|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Anushka: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 4.10.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/131


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: Anushka

Датум на породување: 11/1992; 03/1995; 07/2009 година

Тип на породување: carski rez

Болница: Чаир и Систина

 

 

 

Не се сите породилни приказни - приказни. Некои се викенд-романче, некои роман од 2 тома, други пак анегдота, авантура или, не дај Боже трилер, но мојата породилна приказна е бајка.

Кога сум била многу, многу малечка - како зрно грашок - цели седум месеци сум ја „приковала“ мајка ми за кревет, за да ме донесе на овој свет. Секогаш имаше обичај да каже дека многу се намачила за мене да ме роди.

Таква, си мислев ќе бидам и јас, ќе ми треба кој знае колку време да станам мајка.

За прв пат останав бремена на 21 година. За втор пат на 24 години. За трет пат на 40 години. Сите три пати одев во кревет само за спиење. Имав огромна среќа да не ја делам судбината на мајка ми и да бидам трудница „како по книга“. Сите тие вкупно 21 месец (леле, како слониците?!!), беа едни од најсреќните периоди од мојот живот. Толку многу ја сакав улогата на идна мајка, што од моментот на здогледувањето на двете цртки на тестот за бременост, почнував да одам со стомакот „напрчен“ нанапред, а нозете да ги клацкам лево-десно.

На мојот календар ќе ја впишав секоја седмица од сите четириесет. Секое влегување во наредната „недела“ ќе ми беше посебен празник, посебно достигнување! Во главата си правев „филмови“ како да ја средам идната соба на бебето (а никогаш немав соба за такво нешто). Купував радосници, нокширчиња, пелени, блузичиња и бенкичиња. Уште во четвртиот месец од бременост ќе го „напикав“ креветчето за бебето во нашата спална соба. Секој ден нешто ќе средував, прередував, пребојадисував. Сто пати ќе ги препеглував алиштенцата. Ќе ги викав сите колешки и пријателки да им покажам што ново сум му купила на бебето. Покрај влезната врата секогаш ќе имав спремено три торби: една, најмала - да ја земам кога ќе одам да се породам, втора - таа која сопругот ќе ми ја донесе во болница од кога ќе се породам и трета, со најубави алишта за мене и бебето, на свечениот ден кога излегуваме од породилиште. Секогаш подготвен беше и список со телефони на кои среќниот татко треба да се јави за прославата наречена „Мекици“...

Сите три пати ја живеев мојата единствена бајка на трудна принцеза. Се' до моментот на пораѓање! Покрај мојата „манекенска“ линија, покрај моето џогирање, јогирање, пешачење и здрав живот, моите бебиња не сакаа ни да чујат сами да излезат! Сите три, точно во термин ги вадеше чичко доктор со ножици...

Кога ги добив болките со првото бебуле, пред 18 години, цела ноќ наспроти понеделник одев по скалите на болницата угоре-удолу, со шише инфузија-провокација во раката. Рано утрото, пред изгреј-сонце, мојот гинеколог реши да ја превземе работата во свои раце. Во 04.30 часот, со царски рез, го извади од мене моето бебенце!

Кога прв пат го здогледав мојот првороден син - „јас“ престанав да постојам. Од тогаш станав „ние“. Се споив со небото. Се стопив со земјата. За мене, времето од тогаш почна да тече.

Го допирав по убавите ноџенца преку розовата, искината пеленка како најскапоцен, најубав подарок од Бога. Посакав му бидам добра мајка за навек на ова прекрасно суштество, кое сум имала среќа токму мене да ми биде син!

Волшебноста на мајчинството ми направи набрзо да заборавам на болките, неизвесноста и стравовите кои ме окупираа додека бев бремена и по две години, повторно родив. Родив, како што ми кажа докторката кога ме освестуваше од анестезија по вториот царски рез - „цел маж во чизми“. Бебе од 4 кгр. и 58 см!

Цела бременост (пред 16 години, на ехо полот не се погодуваше лесно) посакував ќерка. Но, еве сиве овие години ниту еднаш не зажалив што го родив мојот втор син, а важен исто како прв. Вистинска реинкарнација на татко ми, кој за жал, почина непосредно пред да му се роди вториот внук...

Кога за прв пат во мојот живот се сретнав со моето второ детенце, прво што си помислив беше: „Што ли сум правела без тебе, злато мајкино, гордост моја?!“ Толку ме маѓепса со својата вродена привлечност, што до ден денешен си велам секогаш кога ќе го погледнам, секогаш кога ќе ми прозбори - сто пата ќе изодев, сто болки ќе издржев - само тебе да те имав!“

Единствена цел во животот беше среќата на моите две деца. Се' до денот кога мојата ќерка „реши“, од сите жени на овој свет, токму мене (на овие години!) да ме одбере јас да и' бидам мајка. Неочекувано, како „гром од ведро небо“, третите две цртки на тестот за бременост ја започнаа „третата сезона“ од серијата „Бајка на една мајка“...

Се породив со спинална анестезија, трет царски. За прв пат го доживеав мојот тооолку посакуван сон - да си ја видам својата рожба веднаш во моментот на нејзиното доаѓање на овој свет. Будна, возбудена, го здогледав голото газенце на мојата прва и една ќерка! Прекрасна, ете таа е мојата вистинската принцеза!

Во ист момент кога ја гледав неа, ги гледав и синовите, само што родени. Сиот живот ми се сврте во една безвременска лента, сите три пораѓања ми се споија во едно. Тогаш го наслушнав шепотот на Вечноста, тогаш сознав зошто постојам.

Кога бев дете цврсто бев решена да бидам астронаут, да стигнам до ѕвездите. Тогаш, не ни сонував дека до небото и ѕвездите ќе стигнам преку еден друг пат. Тогаш не ни замислував дека ќе бидам остварена во сите желби кои можат да се замислат во космосот - преку постоењето на моите три деца.

Му благодарам на Бога што ми ја раскажа најубавата бајка на планетава - да се биде мајка. Го молам Бога секоја жена која ја носи желбата за мајчинство да ја доживее својата среќна породилна приказна.

 

 

Анушка                                                                                                                 Скопје,28.09.2010

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Мила и долг и среќен живот на Војкан и Кирил !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Доење за време на бременост
Во неразвиените земји не е чудно да се види жена која дои, иако е бремена. Но во нашиот “развиен дел од светот”, околу т...
4
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?