Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Совршен избор за гурманите
Кременадлите одвојте ги од коските или тоа нека го направи месарот во месарница за вас. Секое парче истолчете го со чук за месо и зачинете го со сол, бибер и зачини по желба. Извалкајте ги во брашно и вишокот брашно истресете го од кременадлите. На врело масло пржете ги кременадлите од двете страни, само колку да фатат боја. Извадете ги од тавчето и ставете ги на чинија. Во истото масло пржете го ситно сечканиот кромид. Вратете ги кременадлите во тавчето и прекријте ги со ладна вода. Поклопете го капак и гответе додека да омекнат кременадлите. Кога кременадлите ќе бидат печени (месото да биде многу меко) ставете ги ајварот и протресете го тавчето. Гответе уште 5 минути. При крај, ставете го сирењето, згмечено со вилушка и сосема на крај додадете ги ситно сечканите ливчиња босилек. Кога ќе се растопи сирењето, тргнете од оган. Јадењето послужете го сварени тестенини.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 3
Kомплицираност: 3
1,5 кг кременадли, без коска
350 гр лут ајвар
250 гр фета сирење
500 гр тестенини, сварени
малку брашно
сол, бибер
неколку ливчиња босилек
1-2 главици кромид
забава Бремените
Автор: bobik
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...