Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Овој уникатен рецепт за превкусни мекици се разликува од останатите по неговата неверојатна едноставност и брзина на приготвување. Се добива нежно и меко тесто, а на нивниот фил и извонредна арома ретко кој може да одолее!
Замесете ги киселото млеко, содата претходно измешана со оцет, шеќерот и додадете брашно, без да прекинувате да го мешате тестото. Кога маталката веќе не може да се справи со мешањето, поставете го добиентото тесто на работната површина, нанесете малку брашно и рачно замесете го целосно тестото. Потоа истото поставете го во сад претходно премачкан со масло и одогозора покријте со проѕирна фолија. Вака приготвено складирајте го тестото во ладилникот на 30 минути. Измешајте ја урдата со изренданиот кашкавал, додадете сол по вкус и лук по желба. Поделете го филот на 3-4 дела. Извадете го тестото од ладилникот, исто така поделете го на 3-4 дела и обликувајте тенки мекици. Поставете од филот врз секоја од мекиците и притиснете ги краевите, обликувајќи полнета мекица. Вака приготвените полнети мекици поставете ги да се пржат. Пржете и од двете страни, до добивање златно-кафеава боја.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 4
3 кафени шолји брашно
1 кафена шолја кисело млеко
200 гр урда
150 гр кашкавал
2-3 чешниња лук (по желба)
Половина кафена шолја шеќер
Половина кафена шолја сол
За пржење масло за готвење
Половина кафена шолја сода бикарбона
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...