|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

БОРКА и БИМИЛК во заедничка акција:Розови и здрави

БиМилк, 11.3.2015
Во продажба ограничена серија на битолски јогурт со чие купување се дава придонес во борбата против ракот на дојка

image
Розови и здрави
/41

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Скопје, 07.03.2015, Здружението за борба против ракот на дојката Борка и млекарницата Бимилк започнаа акција под мотото „Розови и здрави“. Во рамките на акцијата, Бимилк пушти во продажба Битолски јогурт со посебен дизајн на пакувањето, со чие купување потрошувачите ќе имаат можност да донираат дел од цената на производот за  превенција од ракот на дојката.

Во рамките на акцијата, Бимилк и Борка организираат информативни пунктови каде заинтересираните ќе може да добијат повеќе информации од стручен карактер за раното откривање и лекување на ракот на дојката. Првите информативни пунктови беа поставени викендов во Веро Центар и Керфур, а во следните три викенда информативни пунктови ќе има и во Веро 2, Тинекс кај поранешен Годел, Тинекс кај Драмски театар, Рамстор Центар, Рамстор во Капитол мол и Рамстор во населбата Капиштец. На првиот информативен пункт присуствуваше и претседателката на здружението Борка, Биба Додева.

„Акцијата „Розови и здрави“ е одлична прилика во текот на месецот на жената потрошувачите да се информираат за превенцијата, раното откривање и лекувањето на ракот на дојката и секако да дадат свој придонес во борбата со оваа болест преку купување на Битолски јогурт на чие пакување стои препознатливата розова панделка.  Ракот на дојката е тешка болест со која секојдневно се соочуваат сé поголем број жени, наши мајки, сестри, пријателки, сосетки и затоа секоја помош во борбата против оваа болест е добредојдена.“ – изјави Биба Додева

Средствата кои ќе се соберат во рамките на акцијата „Розови и здрави“ ќе бидат искористени за одржување на едукативни трибини ширум Македонија со цел што поголема едукација на населението за превенција од ракот на дојката.

„Бимилк е компанија која се грижи за здравјето на потрошувачите, не само преку производство на здрави и вкусни производи туку и преку организирање на вакви и слични акции. Оттука задоволство ни е да ги повикаме потрошувачите во што поголем број да се вклучат во акцијата „Розови и здрави“ за сите заедно да  помогнеме во борбата против ракот на дојката.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк

---

За подетални информации, контактирајте не на тел: 047/226-380 или 071/265-378

Лице за контакт: Полексена Ристеска, е-маил: poleksena.risteska@bimilk.mk

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страница www.bimilk.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Билки на тераса: мала градина со голема моќ
Животот во град знае да значи ограничен простор и малку контакт со природата. Но, дури и една скромна тераса може да се ...
3
Чисти површини, посигурен живот
Чистењето на домот не е само естетика. Тоа е инвестиција во здравјето, безбедноста и удобноста на целото семејство.
3
Зошто молчењето е најгласниот проблем во в...
Во секоја врска зборовите имаат сила, но понекогаш, токму нивното отсуство зборува најмногу.
3
Животот низ очите на сонувачот
Денес зборуваме за оние кои сонуваат, не само додека спијат, туку и додека чекорат низ реалноста. За оние што гледаат мо...
3




Анкета

Koe ime e poubavo?
nadbet

Koe ime e poubavo?

Tedi (10%)

David (53%)

Jakov (36%)


Број на сите гласови: 246

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!