namesp во 10:12
Казни за родителите кои одбиваат вакцина!
Редакција Рингераја, 22.4.2013
Целта на настанот „Спречи, заштити, вакцинирај! Заштити го светот, вакцинирај се!“, според раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита Јованка Костовска, е да се подигне свеста кај населението за бенефитите од вакцинирањето. Потребата да се вакцинираат децата, како што нагласи, не само што е законска обврска, туку е и право на секое дете да биде заштитено од тешки заразни заболувања.
„Уште еднаш ги повикуваме и охрабруваме родителите дека вакцините во Република Македонија се безбедни, од најреномирани производители. Да ги вакцинираат своите деца и понатаму државата да биде меѓу земјите лидери кои имаат висок опфат на имунизација. Со тоа многу болести се искоренети и нема да се вратат, а ќе имаме здраво поколение“, изјави Костовска.
Во рамки на активностите за одбележување на неделата на имунизација, најави дека нивни екипи ќе бидат на терен и ќе откриваат невакцинирани деца од рурални средини, ромска популација и други деца кои воопшто не се евидентирани или не се вакцинирани.
На настанот во Градскиот парк присуствуваше и министерот за здравство Никола Тодоров.
Неделата на имунизација ќе трае до 27 април, а за утре предвиден е стручен состанок на епидемиолози, кои ќе разговараат за опфатот на вакцинирани и за проблемите што треба да се надминат. Македонија ја одбележува Европската недела на имунизација од нејзиното востановување пред осум години, од страна на Светската здравствена организација.
Годишно околу 150.000 деца на различна возраст се вакцинираат во Македонија. Опфатот е во просек околу 95 отсто за сите вакцини, но се уште има поделеност и недоверба на родителите за најновата вакцина против инфекции со хуман папилома вирус (ХПВ) која од 2009 година е задолжителна за девојчиња на 12 години. Минатата година вакцината ја примиле 50 отсто во државата, а во Скопје меѓу 20 и 25 отсто.
Светската здравствена организација препорачува што повеќе напори за зголемување на опфатот на имунизација, зашто во светот годишно над 10 милиони деца под пет години умираат. Од нив, 1,4 милион деца под 5 години умираат од болести кои можеле да се спречат со вакцинација.
Околу дваесет вакцини се откриени од 1885, кога Луј Пастер ја пронашол првата вакцина – против беснило.
Благодарение на вакцините се елиминирани или редуцирани многу смртоносни болести, како вариола вера, дифтерија, парализа… Во Македонија прва воведена вакцина била против туберкулоза, во 1948, во 1951 биле воведени против тетанус и дифтерија, во 1960 против голема кашлица.
Последен случај на дифтерија во Македонија имало во 1976. Од неа во минатото заболувале по 400 случаи годишно од кои 25 умирале. Последен случај на парализа бил во 1987, тетанус неонатален во 1993. Пред воведување на вакцината против голема кашлица во 1960 година имало по 3.600 заболени годишно и по 20 умирале, од тетанус имало по 36 заболени, а 17 умирале.
Извор: региони.мк
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Добивањето, или отсуството на менструација, кога мајката дои, често предизвикува грижи. Бидејќи нормалните граници се мн...

Овој напиток може да ја излечи и најкомплицираната кашлица, која не успева да ја излечи современата медицина

Кога ќе се роди бебе, животот на младите родители се менува. Тие го сакаат само најдоброто за своето бебе, имаат илјада ...

Што мислите која намирница, со голема содржина на масти, убедливо го држи првото место по штетност за човечкиот организа...
