Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Процедурата на преместување на ембрионот/ите (ембриотрансфер) е едноставна и обично безболна. Кај некои пациентки може да предизвика минимален дискомфорт. Сопругот често е поканет да присуствува при процедурата. Двојката исто така може да го види зачетокот на монитор, пред да биде трансфериран.
Некои парови се вознемирени дека нивните јајце клетки, семена течност, или ембрион, можат да бидат заменети со оние на другите двојки. Веројатноста да се случи тоа во реномирани ин-витро центри е минимална.
Пациентката лежи на бокс, како за нормален гинеколошки преглед. Со користење на вагинален спекулум докторот го отвора цервиксот. Цервиксот претходно се чисти.
Ембриологот го поставува ембрионот (еден или повеќе) во танок пластичен катетер, а гинекологот ги пренесува ембрионите преку грлото на матката во матката. Откако ембрионите ќе бидат трансферирани биологот го проверува катетерот евентуално да не останале ембрионите внатре. Пациентката треба да биде опуштена и мирна, за да не се предизвикаат контракции на матката, кои би можеле да го изместат штотуку трансферираниот ембрион на погрешно место во матката. По трансферот пациентката треба да лежи околу 30 минути и тогаш може да ја напушти клиниката.
Колку ембриони се трансферираат?
Шансата за успех е поголема, ако се трансферираат повеќе ембриони. Бројот на трансфери е одлучувачки за ризикот од повеќеплодова бременост.
Во Велика Британија максималниот број на ембриони кои се трансферираат е три. Во некои скандинавски земји бројот на ембриони, кои е дозволено да се трансферираат, е два. Во некои земји не постојат ограничувања или прописи за бројот на трансферираните ембриони. Постои тенденција за трансфер на само два ембриони, особено кај помлади жени.
Совети по ембрио трансфер
* Мирувајте неколку дена, избегнувајте тешки физички вежби како аеробик, трчање и скокање.
* Избегнувајте пливање во базен или друга водена површина, за да се избегне контаминација на вагината.
* Избегнувајте непотребно изложување на хемиски соединенија и бои кои содржат олово.
* Избегнувајте носење и кревање на тешки предмети.
* Хранете се здраво, избегнувајте консумирање на алкохол, непастеризирано млеко и младо сирење, заради ризикот од инфекција.
* Оставете ги цигарите
* Пијте фолна киселина
* Воздржете се од земање лекови, кои не се потребни, или консултирајте се со Вашиот лекар.
* Избегнувајте контакти со болни лица.
* Избегнувајте полови контакти најмалку две недели.
* Не правете тестови за бременост предвреме.
Рингераја Ви посакува овој пат да зачнете !
Поединечни податоци се преземени од Advanced Fertility Center of Chicago
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.
забава Бремените
Автор: bobik
Првата играчка не е само обичен предмет. Таа е првиот мост кон светот ...
Како да ги заштитите коските за време на бременост?
За време на бременоста, телото на жената прави неверојатни прилагодува...
Митови и вистини спиење со бебето во ист кревет
Што треба да знаете пред да ја донесете оваа одлука, со срце, но и со ...
Фризерскиот салон како оаза за бремени жени – еве зошто
Мирисот на шампон, звукот на фенот и тишината на мислите. Понекогаш, т...
Нега на кожата кај новороденчиња
Кожата на новороденчињата е неверојатно нежна, чувствителна и подложна...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: