|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Бебињата го уништуваат телото на жената?

Ntima Preusser, 5.6.2024
Пред да останам бремена некој ми рече - Не раѓај, бебето ќе го уништи твоето тело
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Има повеќе од една година откако ќерка ми го започна својот живот. Минатата година, во овој период, таа беше микроскопска точка во мојот стомак и ние ја објавивме бременоста. Четири месеци по нејзиното раѓање моето тело се уште содржи докази за нејзиното постоење.

 

1

 

Имам темни кругови под очите. Цела долина каде што некогаш беше мојот стомак. Колкови со нови амплитуди кои мојот тинејџерски ум не може да ги препознае. Линии на стомакот кои докажуваат дека тој некогаш личел на планина. Осветлени напукнувања на кожата кои докажуваат дека еднаш сум била претесна и одвај сум ја собрала сета љубов која се населила во мене и која ме исполнила. Линии кои докажуваат дека мојата убава ќерка еднаш живеела во мене.

Како можам да се срамам од тоа?

Толку многу сакани луѓе гледам во неа. Ги гледам сјајните очи на татко ми и трепките и веѓите на нејзиниот татко. Го гледам седумнаесет годишното момче во кое за прв пат се заљубив вистински и мојот дедо кога бил дете, секогаш кога таа ќе ме погледне. Таа ги има моите уши и мојата брада. Оние кои никогаш не ги сакав...Сега се чувствувам поубаво, бидејќи утврдив дека се совршени и посебни!

 

Моето тело создаде живот.

И ја посакувам таа привилегија на секоја жена.

 

2

 

Сигурна сум дека мојот стомак е малку помек, но ќерка ми се кикоти кога отскокнува на него. И да, колковите ми се раширија, но многу подобро играм додека ја заспивам. Мојата 25 годишна коса има по некое бело влакно, но таа се смирува кога ќе ја фати меѓу малите прстиња.

 

Јас не сум беспрекорна појава во очите на општеството, ниту блиску до она што некогаш бев во физичкиот изглед, но во очите на мојата ќерка јас сум совршена.  Заради неа, би ја дофатила и Месечината. Таа го знае моето срце. Го знаеше многу порано пред да ме запознае.

И ме сака заради тоа.

Не можам да ви опишам колку сум среќна заради тоа.

Моето тело е само обликување на мојот дух.  А тој е силен и непоколеблив.

 

3

 

Моето тело создаде  живот.

Моето тело е моќно.

Моето тело ме направи мајка.

 

Нештата кои  беа скршени пред да ја запознаам неа, таа ги залечи и ме направи повторно цела!

 

Извор: A Beautiful baby project

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Запознајте го Дариан - детето родено со по...
Повторно ќе те одберев тебе.. Ако пред да се родиш, можев да одам во рајот и да избирам од сите добри, златни дечиња, по...
4
9 годишно дете сака да се самоубие заради ...
„Сакам да се самоубијам“: Мајка објави трогателно видео од синот кој на училиште бил малтретиран поради џуџестиот раст
4
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4




Анкета

име за машко
marija.rizovski

Кое име ви се допаѓа повеќе

дејан (18%)

давид (53%)

ненад (10%)

давор (19%)


Број на сите гласови: 141

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!