Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Дали ја подготвивте зимската салата? Еве еден супер рецепт!
Производите се мијат и се подготвуваат така што пиперките и зелката се сечат на големи парчиња. Морковите и ренот се рендаат и се сечат на кругови. Карфиолот се сече на цветови, а доматите се пробиваат на 2-3 места со игла за шиење. На дното на теглите се става 1 лозов лист (измиен и попарен) па производите се редат измешани и во секоја тегла се ставаат 2-3 чешниња лук и неколку зрна црн пипер. Подгответе саламура од вода и сол, варете десет минути, а потоа додадете оцет. Саламурата повторно врие и се трга од оган. Откако ќе се излади, распоредете ги во двете тегли. Над зеленчукот се ставаат 2-3 измиени и попарени лозови листови. Покријте ги теглите со капаци и чувајте ги на ладно место.
Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 120
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
Производи:
3 кг црвени пиперки
1 главица карфиол со средна големина
1 кг мали свежи моркови
1-2 кг мали зелени домати
1 главица бела зелка
4-5 чешниња лук
1 мал корен од рен
неколку зрна црн пипер
7-8 листа винова лоза
За саламура за 2 тегли од 3 литри:
7 лажички вода
5 лажички оцет
1 лажичка сол
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...