Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Без оглед на тоа дали станува збор за долгоочекуван настан, или изненадна ситуација во која сме се нашле, постојат спомени кои ги негуваме цел живот и кои ги греат нашите срца и во староста. Тоа се најчесто едноставни, вообичаени случки, од кои е проткаен животот и кои во нас будат гордост и бескрајна радост.
Погледнете го списокот на моментите кои носат најголема среќа.
Раѓање на бебе
За повеќето луѓе еден од најсреќните моменти во животот е кога за прв пат го зеле своето дете во раце. Иако таа љубов е “еволуциски програмирана”, тоа не го намалува чувството на среќа и посебна поврзаност, која не може да се спореди со ништо друго во животот.

Венчавање
Денот на венчавката е круна на љубовта! Кај заљубените парови кои одлучиле да го поделат сето добро и лошо во животот еден со друг, венчавањето доаѓа како потврда на тие чувства.

Остварување на целта
Иако целите обично ги мериме по нивното значење или влијание во животот на поединецот, научно е докажано дека луѓето се најсреќни ако успеале да остварат цел која им се чинела како тешко остварлива или непремостива.

Моментот на родителското признание
Сознанието дека со своето однесување и работа сме ги направиле родителите среќни и дека се горди на нас, е нешто што секој човек би го направило среќен. тие моменти се посебно значајни за оние кои не се навикнати да добиваат признание од родителите.

Патување за кое сте сонувале
Било да станува збор за одење во Париз, Индија, Венеција или на Хималаите, повеќето луѓе имаат дестинација од соништата. остварувањето на сонот создава спомени кои се помнат цел живот.

Прва плата
Без оглед на тоа дали станува збор за редовна или хонорарна работа, првата плата е влез во светот на возрасните, доказ за способноста и отворање на вратата пред можностите. Тоа не се добиени, туку заработени пари, па како такви се ценат повеќе од било што во животот.

Работа од соништата
Ако сте работеле само за да преживеете и по долготраен труд конечно сте дошле до работата која ја сонувате, среќата е загарантирана. Мал број на луѓе имаат среќа да го работат она што го сакаат, па лесно е да се разбере радоста која ја носи таквиот момент.

Прва љубов
Иако секоја љубов е убава, најмногу се помни првата љубов. за неа се врзува чувство на потполна предаденост, не се размислува за последиците и се ужива во новооткриените моменти кои ги носи љубовиот однос.

Завршување на образованието
Меѓу деветте најсреќни моменти секако спаѓа и завршувањето на формалното образование. Она што го прави посебен моментот се безбројните можности кои се отвораат потоа.
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како високите температури влијаат на зачнувањето?
Летните горештини носат повеќе време на отворено и подобро расположени...
Како расте бебето во првата година од животот?
Првата година од животот е период на неверојатно брз раст и развој. За...
Отежнатото дишење е чест симптом во бременоста и кај многу жени се пој...
Фази на менструалниот циклус објаснети едноставно
Менструалниот циклус е природен процес низ кој поминува женското тело ...
Кога започнува утринската мачнина во бременост?
Утринската мачнина е еден од најчестите рани симптоми на бременост. И ...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.