Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Кога лекарите ја виделе бременоста на Даниеле Јанг на ултразвук, биле шокирани. Имено, утврдено е дека Даниеле има две материци, многу ретка состојба, која бременоста ја прават невозможна мисија.
Еден од двата јајници и бил потполно блокиран, што значело дека само една од двете материци и била во функција. Меѓутоа докторите биле уште повеќе изненадени кога откриле уште едно неверојатно откритие: дека е бремена со близнаци - по еден во секоја материца. Овој фенoмен се случува во еден, на пет милиони случаи.
Близнаците се родени здрави, без никакви проблеми, што повторно било изненадување за медицинските стручњаци, кои верувале и ја предупредувале Даниеле дека може да ги изгуби двете бебиња.
Даниеле, храбрата мајка, веќе им пркосела на медицинските верувања, кога пред пет години, без никакви проблеми донела на свет здрава ќерка.
На 18 години на Даниеле и е дијагностицирана т.н. "bicornuate" материца, односно двојна материца. Двојна материца е материца која има два рога и облик на срце. Ѕидот на материцата одвнатре и однадвор е поделен на два одвоени делови, со што практично се добиваат две материци. Тоа е вродена аномалија на материцата и многу често влијае на репродуктивната способност на жената.
На оваа единствена мајка треба да и се честита и да и се оддаде признание за храброст. Близнаците, кои биле родени со 1700 гр. неодамна наполнија четири години и сосема нормално се развиваат.
22
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...