|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да го облекуваме детето во зима?

Редакција Рингераја, 18.1.2021
Дури и во најстудените денови децата не смеат да бидат премногу облечени. Облеката треба да биде топла и во исто време да пропушта воздух
Клучни зборови:

image
/11


Не е корисно да го замотате детето како во кожурец, особено кога станува збор за главата и вратот. По вратчето му поминуваат многу крвни садови. Од премногу затоплување тие се прошируваат и кон главата оди повеќе крв. На тој начин се повлекува крвта од нозете, рацете и внатрешните органи. Загревањето на еден дел на телото, а ладењето на  друг - е исклучително штетно.


Специјалистите советуваат да не се става капа на главата, ако надвор не дува силен ветер. И потсетуваат дека децата кои непотребно се замотани со марами, почесто боледуваат од грип и ангина. Кога ги покриваме со шал нустата и носот на детето, се формира влага, која е поволна средина за размножување на бактериите.

Во зима први кои страдаат од студ , се стапалата и зглобовите на рацете. Нормално е да не се топли, но не треба и да се мраз ладни. Ако се само млаки, тоа значи дека терморегулација на телото кaј децата работи.

 

Неколку едноставни вистини:

1. При подготовка за прошетка, секогаш прво облекувајте се себе, а потоа детето. Така не ризикувате тоа да се загрее, испоти и да настине кога ќе излезете надвор.

2. Ако прошетката вклучува шопинг, облечете му на детето топла облека во два дела, за да можете да му ја соблечете јакната на детето во продавница.

3. За здравјето на детето се подеднакво штетни како премрзнувањето, така и прегревањето. Придржувајте се кон златната средина.

4. Топли правилната, а не многуслојната облека.

5. Организмот на детето се разликува од оној на возрасниот и не смеат да се споредуваат сопствените чувства со неговите.

6. Како да се утврди дали на детето му е студено – допрете го на носето, вратчето, кожата на нозете над стапалата и зглобовите на рацете.

7. Зацрвените образи и носе се знак за здравје и пријатно поминување на времето, а не за смрзнување.

 

Облека според температурата надвор

Тврдењето "Облекувај го детето со едно парче облека повеќе од тебе" остана во минатото. На место каде возрасниот ќе облече џемпер, детето сосема спокојно ќе игра по блуза.Едноставно,  материјалите од кои во повеќето случаи се произведуваат детските облека, се поинакви.

+ 5 / -5 степени - блуза со долги ракави, хулахопки, комбинезон, зимски чевли, ракавици, шапка.

     -5 / -10 Степени -  поткошула, блуза со долги ракави, хулахопки, комбинезон со постава, зимски чевли, капа, шал, ракавици.

Оваа шема не треба да се смета за прва и последна инстанца. Одлучувачки збор има детето и неговата индивидуална удобност.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
9
Знаци дека детето може да било/е сексуално...
Не е секогаш лесно да се забележи сексуална злоупотреба затоа што сторителите често преземаат чекори да ги сокријат свои...
4
Како да уживате со детето на снегот?
Снегот не е само радост на најмалите, туку и можност заедно со детето да се потсетиме на своето детство...
4
Семе од босилек - непозната супер храна
Дали сте слушнале дека семето од босилек може да се јаде и всушност е многу добро за здравјето? Иако тоа е малку познато...
4




Анкета

avalentina
avalentina

@

anja (36%)

andrea (33%)

matea (31%)


Број на сите гласови: 141

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!