vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
За големите мајстори на кујната
Исечете го говедското месо на коцки, и посолете со вегета па оставете да отстои на кратко. Во тавче додајте масло и испржете ја ситно сечканата сланина а потоа и месото. Истурете вино и варете околу еден час со повремено додавање на вода. Во посебен подлабок сад со преостанатиот зејтин пржете ги исечените компири во помали парчиња, додадете исечени печурки во квартали, црвениот пипер, шеќерот, и кога течноста ќе испари, додадете шеќер, добро измиениот и исечкан кромид и црвениот пипер. На крај во садот додадете го говедското месо и оставете да се готви уште 20-30 минути. На крајот месото прелијте го со вода (околу 500 мл), додадете густин исмешан со малку вода во садот и посипете со исецкан магдонос.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 120
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
* 500 г говедско месо
* 2 лажици вегета
* 50 г пушена сланина
* 50-100 мл бело вино
* 100 г (кромид)
* 500 г млади компири
* 2 лажици масло
* 250 г печурки
* 1 лажичка шеќер
* 1 лажица густин
* 1 1/2 лажичка црвен пипер
* малку магдонос
забава Бремените
Автор: bobik
Која пумпа за млеко е најсоодветна за вашите потреби?
Рачна или електрична? Еднострана или двојна? Мала и дискретна или помо...
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...
Дали може да забремените ако имате ХПВ?
Позитивниот ХПВ тест не значи дека треба да се откажете од плановите з...