namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Брачниот пар Душица и Мартин Панајотовиќ се молекуларни биолози, чија работа во лабораторија периодов е исполнета со актуелните ковид тестирања.
На наше големо задоволство, издвоија време да ни одговорат на неколку прашања
Рингераја: Што претставува молекуларна биологија?
Душица и Мартин: Молекуларната биологија е структурна гранка на биологијата која ја проучува композицијата, структурата и интеракцијата на нуклеинските киселини ( ДНК/РНК) и протеините. Молекуларната биологија е релативно млада гранка , која во текот на оваа ковид пандемија изби на површина и најде примена во мол биологија, иако претходно беше табу тема, како во Македонија така и во регионот.
Рингераја: Како ја избравте оваа професија?
Душица и Мартин: Оваа професија ја избравме сосема случајно, будејќи кога започнавме со студии оваа гранка беше прилично нова. Љубовта кон биологијата не натера да истражиме малку повеќе и кога ја откривме ова гранка без двоумење се запишавме на истата.
Јас студирав во соседна Бугарија, на Универзитетот Св. Климент Охридски, каде и ги продолжив и завршив мастер студии отсек клеточна биологија и патологија. Мојот сопруг заврши во Скопје на Природно математички факултет Универзитет Св. Кирил и Методи -молекуларна биологија.
Патиштата ни се сретнаа веднаш по студиите, кога и почнавме да работиме во приватни молекуларни лаборатории во Скопје.
Рингераја: Кој аспект од молекулата биологија најмногу ви се допаѓа? Што опфаќа вашата работа?
Душица и Мартин: Како молекуларни биолози можеме слободно да кажеме дека секој ден е различен , исполнет со многу предизвици и голема љубов кон истите. Секој дел ни е подеднакво интересен , а и оваа наука опфаќа многу последователни чекори до посакуваниот резултат, конкретно за ковид дијагностика преку PCR тестирање потребно е правило колектирање на примарните примероци, екстракција на нуклеински киселини, во овој случај тоа е екстракција на РНК, бидејќи станува збор на вирусен патоген (Sars Cov 2), подготовка за аплификација и пуштање на PCR реакцијата.
Рингераја: Со кои предизвици се соочувате во истата? Кој дел од работата ви е омилен а кој најтежок?
Душица и Мартин: Секој дел од молекуларната дијагностика има своја тежина и сноси свои одговорности а токму тоа на нас ни е предизвик.
Нашата цел е анализите кој што се работат во овој домен да бидат изработени на професионално ниво од наша страна, како молекуларни биолози
Рингераја: Дали има некој напредок во технологијата или знаењето од почетокот на вашето работење во лабораторија до денес?
Душица и Мартин: Да, има многу голем напредок, како во нашето знаење и искуство така и во делот од технологијата.
Фирмите во кој работиме го следат светскиот тренд а со тоа и континуирано инвестираат во нова технологија и едукација на персоналот.
Рингераја: Веќе две години се соочуваме со пандемија, а вашата работа ги вклучува PCR тестовите. Какви Covid-19 тестови постојат? Кога треба да се направи тест? Кој тест е точен и релевантен?
Душица и Мартин: Да, секојдневно изработуваме голем број на примероци за PCR ковид тестирање. Од почетокот на пандемијата па се до денес, бројот на тестирања е значително зголемен и слободно можеме да кажеме дека PCR дијагностиката претставува најрелевантна метода, која што опфаќа детекција на мали концентрации на вирусот уште од самиот старт на инфекцијата пред појава на било каква клиничка слика.
На пазарот постојат три видови на тестови за детекција на Sars Cov 2 , и тоа се PCR детекција за која што веќе споменавме, брзи антигенски тестови, и имунолошки тестови за одредување на бројот на антитела( IgM- моментална инфекција со причинител; IgG- одмината ифекција со причинител)
Тест за детекција на ковид 19 преку PCR дијагностика може се направи истиот ден од појава на симтоми , или 3-5 дена после контакт со докажано позитивно лице на ковид 19.
Додека за имунолошките тестови, односно одредување на антитела потребно е подолг временски период.
Им благодариме на Душица и Мартин за издвоеното време.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...