Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
На интернет страницата "Love what matters" Desiree Fortin прво напиша "Драга неплодност, те мразев" и ја опиша својата тага, пред да остане бремена со тројка.
"Неплодност", ти крадеш соништа. Ти кршиш срца. Ти носиш тага. Уништуваш животи. Ти си причината заради која не можев да зачнам природно. Ти го удави моето срце во длабока беда од неможноста да станам мајка, како останатите жени. Ти ми кажа дека моето тело не е доволно добро, напиша.
Иако патувањето кон бременост беше тешко, тоа искуство ја направило посилна - дури и во моментите кога седела на подот од бањата во комплетна празнина, броејќи го којзнае кој по ред негативен тест на бременост.
Колку и да те мразев, толку сум благодарна што беше моја приказна. Ти ме направи посилна. И пред да забременам, мојата сила се зголемуваше. Не се чувствував само силна физички, по сите инјекции, лекови, вадење на крв, посети на лекар, но најдов и емотивна сила, исто така.Во август 2015 Desiree стана мајка на Sawyer Reed, Jax Ryan и Charlize Hope. Пред тоа и беа дијагностицирани полицистични јајници и по неколку години неможност да забремени и две неуспешни инсеминации, Desiree остана бремена преку Ин витро.
"Толку многу се исцрпивме емотивно и физички (да не зборуваме за пари), но сакавме семејство", изјави таа за HuffPost. "Јас сум убедена дека жените со неплодност се суперхерои и супер силни. Одењето по овој пат одзема многу сила и храброст. "

15
5
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали постојат препарати кои можат да го ублажат ПМС-от?
Предменструалниот синдром (ПМС) опфаќа низа физички, емоционални и пси...
Хормонски предизвикана неплодност
Хормоните играат клучна улога во функционирањето на репродуктивниот си...
Како да бидете тим, а не двајца ривали во врската?
Секоја врска има свои предизвици, несогласувања и моменти на напнатост...
Планирате бременост? Внимавајте што пиете
Доколку планирате бременост, здравите животни навики можат позитивно д...
Првите 6 месеци, време за поврзување и откривање
Првите шест месеци од животот се период на брз раст и развој. ...