораснал. Тој плаче и вели: Не сакам да пораснам, ќе морам да ги бричам нозете како мама.”
“На еден детски роденден, каде се мајките и децата заедно. Доаѓа едно мало дете и на славеникот му дава подарок: Еве ти. Јас го добив за роденден, но не ми се допаѓа па мама рече дека ќе го дадеме на некого. Ако и тебе не ти се допаѓа, дај му го на некој друг. Морам ли да објаснувам колку се црвенееше мајка му?”
“Стоиме во банка јас и син ми. Луѓето молчат и ја гледаат својата работа. Син ми се фаќа за панталоните и силно вика: Мамо не ми го избриша убаво газето и сега ме чеша.”
“Еве ме во Градскиот трговски центар, купувам некои работи за оние денови во месецот. Син ми зема нешто од полица, трча по мене и урла: Мамо, мамо, еве ти влошки. Мораш да ги земеш. Имаат крилца.” Се направив дека не е мој.
“Ни дојде еден пријател на вечера, малку е покрупен. Си ставаме така сите храна во чиниите, а пријателот си става малку повеќе од другите. Ќерка ми во паника вика: Нееее, се ќе ни изедеш! И сега јас барам глупави изговори, но што да се прави, таа си го кажа своето.”
Блог: Kronike sludjenog oca
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Книгата му дава на детето моменти на забава, но и нови сознанија. Еден дел од слободното време на детето треба да се исп...

Првите трајни заби никнуваат околу 6-тата година од животот и затоа се нарекуваат шестогодишни катници.

Половина деца, помали од 12 години изјавуваат дека би биле тажни кога би немале интернет, а секое петто дете кажува дека...

Се прашувате дали Вашето дете е доволно зрело за да може понекогаш да остане само дома? Ќе Ви помогнеме да добиете одгов...
