|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Приказната на Виктор и Гоце

Редакција Рингераја, 22.6.2016
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: МаjaKojc

Датум на породување: 

Виктор: 26.12.2013

Гоце: 13.08.2015

Тип на породување: Царски рез

Болница: ГАК

 

Беше 26 декември 2013 год. Јас бев влезена во деветти месец, но се чувствував добро и сè уште одев на работа.  Со мене сè беше во ред, иако бебето беше помало од очекуваното во гестациската недела во која беше (37 г.н.).

Беше околу 18 часот кога си тргнав од работа и решив да свратам до блиската продавничка, а токму тогаш ми се јави и Тања (мојата најдобра другарка) и рече ќе сврати за да се договориме за дочекот на Новата година. ? реков -Супер, те чекам! -  и отидов дома да раскренам. Го кренав креветот, расчистував, дојде и таа, пиевме кафе. Потоа ги разгледуваше работите што ги купив за бебето. Сопругот беше на колегијална предновогодишна прослава. И додека седевме мене почна да ме боли стомакот, не беа тоа некој страшни болки, но сепак... Во меѓувреме се врати и сопругот (за среќа). Ми беше нешто сомнително и отидов во купатилото. Видов крв на мојот веш и се исплашив. Првпат ми се случи тоа во текот на бременоста. Веднаш се јавив кај мојот гинеколог. Беше околу 20 часот. Ми рече да отидеме на преглед во ГАК за секој случај. Целата во паника некако се спремив и повикав такси. Сопругот и Тања мислеа дека не се работи за нешто опасно, но јас знаев дека секундите минат... Пред да заминеме Тања, за да ме утеши, ми рече – Не се плаши, нема да се породиш сега...Но...

Се качивме во таксито и стигнавме во болницата. Тогаш нешто протече од мене. Си реков – Сигурно е водењакот. Ја  ставив раката за да проверам и што да видам - локва крв. Им реков на дежурните доктори дека сум во 37 недела и дека обилно крвавам. Не ни почекавме, веднаш ми дадоа ношница и ме ставија на бокс. Ми поставува прашања во врска со бременоста, ги одговарав, проверуваа колку сум отворена и ме ставија на ЦТГ...Срцето на бебето слабо се слушаше.  Беше јасно дека има некој голем проблем, дека сиуацијата е ептен ризична. Бев ни на небо ни на земја. Сопругот замина со крвавите алишта. Го испратија да купи влошки, зашто не носевме ништо со нас. Мене итно ме однесоа во операциона сала. Ме спремија и ме успаа...10, 9, 8,7,6.... Маја, разбуди се, разбуди се! – слушнав гласови...Биди будна до 12... Се освестив со кобната мисла – Бебето...Што се случи со бебето? Почнав да викам – Бебето живо ли е, моето бебе?  Ги прашував сите сестри во шок соба по ред, но не ми одговаа... Посакував да не се разбудев. Бев приклучена на апарати, притисокот ми беше енормно висок. Поради губиотокот на крв, ми ставија крв и крвна плазма...А мене во главата ми беше само една мисла...Што е со моето бебе??! Само ги гледав апаратите и притисокот кој беше 200...Подоцна се утврди дека предвременото породување го предизвикало одлепувањето на плацентата поради стерес или дигање на нешто тешко. Најверојатно дигањето на креветот ме чинеше многу. По неколку часа во собата влезе сестра ми. Ја пуштиле зашто и неа сомакот ? беше до заби...? се ближеше терминот, пред мојот...Тогаш ми ја кажа најрадосната вест – бебето беше живо и е ставено само под кислород. Тогаш ја забележав и белегзијата на раката. На неа пишуваше живо машко. Ми олесни..Почнав да се стабилизирам...Вториот ден ме симнаа на одделение, но бебето не ми го донесоа. Почнав да се прашувам дали е сè во ред со него. Третиот ден го донесе сестрата..Ме облеа блажина,  милина, среќа, божествено чувство...Го земав во рацете и сèшто беше лошо заборавив. Го сликав...Беше тоа најслаткото мало човече, иако борбата за живот врз него имаше оставено траги. Беше измачено и избоцкано поради тешкото породување и инфекцијата. Но мене сонце ме грееше и ме грее, топло ми е околу душава, иако морници ми минуваат и сега кога ја пишувам приказната. Поминавме 8 долги денови во болницата на опоравување... Малиот херој беше само два дена под кислород и веднаш почна да цица. Ми го носеа и доцна во ноќта за да го дојам зашто вештачкото млеко почнал да го плука. Знае тој – најубаво е млекцето на мамичка. Ја дочекавме Новата година во болницата, прегрнати и среќни. Можам и роман да напишам за 8-те дена поминати таму. За бебето се грижеше д-р Пехчевска, која му поставиправилна терапија, благодарение на која брзо се залечи инфекцијата, а за мене се грижеше д-р Кочоски кој во секундите кои брзо одминуваа и во кои животот ни висеше на конец, брзо и професионално постапи и нè спаси. Неизмерно сум му благодарна. Тој е нашиот спасител, во буквална смисла на зборот. Раната од царскиот рез брзо зарасна, дренот ми го извадија и беше време да си одиме. Бебето кое беше планирано да се вика Гоце го крстивме Виктор.

По 1 година и 8 месеци се роди и нашиот Гоце. Иако предвремено и тој во 36 г.н. поради проблемите со високиот притисок, наследени од првото породување, сè помина во најдобар ред. Ме породи повторно д-д Кочоски, кој по игра на судбината повторно се појави, за повторно сèдобро да заврши.  Од рутинска контрола кај друг лекар излезе породување, кое д-р Кочоски доброволно и вон работното време, кое му истекуваше, го направи. Пред да се успијам од анестезијата со поглед полн со страв и молба го погледнав, а тој само ми намигна во знак дека и овој пат сè ќе биде во ред.

Првото мое детенце беше тешко само 1950 гр. кога се роди, а второто 2870 гр. Добро напредуваат. Виктор сега има 2 ипол години, а Гоце 10 месеци. Виктор оди во градинка, пее, си игра, зборува...Многу сака да игра фудбал, а и Гоце е пред проодување. Имаме мали проблеми со воспоставувањето на силен имунитет, ама сè е минливо.

Тоа е нашата приказна, тажна, а среќна.

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Антидепресиви во бременоста - ДА или НЕ?
Страдате од депресија и земате антидепресиви, еве што треба да направите доколку дознаете дека сте бремени
4
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
3
Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?