namesp во 10:12
Наместо совет на мајките дајте им рака!
Редакција Рингераја, 14.3.2014
Уживај во секој момент
Од овој совет ми се наежува кожата. Зошто никој не ми го велеше тоа кога излегував навечер или одев на полноќни забави? Сега имам засушено мајчино млеко на облеката и темни кругови под очите со месеци. Одеднаш ја работам најтешката работа воопшто и би требало да уживам во тоа? Како и секоја ненаспана мајка? Ако ја сакате вистината, не уживам во секој момент откако новородениот врескач над врескачите пристигна. Секако дека бев со главата во облаци од љубов и опседната со моето бебе. Но бев преморена за дружење и нови искуства. Градите ме болеа. Грбот ме болеше. Бев сама по цел ден, а моето бебе болно плачеше постојано додека сопругот беше на работа. Мислев дека спиењето и туширањето отидоа во историјата. Кога луѓето ми кажуваа да уживам во секој момент правеа да се чувствувам лошо и како да правам нешто ужасно лошо. Многу подоцна сфатив дека причината заради која што ми велат така, е бидејќи и тие заборавиле целосно да уживаат во секој момент и не сакаат и ние да ја направиме истата грешка.
Најди време за себе
Луѓето постојано ми го кажуваат ова откако станав мајка и постојано се прашувам WTF?Нешто мора да правам погрешно штом не можам да го најдам ова мистериозно време. Кога сте врзани со мало битие 24/7, можете едвај да се сетите дека имавте време да си направите еден сендвич, но немавте време да го изедете цел. Овој совет може да се обистини ако лицето кое ви го дава е на пат кон вашата куќа и има во план да ви го причува бебето.
Не чувствувај вина
Факт е дека чувството на вина ја следи секоја нова мајка како сенка. Подобар совет ќе биде “во ред е да се борите со рамотежата”. Би сакала тоа да ми го каже и мене некој. Да чувствувате родителска вина е нормално. Започнува со сечењето на папочната врвца.
Спиј додека бебето спие
Хелоу, ова е еден од најлажните совети некогаш. Новороденчињата спијат приближно дванаесет минути едновремено, осумнаесет минути ако се спанковци. Плус вие ги заспивате. Освен, ако немате нарколепсија па да заспиете во втората секунда кога бебето ќе заспие. Додека се разбуди бебето можете да изедете само половина сендвич за да не умрете од глад.
Ако вие сте смирени и вашето бебе ќе биде смирено
Да, бебињата се прилично добри во будење на негативната енергија и полудување. И да сте смирени тоа не гарантира дека ќе имате смирено бебе. Не постои начин. Ако тоа беше вистина јас немаше да бидам гаѓана со парчиња чоколадо и на мене да биде истурена штотуку подготвената кашичка.
Слушајте ги вашите инстикти
Во ред, тоа понекогаш е точно. Но толку често се потпираме на оваа идеја што мислиме дека ќе ги имаме сите одговори кои магично ќе пристигнат заедно со бебето. Треба да знаеме како да го пресоблечеме, нахраниме, да го извадиме секретот од нивниот нос, итн, итн и кога нема да успееме ќе се чувствуваме како неуспешна мајка. Советот би можел да гласи: “Сум го поминала тој пат и знам дека делува застрашувачки. Тука сум ако имаш прашања. ”
За доброто на сите мајки насекаде низ светот, може да се согласиме дека е време да се престане со давањето “бисери на мудроста”. Ајде да им го дадеме она што навистина им треба: РАКА!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Блогерката Unmumsy Mum го напиша овој прекрасен пост за да им докаже на другите родители дека не ги осудува заради лошот...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...

Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.

Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
