Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Бог одговорил:”А дали ја виде спецификација што ја направив, пред да ја формирам? Еве види:
Таа мора да знае да пере, а да не биде од пластика, да има повеќе од 200 подвижни зглобови на кои нема да им треба подмачкување, на неа да функционира секоја диета и да има прегратка широка колку за четири деца...Во исто време треба да знае да даде бакнеж, да знае да лечи болести од раскрвавено колено до скршено срце и сето тоа да го прави со само две раце!”
Ангелот се зачудил од сите побарувања:”Со само две раце?!...Невозможно! И ова е само стандарден модел?! Ова е многу работа за еден ден...почекај до утре па заврши ја.”
“Не сакам!” протестирал Бог. “Толку сум блиску да го создадам ова битие, што ми е толку драго.”
Кога ќе се разболи, сама ќе се избори за своето здравје и ќе може да работи и по 18 часа дневно.
Ангелот се приближил и ја допрел жената:”Боже, како ја направи толку мека?”
“Да, мека е” рече Бог “но ќе има и голема снага. Нема да веруваш што се ќе може да направи и издржи.”
“А ќе може ли да мисли?” праша ангелот.
Бог одговара: “Не само што ќе може да мисли, таа ќе може да соработува и да се договара”
Ангелот здогледал нешто што му го привлекло вниманието..., па го допрел лицето на жената.
“Боже, изгледа дека овој модел сепак има еден пропуст. Ти реков дека премногу работи стави на неа...”
“Не е тоа никаков пропуст...тоа е само една солза”, го исправи Бог ангелот.
“А за што служи тоа?” праша ангелот?
И Бог рече: “Солзата е нејзин начин да ја изрази својата тага, својата љубов, самотија, својата болка и својата гордост”
Ова остави голем впечаток кај ангелот: “Ти си генијалец Боже! На се' си мислел! Жената е сјајно битие!”
Тоа е вистина. Жената има сила, затоа човекот се гордее со неа. Таа поднесува тешкотија, знае да ја носи тагата, но знае и за среќа, љубов и има сопствени ставови. Таа се смее кога сака да врисне. Жената пее, кога сака да плаче. Плаче кога е среќна и се потсмева кога е нервозна. Се бори за она во што верува. Не признава “НЕ” за одговор, ако постои начин да се изнајде решение. Дава се од себе за своето семејство. Кога љуби, љуби без граници. ..
Плаче од среќа кога нејзините деца ќе доживеат некаков успех. Среќна е кога ќе чуе за некое раѓање или венчавка. Нејзиното срце се крши кога ќе чуе за смртта на драга личност. Тагува за изгубената љубов, но е јака и кога нема за што да се бори. Жената знае дека една прегратка и еден бакнеж го лекуваат скршеното срце.
“НО...” Бог загрижено констатира “Има една грешка кај жената и не знам како да ја исправам... Таа заборава колку многу вреди!”
8
7
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...
Сексуалниот живот е дел од интимноста и блискоста во врската. ...