Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Овој примерок на циклусот на ин-витро оплодување го покажува распоредот на земање на различни лекарства по денови, го покажува времето за стимулација на јајниците и следење на постапката на IVF.
Распоредот прикажан овде е за жени со типичен (28 дневен) менструален циклус. Во овој пример не се користат контрацептивни средства за контрола на нејзиниот циклус.
Во циклусите на вештачко оплодување, каде што се користат контрацептивни средства, обично се даваат 12-21 апчиња, и истите се преклопуваат со Lupron последните три дена.
Недела | Понеделник | Вторник | Среда | Четврток | Петок | Сабота |
1 Start Lupron Менструален циклус, ден 21 | 2 Lupron Менструален циклус, ден 22 | 3 Lupron Менструален циклус, ден 23 | 4 Lupron Менструален циклус, ден 24 | 5 Lupron Менструален циклус, ден 25 | 6 Lupron Менструален циклус, ден 26 | 7 Lupron Менструален циклус, ден 27 |
8 Менструален период - Старт | 9 Старт FSH инекции | 10 | 11 | 12 Крв и ултразвук | 13 | 14 Крв и ултразвук |
Ден 1 на стимулација | Ден 2 на стимулација | Ден 3 на стимулација | Ден 4 на стимулација | Ден 5 на стимулација | Ден 6 на стимулација | |
15 | 16
| 17 | 18 | 19
Прогестерон | 20 | 21 Ембрио трансфер процедура |
Ден 7 на стимулација | Ден 8 на стимулација | |||||
22 | 23 Ембрио трансфер процедура Бластоциста | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | 1 Тест за бременост | 2 |
Клуч за табелата
Крв и ултразвук – тест на крвта за испитување на вредностите на хормоните (нивото на естроген е многу важно во постапката на IVF) и трансвагинално ехо со кое се мери големината на фоликулите во јајниците. Овие посети обично траат околу 20-30 минути.
Lupron – поткожно инјектирање на лек наречен Lupron(GnRH агонист). Овој лек се зема еднаш дневно.
FSH – Поткожно вбризгување на лекови кои содржат фоликул стимулирачки хормон (FSH), што ги поттикнуваат фоликулите да се развијат во јајце-клетки, во јајниците.
hCG инјекција – поткожна или интрамускулна инјекција на лек наречен hCG, кој помага во созревањето на јајце клетките. Овој лек се зема само еднаш во текот на циклусот.
Progesterone – вагинален крем, вагинални таблети или интрамускулно вбризгување на лекот (женски хормон) наречен прогестерон. Овој лек помага да се подготви матката за имплантација на ембрионот/ите.
Аспирација на јајце клетки - Процедура на вадење на јајце клетки од јајниците
Ембрио трансфер - Процедура со која се трансферираат ембрионите во матката
Примерот даден погоре е за типичен циклус на IVF. На повеќето пациентки ќе им требаат повеќе од три посети за следење на стимулација (прикажани како крв и ултразвук во табелата) пред да примат hCG инекција. На некои им требаат само 3, додека на некои им требаат 5-6 посети. Тоа зависи од реакцијата на пациентката на лековите.
Времетраењето на процесот на стимулација на јајниците може да биде пократок или подолг од приказот. Примерот покажува 8 дена на стимулација (FSH инекции), но може да се прима и 9-10 дена, а да се движи од 7-14 дена.
Пресметување на терминот за породување
При вештачко оплодување терминот за породување се пресметува на тој начин што се додаваат 266 дена (или 38 недели) на денот кога се аспирирани јајце клетките од јајниците. Јајце клетките се оплодуваат истиот ден кога ќе се аспирираат што е еднакво на 14-от ден од циклусот (денот на овулација) во нормален, 28 дневен циклус. Ако на 266-те дена се додадат и 14-те дена се добиваат 280 дена, или 40 недели. Терминот за породување при спонтано оплодување е поставен на 40 недели од првиот ден на последната менструација.
За сами да го пресметате Вашиот термин на породување, додадете 38 недели на денот на аспирација на јајце клетката.
Рингераја Ви посакува лесна бременост !
Поединечни податоци се преземени од Advanced Fertility Center of Chicago
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Овошје, зеленчук или ориз со млеко?
пеперутка16
Како почнавте да воведувате цврста храна и дали сте задоволни од тој режим и реакцијата на вашето дете? Прво го претставивме: