Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Додека некои деца просто уживаат во своето детско седиште за автомобил, користејќи ја можноста со љубопитен поглед да ја истражат околината низ прозорецот, има деца кои уште на само споменување почнуваат да врескаат, а ако случајно се обидете да ги седнете се вкочануваат до таа мера што имате чувство дека ќе мора да ги „скршите“ за да седнат.
Овие првите се веројатно поретки, а вторите најчесто ќе ги видите на предното седиште во скутот на нивната мајка, застанати одзади со лицето пикнато меѓу двете седишта за подобро да гледаат напред, качени на задното седиште за да гледаат низ задното ветробранско стакло...но никогаш врзани и соодветно заштитени!
Иако секој родител, ама баш секој, прави најдобро што може, детскиот темперамент понекогаш може да биде оправдување, исто како кратките градски релации на кои најверојатно нема ништо да се случи...
А сообраќајните незгоди секогаш им се случуваат на други, нели?!
За сите оние родители кои сеуште понекогаш знаат да отстапат од своите убедувања, еве малку статистика зошто детското седиште за во автомобил е прашање околу кое нема попуштање и преговарање.
Тип на заштита | Ризик од повреди | |
Намалување на шансите за повреди во % | 95% интервал на доверба | |
Бебешко седиште свртено нанапред за возраст од 0-4 години | -50 | (-70;-30) |
Бебешко седиште свртено наназад за возраст од 0-4 години | -80 | (-90;-70) |
Заштита само на безбедносен појас за возраст од 0-4 години | -32 | (-35;-29) |
Бустер детско седиште со користење на безбедносен појас за возраст од 5-9 години | -52 | (-69;-27) |
Заштита само со безбедносен појас за возраст од 5-9 години | -19 | (-29;-7) |
Извор: The handbook of road safety measures
Кога автомобилот ќе удри во друг автомобил (или било каков објект), тој нагло запира како резултат на ударот, но патниците во него продолжуваат да се движат со силата на инерцијата, при што, инерцијата на автомобилот и онаа на патниците се апсолутно независни. Ударот ќе придонесе автомобилот нагло да запре, но брзина на патниците ќе остане иста. Како резултат на таквата брзина, патниците удираат во шофершајбната, воланот, па дури може и да бидат исфрлени надвор од возилото. Сигурносните ремени, кај возрасните ги намалуваат шансите за избегнување на смрт или сериозна повреда во сообраќајна несреќа до 50%. Но, кај децата, бидејќи сигурносните ремени не соодветствуваат со нивната тежина и висина, неопходно е како дополнителна заштита да се користат специјални детски седишта за во автомобил.
Иако со домашната легислатива за безбедност во сообраќајот, користењето на детските седишта за во автомобил не е задолжително, сепак погрижете се да го заштитите вашето дете, па изберете и користете соодветно детско седиште за во автомобил.
Еве како е регулирана безбедносната заштита на децата во автомобил во државите во кои најчесто патуваме:
Држава: | Употреба на детски седишта: |
Србија | Задолжително за деца до 3 години. Деца од 3 до 12 години не смеат да се возат на предно седиште. |
Црна Гора | Не е задолжително. Деца под 12 години не смеат да се возат на предно седиште. |
Хрватска | Задолжително за деца до 2 години на предно седиште во детски седишта соодветни според нивната возраст. Деца до 12 години не смеат да се возат на предни седишта. Од 2 до 5 години во соодветни безбедносни уреди на задно седиште. Од 5 до 12 години соодветни ремени на задни седишта. |
Бугарија | Задолжително за деца до 3 години. Деца над 3 години и пониски од 1,50 м можат да се возат на задно седиште без детско седиште. |
Албанија | Задолжително за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште. |
Грција | Задолжително за деца до 3 години. Деца над 3 години, а пониски од 1,50 м не смеат да се возат на предно седиште. Деца постари од 12 години и повисоки од 1,35 можат да користат ремени за возрасни. |
Главен фактор при изборот на детско седиште за во автомобил е тежината и возраста на детето.
Група | Возраст | Опис | Забелешка |
0 | 1 година | За деца со помалку од 10 кг | Бебешко седиште свртено наназад е најдобра заштита за бебиња до 1 година и максимум 13 кг. Најбезбедно место за бебињата е задното седиште. |
0+ | За деца со помалку од 13 кг | ||
I | 1-4 години | За деца од 9-18 кг | Најдобриот систем на заштита на пат за деца до 18 кг е безбедносното детско седиште за во автомобил. |
II | 4-6 години | За деца од 15-25 кг | Бустер седиштата се седишта кои го подигнуваат детето со цел да може да се врзе соодветно со безбедносниот појас од самиот автомобил. |
III | 6-11 години | За деца од 22-36 кг | Се препорачуваат бустер седишта без потпирач, кои го подигнуваат детето при што ќе можат да го користат безбедносниот ремен од автомобилот. Доколку детето тежи повеќе од 36 кг, но не е повисоко од 135 см, треба да продолжат да се возат во бустер седишта. |
Веруваме дека безбедноста на децата во сообраќајот зависи единствено од возрасните, па затоа следниот пат не отстапувајте од своето. А за реакцијата на вашето дете на детското седиште за во автомобил, не грижете се... Ова е едно од оние прашања на кои без грижа на совест можете да кажете „Детско седиште, затоа што јас реков дека мора!“
Потсетување до сите родители, дека АМСМ доделува бесплатни АМСМ БЕБЕ ВО АВТОМОБИЛ налепници, кои се лепат на задното ветробранско стакло од автомобилот.
Извор: АМСМ
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалат...
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата ...
Daumling детски чевли со Terra-Care кожа
Германскиот специјалист за производство на детски чевли Daumling отсек...
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
Симптоми на породување.
пеперутка16
Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?