namesp во 10:12
Бидете еден ден во неделата вегетаријанец
www.rak.mk, 8.1.2011
Вегетаријанците имаат понисок крвен притисок и пониско ниво на холестеролот за разлика од луѓето кои јадат месо.
Не ве присилуваме да се откажете од месото за цел живот, но еден ден неделно би можеле да практикувате вегетаријанска исхрана, чисто за да го подобрите и сочувате своето здравје. Еве како:
Балансирајте ја исхраната. Многу видови на месо се богати со масти и холестерол, но и со протеини кои му се потребни на нашиот организам. Освен во месото, протеините ги има и во млекото и мелчните производи, во јајцата, во јатчестите плодови (ореви, лешници, бадеми, ф'стаци) во семките... Погрижете се да внесувате доволно протеини со оброците. Мора да внимавате да внесувате разновидна храна, а не еднолична, бидејќи на телото му требаат различни витамини, минерали и други неопходни хранливи состојки.
За да бидете сигурни дека внесувате доволно железо со исхраната, јадете свежо овошје и зеленчук, но и сушено овошје, кое исто така, е богато со овој минерал. Јадете грав, леќа, темно зелен лиснат зеленчук, кои исто така содржат големо количество на железо.
За да внесете доволно витамин Ц, јадете храна која е богата со овој витамин, кој ја подобрува отпорноста на организмот. Витаминот Ц го има во големи количини во пиперката, брокулата, лимонот и другите врсти на јужно овошје, во јагодите, малините, капинките...
Калциумот е исто така многу важен минерал. Затоа внесувајте го овој минерал преку храната која е богата со калциум: спанаќ, кељ, прокељ, рикола, зелка, бадеми... Одберете го својот вегетаријански ден. Избегнувајте ги деновите кога имате многу работа или се стресни сами по себе. За да преодот ви биде полесен, припремајте ги своите најомилени јадења, но без месо. Пиците, шпагетите, лазањите и другите тестенини можат да бидат многу вкусни и без додавање на месо. Пробајте да ставите сушен патлиџан, кромид, спанаќ, пиперка и печурки. Односно можете да ставите зеленчук кој вас ви е омилен. Ставете повеќе сос од патлиџан и ќе се изненадите колку можат да бидат вкусни тестенините и без месо.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Здрава ужинка која малите ја обожуваат: ЈА ПРОБУВААТ, ЈА СМАЧКУВААТ И БАРААТ УШТЕ!

Помина веќе еден месец откако вашето бебе се појави на белиот свет. 24-часовните дежурства крај новороденчето стопија де...

Со оглед на тоа дека е летна сезона, моментално на море престојуваат многу семејства, а меѓу нив и славни личности
