|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Успешно доење благодарение на пумпата Медела
Автор: Анонимен автор | 5.8.2020
Прв пат со доењето се запознав пред 4 години кога се роди мојата керка. Не бев многу информирана, не знаев ништо за доењето, бев исплашена дека можеби е гладна и посегнав по адаптирано млеко и после тоа јасно е дека млекото во секој случај се намалува и на крај останав без млеко иако ќерка ми беше само 3 месеци на ексклузивно доење за жал а толку сакав да цица...Ми беше толку многу жал што мораше да се одбие но природата си го направи своето - бебе не цица и нема млеко. Бев многу лута сама на себе. Бидејќи ниту една емотивна врска помеѓу мајка и бебето не може да биде по силна од доењето но сепак се тешев дека барем 3 месеци цицаше. Кога останав трудна со второто дете сега веќе скоро 11 месеци син ми, бев убедена дека ќе го дојам. Се роди син ми жив и здрав, Слава на Бога и време беше за нашата прва средба и нашето прво доење, за среќа млекото надоаѓаше но не беше доволно и затоа пиеше и дохрана додека бевме во болница. На прв преглед кај нашиот доктор морам да ја споменам Д-р Даниела Николовска од Кратово бебето имаше пак намалено во килажа и затоа се меревме неколку дена по ред... Поради жолтица бебето не цицало иако јас мислев дека цица и постојано беше успиено моравме одма да реагираме за да не престане млекото.Тука почнува нашата борба во која сме јас, син ми и нашата докторка. Бев повторно многу исплашена, загрижена и мислев дека ке биде исто како првиот пат, а не го сакав тоа. Бебето немаше сила да цица, млекото се намалуваше мораше под хитно да се превземе нешто. Бидејќи само со цицање можеше да ја надминеме жолтицата а млекото да продолжи да се произведува. Стоев пред докторката и бев толку беспомошна и исплашена, бидејќи можевме да бидеме вратени на фототерапија, можеше млекото за секогаш да исчезне и можеше многу работи да се случат а јас не бев способна за ништо да размислувам само сакав поскоро да се најде решение бебето да биде добро и секако да цица. За неколку минути докторката рече: Имам пумпа на Медела од една друга мајка, ја замолив да ни ја позајми ( Го користам моментот уште еднаш да се заблагодарам на мајката за пумпата .. Благодарам Сања многу ми помогна )...Откако докторката ми објасни како да ја користам пумпата, како да стимулираме млеко и како да го складирам одмолзеното млеко започна нашиот маратон. Прво бев исплашена Бидејќи сум слушала колку се болни пумпите, но никој не ми кажал дека Медела се најдоброто нешто што може да постои на пазарот. Почнав со одмолзување и започнав со 20мл, да малку звучи но на бебето му беа сосема доволни за почеток, ги пиеше од шишенце. Почетокот беше добар иако беа 20 мл за мене не беа охрабрувачки но за нашата докторка беа одлични и рече: Одлично, млеко имаш, продолжи да се одмолзуваш и храни го бебето со шишенце додека да добие сила и упорно ставај го на града, иако не влече уште млеко не ја тргај пумпата бидејќи не само што одмолзуваш со неа стимулираш млеко.Утредента беше голем ден за мене, треперев од страв пред прегледот бидејќи мерењето ќе беше пресудно дали треба докторката да не испрати на фототерапија или сепак најубавите први денови од раѓањето ке ги поминеме со најблиските и со сестричката која не се одделуваше од своето новородено братче. На пат накај докторката размислував само за тоа како ќе и кажеме на сестричката дека со братчето ке се вратиме пак во болница? Бидејќи не верував дека после неколку дена губење килажа денеска ке бидеме ок .Стигнавме кај докторката, одма на вага и за среќа почнавме да качуваме грамови. Бев пресреќна како никогаш срцето ми трепереше и од страв и од возбуда. И докторката беше среќна се гледаше дека се радува за нејзиниот успех и труд бидејќи постојано беше во контакт со мене ја известував после секое одмолзување и доење. Сега за сега се беше добро но бебето жолтицата се уште ја имаше. Докторката ми направи шема како, кога, колку време да се одмолзувам. Рече со интензивно пиење млеко жолтицата ќе се повлече и мора да ја зголемиме лактацијата за да можеме да продолжиме да се доиме. Секој нов ден бебето беше све по будно а млеко одмолзував се повеќе и повеќе што почнував да верувам дека моето бебе ќе биде доено бебе. Еден месец нон стоп одмолзување беше доволно за да си ја зголемам лактацијата, бебето да се оправи од жолтицата а ние да продолжиме да се доиме. Син ми сега е скоро 11 месеци и ние уште сме на доење јас сум пресреќна мајка. Најдобро нешто што може да му дозволите на вашето малечко е мајчино млеко. Најздраво нешто кое што има многу бенефити ...Здравјето пред се , полесно е, поубаво е....Емоционалната блискост не се постигнува ни на кој друг начин освен доењето. Немојте да се откажувате кога ке наидете на неуспех, на почеток можеби изгледа тешко но верувајте не е воопшто, резултатите доаѓаат подоцна. Информирајте се на време, најдете добар советник како што јас ја имав мојата докторка затоа што верувајте потребна е голема едукација. Инвестирајте во пумпа Медела доколку имате потреба бидејќи верувајте тоа е најдобра инвестиција затоа што не постои подобра инвестиција од онаа кога вложуваме во здравјето на нашето дете ...Доењето нема цена.




Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар





Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?