namesp во 10:10
Апсолутни знаци дека ќе бидете прекрасна мајка
Редакција Рингераја, 15.9.2014
Има некои знаци кои ќе ви помогнат да сфатите дали ќе бидете добра мајка. Кои се тие?
Се радувате на децата
Радувајќи се на децата, вие на најприроден начин ја изразувате желбата да имате потомство, а тоа е сигнал дека сте подготвени. Тешко е да се каже дали една жена која изразува неподносливост кон деца кои врескаат и трчаат наоколу, ќе биде добра мајка, иако и тоа не е веродостоен критериум. Многу жени созреваат за мајчинство дури откако ќе имаат свое дете.
Постојано добивате комплименти за тоа колку ве бидува со деца
Ако луѓето околу вас ја забележуваат вашата дарба да разговарате со децата, тоа е сигурен знак дека ќе бидете прекрасна мајка. Многу возрасни не умеат да комуницираат со туѓите деца на соодветен начин, а некои дури и не можат да воспостават силна емотивна врска со сопствените деца цел живот.
Штом лесно воспоставувате контакт со туѓите деца и другите тоа го забележуваат, веројатно нема да имате проблеми.
Сте имале искуство со деца
Ако не сте имале претходно искуство со мали или големи деца, тоа не значи дека нужно ќе се судрите со тешкотии во одгледувањето на вашите сопствени деца. Но секогаш искуството е од корист. Ако сте имале контакт со децата на вашите блиски, сте ги чувале додека се нивните родители зафатени и тоа без проблеми, сигурно имате дарба.
Живеете самостојно
Веќе живеете во сопствен дом, имате одлична професија - што чекате? Многу луѓе ги чекаат овие достигнувања цел живот. Ако сте уредиле пристоен живот, тоа е силен знак дека сте способни да си обезбедувате стабилност. Речиси е сигурно дека ќе се справите со родителството.
Одговорни сте
Одговорноста е важна доблест што се однесува до децата. Што и да велат блиските, децата се приоритет број еден, штом веќе ги има.
Тоа понекогаш значи да се игнорираат сопствените потреби, за да им обезбедите на децата должно внимание и да ги задоволите нивните потреби. Ако ова не ве плаши, значи сте целосно подготвени.
Трпеливи сте
Трпението е апсолутно неопходно за сите родители. Дури и ако имате мирно дете, трпението ќе ви треба во други насоки, тоа не се однесува само за непослушни деца. Ако умеете да го задржите темпераментот, да слушате, да објаснувате со часови, да одговарате на илјадниците прашања кои се раѓаат во малата детска глава, вие имате челична трпеливост и ќе бидете одличен родител!
Знаете како да поставувате граници
Балансирањето и трпението одат рака под рака. За воспитувањето е важно да се постават граници. Не такви кои ги сечат крилјата на децата, но такви кои ќе ги научат на значајните социјални вештини.
Освен тоа, ќе можете да внесувате стабилна и балансирана атмосфера во домот, што е многу важно за квалитетен живот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација

Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...

Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...

Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
