Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Понекогаш на детето му се купува бидејќи родителите не умеат да кажат “Не, тоа нема да го добиеш”, или “ми треба време да размислам дали ќе ти го купам тоа”. Ако детето во следните денови заборави што сакало, тоа значи дека не му било ниту важно.
“Како да не му ја купам оваа играчка? Додуша, има една слична, но оваа ја сака. Чини колку едно чоколадо, не е многу! Ќе му ја купам.”
или
“Сите негови другари имаат модерен мобилен телефон, зошто да нема и тој? Мене ми е доволен овој, подобро да му купам него.”
Ова се многу чести, скоро секојдневни реакции на родителите, на желбите и барањата на децата да им се купи нешто.
Не може да се има баш се!
Голем број на родители сметаат дека нивните деца треба да имаат условно речено се'. Подготвени се и да се одрекнат од нешто што им е неопходно, само да за ги задоволат желбите на децата, макар тие да се претерани. Многу родители размислуваат вака “Кога не сум имал јас, нека има моето дете”.
Родителите се тие кои треба да постават граница до која може да се оди. Тоа може да се објасни преку една многу едноставна ситуација во маркет: Татко и тригодишен син купуваат. Детето весело трча на местото каде стојат чоколадата. Таткото му вели да не зема, но детето веќе ги држи во раце. Таткото ги зема од неговите раце, ги враќа на полицата и му објаснува на детето дека дома имаат од истите чоколада. Детето внимателно го слуша, но повторно зема чоколадо, на што таткото станува погруб. Налутено ги враќа и го повишува тонот. Детето не се откажува. Сега и тоа станува се' погласно, а на таткото му станува непријатно. Некои луѓе се вртат за да видат од каде доаѓа расправијата. Таткото налутено вели “Добро, земи уште едно и одиме дома”. Што научило детето од ваквата реакција? Дека не треба да се откажува туку само да ја подигне границата и да продолжи да го бара саканото. Овој образец се формира во раното детство и тешко е да се корегира во добата на адолесценција на детето.
Поставете јасни граници
По чоколадото следуваат барањата за многу поскапи работи – најнов модел на мобилен телефон, најјак компјутер, скапи патики. Меѓутоа, за тоа можеби нема да имате пари.
- Детето бара, тоа е негова задача, а задача на родителите е да постават граница. Ако, да речеме бара играчка, а има куп играчки дома и притоа родителот му ја купи, границата е поместена.
Прекумерното барање на материјални работи значи дека на детето му недостасува љубов и внимание. Надоместувањето на љубов со купување на се' што ќе посака детето, прави од него егоцентрична личност која ги занемарува духовните вредности кај луѓето и има низок степен на толеранција за потребите на другите.
Суштината не е во количината, туку во начинот на кој се добиваат работите. Чувството на скратеност на некакво задоволство, или некаков хир допринесува во зајакнување на личноста на детето, додека моменталното задоволување го учи детето дека се' се добива без многу голем труд.
Ах, тие реклами!
- Главна функција на маркерингот е да ги направи луѓето незадоволни со она што го имаат. Со други зборови, таман ќе помислите дека имате нешто посебно, кога тоа за многу кратко време ќе биде надминато во нова генерација на производи, кои се поатрактивни од претходните. Повеќе не сте задоволни од тоа што го имате и се насочувате кон купување на новиот производ. Го препознавате ли своето дете во слична ситуација? Маркетингот манипулира со нашите чувства и слабости. Родителите кои ќе си дозволат себеси да влезат во маркетиншката трка, создаваат огорченост кај себе и кај своите деца.
забава Бремените
Автор: bobik
Една прошетка што ќе ти ја смени душата
Со доаѓањето на есента, деновите стануваат помирни, а светлината посеб...
5 начини како да ја зголемите довербата кај тинејџерите
Довербата меѓу родител и тинејџер не се гради преку ноќ. Тоа е процес ...
Поддршка за вашето ментално здравје
Менталното здравје не е нешто што се одржува само со големи промени ил...
Мајчинството е неверојатно искуство полно со љубов, со неизбежен стрес...
Малите мигови што го направија срцето големо
Денес ве покануваме на едно мало патување не напред во иднината, туку ...
Бремена
пеперутка16
Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?