|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Марина Кљајиќ: Моето породување со царски рез

Марина Кљајиќ Петковски, 12.4.2021
Кога некој ќе ме погледне во бикини на плажа, неизбежно погледнува во 20 см долгата вертикална лузна која се протега до папокот. Таа една лузна, во себе носи длабочина на четири засеци -три за трите породувања со царски рез и еден од зафатот за илеус

image
/11


 

Родив со царски рез, три пати. Пред да помислите и Вие - " го избра полесниот пат", што многу пати ми го упатиле, прочитајте ја мојата приказна, па пресудете тогаш.

Од денот кога ги видов двете розеви цртки, до денот кога ми отпадна мукозниот чеп, живеев 9 месеци во страв, во паника, во грижа. Оваа бременост беше втора по ред, многу посакувана бременост која се случи две години по спонтан абортус, по многу хормонски терапии, бременост проследена со крварење, лежење во болница, со еден збор - неизвесна до самиот крај. 
Но сама не знам колку статии за породување  прочитав и колку документарци изгледав. Посетував вежби за трудници, кои додатно ме подготвија за породување. Природни породување - епидурална анестезија или царски рез, воопшто не беа опција. Мојот план на породување течеше одлично.Бебето беше одлично поставено. Утрото матичниот гинеколог ми потврди дека отпаднал мукозниот чеп, дека започнал процесот, отворена 2 см ме испрати дома да ги очекувам болките ноќта или наредниот ден и да се упатам на болница. 
Во текот на ноќта, болките се појачаа, па тргнавме на болница. Како прворотка знаев дека ме очекуваат долги и исцрпни часови во родилна сала, па по пат застанав да купам неколку чоколатца и сокови кои замислував дека меѓу контракциите ќе ми ја враќаат енергијата и ќе ме освежуваат. 
Колку само сум се лажела.

Во родилното одделение ме примија во 02 часот после полноќ. Ме сместија во соба, која беше веднаш до родилната сала. Ме приклучија на инфузија т.н.провокација, чија задача беше да го забрза процесот. Беше тоа долга ноќ. И болна. Болките се појачуваа секој момент се повеќе. Но процесот на отварање одеше бавно. Ми го пробушија и водењакот. Ми приклучија нова доза провокации. Осамна ново утро,болките беа многу јаки и на една минута, а сантиметрите недоволни за да ме однесат на бокс. Докторката која ме следеше цела ноќ ја замени докторка од новата смена. Бев исцрпена, преморена, во агонија од болки. За кратко, докторите од новата смена се собраа околу мене, ме однесоа во собата со ехо и гледајќи во мониторот  констатираа нешто. Побараа да дојде мојот сопруг, ми донесоа документи кои побараа да ги потпишам и ме известија дека мора да ми направат царски рез веднаш. Сопругот го упатија да донесе крв од друга болница. Колку што сакав агонијата да заврши, толку бев загрижена за моето бебе, преплашена од ситуацијата, од фактот што ќе бидам под целосна анестезија... 
Солзи, прегратки во болничкиот ходник, нови игли во дланката, маска на устата и носот, светла над мене кои згаснуваат... тие се моите блиц сеќавања... Наредниот пат кога ги отворив очите, светлата беа појаки, гласовите стануваа почисти, лицата над мене појасни... " Честитки, имаш ќерка" се зборовите што први ги слушнав кофа за прв пат станав мајка. 
Беше тоа прекрасно чувство. И сосема ново. И дефинитивно неочекувано. Не бев подготвена на болките кои следеа, веднаш по престанувањето на дејството на анестезијата. Не бев подготвена на катетерот кој уште 4 дена го носев. 4 дена во кои само лежев. 4 дена во кои постојано имав инфузија на раката. 4 дена во кои едвај можев да се освестам, а во кои ги имав и првите моменти со моето новороденче, првото искуство со доење. И не, дефинитивно не е ова полесниот пат. Боли. Раната боли, многу. Болни се инекциите кои ги даваат за да се собере матката. Боли секое поместување. Првото станување беше страшно. Ограничена бев и немоќна да се грижам за своето новороденче. Царскиот рез е операција. Операција во која што мајката е пациент на кој му е неопходна нега и одмор, но истовремено и мајка која истото не може да си го дозволи. 
Но, да не беше царскиот рез кој ми го извршија, можеби немаше да бидам денес овде да ви го раскажам ова. Или мојата ќерка. Или можеби двете. И пред да осудите некоја мајка која се, породила со царски рез, размислете уште еднаш!! 

Иако после ова искуство, реков дека нема шанси да минувам низ истото пак, бев бремена уште два пати родив уште две деца,и двата пати со царски рез. Практиката, барем кај нас, е - еднаш царски, секој нареден царски.
И покрај советите дека после царски, за наредна бременост се чека минимум три години, јас се породив по две и пол години по втор пат, па по две и пол години по трет пат.
Вториот пат со целосна а третиот со спинална анестезија. 
Неполни две години по третото породување, имав операција поради илеус, т.н. преплет на црева, нус појава на породувањата, каде што заздравување на раната, дошло до атхезија со дебелото црево.
Сите четири зафати ми се извршени на истиот рез. 
Секој зафат си остави свои последици на моето тело, на моето здравје, на мојата снага, но и кога би можела да бирам, повторно би минала низ истото. И покрај се, денес сум пресреќна мама на три, мама со една лузна која во себе носи четири сведоштва од операциона сала. 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Излезе од печат Дневник на трудници
Неодамна на нашиот пазар излезе првиот "Дневник за трудници", нешто што секоја трудница задолжително мора да го има, б...
4
Видео: Што е огнен прстен при вагинално по...
За време на вагиналното породување, некои жени доживуваат горење или пецкање во перинеумот, областа во форма на дијамант...
4
Бидете активни и позитивни
Активната бременост, во која трудницата доволно се движи и здраво се храни, е вaжна не само за нејзиното тело, туку и за...
3
Хемотерапијата за време на бременоста
Студијата објавена во научното списание „The Lancet Oncology“ покажала дека децата на жените со рак кои примале хемотера...
3




Анкета

/
Jana9

Dali blagoto im gi rasipuva zabite na malite decinja?

Da (50%)

Ne (0%)

Mozebi (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!