|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

MamaMegi: Денешните деца ги испуштивме од раце!

Маргарита Каранфилов, 13.4.2022
Не секогаш имам желба да пишувам долги текстови на некоја тема ама случувањата во државава ме натераа да седнам и да пишувам. Не знам колку ќе му значи на некој текстов и дали нешто кај некој ќе промени, ама ете да си се искажам тука

image
/11


Не знам од кај да почнам ама еве ќе почнам од нашето време. Јас сум од 94-та генерација и да ви кажам генерациите од 95-та па назад ќе ги бараме.
Колку и да е клише ние пораснавме во време без телефони, компјутери, таблети, ние имавме детство, надвор на улица. Игравме ластик, ќерне, народна, гумена итн. Точак ми ветуваше тато од 5-то до 8-мо одделение, ако поминам со 5, и секогаш бев одлична а точак пак не добив.Толку имаа моите, не им се лутев, некако имав разбирање. Првиот телефон го добив некаде шесто, седмо одделение, без интернет, со 500 бесплатни пораки, и така комунициравме како да се најдеме, а тоа што имавме да си кажеме си го кажувавме надвор на улица или кај другарка. Немавме модерни телефони уште од прво одделение, немавме месенџер, фејсбук, инстаграм, снап итн. 
На училиште се знаеше како се оди, фармерчиња, панталончиња, тренерчиња, дуксер, блуза и маичка. Еден ранец ќе го носиш најмалку две години. Фармерки целосни, не искинати! Блуза како што личи, НЕ со гол стомак. Немавме по четири обетки на уво, на нос, циркони по заби. Ако си залепев лажна тетоважа некаде, можеше и шамар да добијам.
Излегување во кафич дури во прва година средно, со 100-200 денари. Ќе лижиш една пијачка цела вечер. Алкохол можеше само една пијачка, мартини, водка боровница најчесто и тоа кришум да не те види некој поголем роднина па да те клевети дома. Немавме поим од разни врсти на бели вина, моети, текили со сол и лимон, разни коктели итн. Бевме пуштени до 11 најкасно 12 часот, а НЕ до 4-5 сабајле.
Растевме со песните од Каролина, Ноне, Елвир Мекиќ, Дуле и Коки. Немаше тоа време песни со секој втор збор к..ва; п..ка; бело, марихуана.
 

Е драги луѓенца, денешните деца ги испуштивме од раце и тоа уште од мали. Си дозволуваме да не контролира дете од 3 години, кое ако не ја добие играчката ќе се траќа пола саат во продавница и на крај ќе ти падне жал и ќе ја купиш, а може ја има веќе дома или последните пари ќе ги дадеш.
За јадење, се знаеше денес е компир манџа и сите мораме да јадеме тоа. Нема приготвување 4 врсти на јадење, бидејќи сите не го јаделе тоа.

 
Ако може да не контролираат и да не можеме ние да контролираме дете од 5 години, на 15, 20 ич да не зборуваме! Дете кое нема основна култура да поздрави постар човек на улица нема ни да ги има другите морални и културни вредности.
Дете, човек кој сам себе не се вреднува како личност, нема да ги вреднува ни другите.
Ги испуштивме децата од раце со секое давање голем џепарлак; секој даден клуч од автомобил на 18 години; секое купено парче брендирана облека; ги испуштивме со секој надминат лимит од кажаното "не може"и "немам"; со секое фаќање врски за да има добра оценка на училиште; со секое фалење пред другите "моето дете е златно дете". Од сето ова драги луѓенца произлегуваат сообраќајки со трагичен крај, убиства, силувања, предозирања.


Со свој камен по своја глава.
Колку што се криви денешните деца толку повеќе сме криви и родителите.
И да, свесна сум дека сме 21-ви век, ама тој 21-ви век ни удри од глава се што не сакавме да видиме и да бидеме!


И да,свесна сум дека така е веќе насекаде по другите држави, модерно време, модерна технологија, ама тоа модерно време и технологии ни удрија по глава се што не сакавме да видиме и да бидеме!


Модерно време на јаки автомобили, телефони, мотори, дроги, брзи кредити, казина и сите други можни пороци по ред.


Да ви се плукнам во модерното време!

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
6
Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
5
Вежби за правилен изговор на гласовите
Малите деца понекогаш говорат неразбирливо. Колку и да ни е тоа симпатично, доколку не се надминува, треба да посетиме л...
3
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3