vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Загревање на возилото
Прозорците на автомобилот ја пропуштаат сончевата радијација, односно загревање на предметите од сончевите зраци. Предната маска на автомобилот, воланот или седиштата можат да достигнат загреаност од 82 – 93 степени Целзиусови и да направат опекотини на кожата од детето.
Температурата на воздухот во автомобилот во само 60 минути ќе порасне за 10 степени повеќе од надворешната, па ако надвор 35 степени, во автомобилот ќе биде 45.
Хипертермиjа на детскиот организам
Топлотниот удар е прва физичка реакција на детето (и возрасните) кога загреаноста на телото ќе премине 40 степени Целзиусови и телото не може да ја регулира топлината по природен пат. Симптоми на топлотен удар се: вртоглавица, дезориентација, збунетост, вознемиреност, сува кожа, несвестица, забрзано чукање на срцето и халуцинации.
Високата температура на телото предизвикува уништување на клетките во организмот, па може да дојде до престанок на работата на виталните органи.
Терморегулаторниот состав во детскиот организам на малку поинаков начин ја регулира температурата на телото отколку кај возрасните, па детскиот организам се загрева за 3-5 пати побрзо.
Сигурносни мерки
Никогаш не го оставајте детето заклучено во врел автомобил! Дури ни на една минута!
Заклучувајте го автомобилот дури и ако Ви е паркиран пред нос во дворот. Сокријте ги клучевите од автомобилот и научете ги децата да не си играат во или околу автомобилот!
Статистика
Во САД секоја година умираат дури 40 деца оставени во автомобил, кој за неколку минути се претвора во фурна.
Дехидрација на организмот, кај малите деца оставени во автомобил, настапува по 10-15 минути на температура повисока од 35 степени Целзиусови зависно од претходната состојба на детето и од тоа колку течности добивало и во други ситуации кога било изложено на висока температура.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...
Смири го умот, поврзи се со бебето
Бременоста е период исполнет со убави очекувања, но и со многу прашања...
Знаци и симптоми на спонтан абортус
Спонтаниот абортус е губење на бременоста пред фетусот да може да преж...