Ослабете за една недела!За брзо слабеење навистина не е потребно да гладувате и да живеете само на јаболка и моркови. Повеќето жени можат да ослабнат половина килограм неделно ако дневно согорат 500 калории повеќе отколку што внесле.
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Ослабете за една недела!
За брзо слабеење навистина не е потребно да гладувате и да живеете само на јаболка и моркови. Пoвеќето жени можат да ослабнат половина килограм неделно ако дневно согорат 500 калории повеќе отколку што внеле. Се уште сте скептични? Изберете два метода од нашата табела и секојдневно споредувајте ги. Ви гарантирам дека наредниот викенд ќе бидете видно послаби.
ИСХРАНА
- Наутро јадете јајца. Истражувањата покажаа дека лицата што појадуваат јајца во текот на денот внесуваат 160 калории помалку од оние што денот го почнуваат со друг вид на храна.
- Јадете комбиниран ручек. Наместо вообичаениот сендвич со месо, изедете помала порција супи или чорба и половина сендвич.
- Намалете го внесот на калоричните пијалаци. Наместо вообичаеното кафе со млеко и газирани пијалаци, напијте се чај со лимон.
- Внимателно избирајте ја ужината. Наместо чоколадо или чипс, изадете мало ќесе пуканки или интегрална плочка со замена за шеќер.
- Јадете “послаба“пица. Нарачајте пица со тенко тесто и со половина од вообичаеното количество сирење.
- Намалете го внесот на леб и на печива. Само една кифла со путер содржи 300 калории и 20 грама масти.
- Јадете поздрави варијанти. Чоколадниот кекс заменете го со овошје, а виршлите со посна пилешка салама.
ВЕЖБИ
- Користете ги скалите. Качувајте се по скали секогаш кога сте во можност, бидејќи така ќе согорите 300 калории.
- Кажете “ом“! Практикувањето јога или други техники за медитација ќе ви ја намалат секојдневната тензија, а и ќе согорите најмалку 250 калории.
- Правете вежби за обликување. Наместо вообичаениот интервал вежби без тегови, правете вежби за обликување на телото и ќе потрошите дополнителни 270 калории.
- Чистете по дома.Освен што домот ќе ви блеска, бришењето прав, рибањето и метењето заедно согоруваат 270 калории.
- Шетајте во друштво. Наместо да седите со пријателите, 45 минути движете се со енергичен чекор. Така ќе согорите 270 калории.
- Играјте видеоигри. Истражувачите открија дека играњето бокс во траење од еден час согорува 22 калории.
- Откако еднаш ќе се намали тежината, дури и само неколку третмани со апаратите за разбивање маснотии многу е важно фигурата да се одржува со фитнес, прошетки, а доста делотворни се и кремовите за отстранување на целулит.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Фотографии од свадбата на Елена Ристеска
Елена Ристеска и Бојан Ивановски синоќа стапнаа на лудиот камен. Во прилог се неколку фотографии од нивната свадбена вес...
4
Заблескајте ова лето на плажа
Со цел да имате поголема самодоверба и да бидете сигурни дека сте подготвени за летната сезона, Ви претставуваме неколку...
3
Зимски предизвик, заштита од студ и сув во...
Ниските температури, студениот ветер и сувиот воздух во затворени простории ја нарушуваат природната заштитна бариера на...
3
Има 50 години, две деца и фантастично тело
Згодната Хали Бери е доказ дека не морате да поминувате часови во теретана за да имате совршена линија
3