Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
На кратко, одговорот е „Да“, корисно е да јадеме лути пиперчиња. Но, тоа не значи дека треба да претеруваме со количините кои ги јадеме, зашто може да доведе до негативно дејство во системот за варење. Бидете умерени и искористете ја нивната добра страна. Јадете по 1 до 2 лути пиперчиња на ден. Капсаицинот во нивниот состав , не само што им дава лутина, туку поседува и неколку лековити својства, заради кои лутите пиперчиња се сметаа за многу здрава намирница.
Имаат антивоспалителни својства
Благодарение на капсаицинот, чили пиперчињата имаат антивоспалителни својства. Тој има способност да ги блокира супстанциите кои предизвикуваат воспаленија, па редовното консумирање на чили, потврдено помага против артритис, велат повеќе научни студии.
Спречуваат болка
Најновите истражувања потврдуваат дека чили пиперчињата не само што ја намалува болката при артритис, туку и помага при проблеми како псоријаза и дијабетска неуропатија.
Го поддржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем
Постојат студии кои покажале дека лутите пиперчиња го намалуваат нивото на холестерол и триглицеридите, со што овозможуваат подобар проток на крвта. Народите, во склоп на чија култура се јаде лута храна, имаат доста помал процент на срцеви болести, мозочен удар и тромбоза.
Го подобруваат варењето
Спрема ајувердата - индиската народна медицина, лутите пиперчиња го стумилираат апетитот и го подобруваат варењето. Според неа, доброто варење на храната, на телото му ги дава неопходните хранливи материи и енергија, додека храната која не се вари добро доведува до создавање на токсини.
Лутите пиперчиња го поттикнуваат имунитетот
Ова посебно важи за убаво црвените пиперчиња. Тие во својот состав содржат висока количина на бета каротен или провитамин А. Само неколку лажички чили дневно, во телото обезбедуваат доволни дози на витамин Ц и А, кои се важни за превенција од инфекции.
Спречуваат рак на простатата
Истражувањата покажале дека капсаицинот помага во уништувањето на клетките на ракот. По 4 недели од терапија со капсаицин, било постигнато стопирање на растот и развојот на клетките на рак кај животните, а големината на туморот била намалена.
Лутите пиперчиња го поддржуваат слабеењето
Лутиот вкус кој го имаат чили пиперчињата ја зголемува термогенезата, што бара да се трошат дополнителни калории и резултира со губење на масти.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Кога парот се обидува да добие бебе, често се поставува прашањето: дал...
Дали денот на овулација е најплодниот ден?
Денот на овулацијата се смета за еден од најплодните денови во менстру...
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...
Како функционира ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (IVF - in vitro fertilization) е асистирана репр...
Што е ПАП тест и зошто е толку важен?
ПАП тестот е едноставен, брз и безболен гинеколошки преглед кој има ог...