|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  34 35 36 [37] 38   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Опрема за новороденче
11.11.2015 15:03:28   
Melanija RR
Kvisko фала на објаснувањето за седиштето и транспортерот,навистина незнаев што и како.user posted image

Да бањање во соба каде и се преповива е најдобро. Да скапи се ,комплет ногарки и кадичка.Незнам само ногарки дали воопшто има. А едино на пластичарска но не верувам.Сега ѕирнав на бебесуперкаркет има за 1.6оо ден незнам дали секоја одговара

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 901
   RE: Опрема за новороденче
11.11.2015 18:45:15   
lolla RR
Ние од старт го бањаме во купатило, на када со ногарки, бањањето во дневна некако не ми иидеше, чудно ми беше. Нас стратегија ни беше следна; преповивалната како таа на сликата погоре за на кревет ја стававме на машината за перење и таму го пресоблекувавме и сушевме со крпа. Потоа во памучно го носевме во спална и таму си го масирав и облекував. До кај 3 месеци го облекувавме во купатило ама многу топло и спарно беше и решивме во спална. Имаме парно, а за пролет/есен земавме калорифер. Сега колку прска, бањање во дневна треба најлон колку соба да постелам.

Нашиот ортопед препорача седење во спротивна насока до 18 месеци и ние сега зедовме седиште група 0/1 до 18 кг што е, ное нема опција да сњ вади туку само да гледа напред или назад. Единствено за оваа опрема за во кола не сум за половна бидејки безбедноса при возење е многу важна.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 902
   RE: Опрема за новороденче
11.11.2015 21:13:18   
Hopeful RR
Ехее, што убава дискусија се разврзала user posted image

Ние на почетокот, првите 2 месеци, ги бањавме бебињата на чешмата од кујнското лавабо, исто како во болница. Неверојатно практично и лесно, ептен препорачувам. Кујната ни е споена со дневната и одма го носев на пресоблекување, со тоа што првите месеци трпезариската маса ни беше baby station, а сега решивме да јадеме како луѓе и ги пресоблекувам на тросед, со непропустлива простирка.

Од бебесупермаркет купив обична када на Бреви без ногарки и сталак, со минималистички дизајн и сум презадоволна - до скоро ги бањав во дневна, на под. Ем не се лизга, ем нема кај да падне, ем го гледам и другиот. Сега бидејќи се преселивме во поголем стан со поголемо купатило, кадичката ја ставам во нашата када и така ги бањам, па потоа завиткани со бањарка ги мачкам, средувам и облекувам во дневна. Со парно сме, така што не е страшно.

Во однос на други работи што треба да земете - не заборавајте тетра пелени! user posted image Освен обични тенки, има во Џамбо едни меки фланелски, тие ми се хит. Ги ставам и на креветче, да не спијат на ладен чаршав, и во количка кога е поладно, ептен се супер. Друго, не заборавајте на капчиња и лигавчиња, а за бодија и шпилхозни, од најмалите земете колку што можете помалку, бидејќи одма ќе ги надраснат, за еден месец готово. Знам дека е мерак, ама меракот нека седи за 3-6, 6-9... user posted image


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 903
   RE: Опрема за новороденче
12.11.2015 11:01:00   
SOLE
еј што убава тема, се изначитав од сабајле, многу корисни работи научив user posted image Јас уште ништо не сум купила бидејки сеуште е рано дури и полот уште не им се знае ама едваи чекам да почнам со купување за бебушките, сега за сега само разгледувам и се ми се допаѓа user posted image . Вие кога за прв пат и купивте нешто?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 904
   RE: Опрема за новороденче
12.11.2015 11:19:30   
Felly RR
ДИскусијава и мене ме натера да прочепкам на интернет, па најдов и многу работи што за М не сум знаела ни дека постојат user posted image е сега за К (пошто темава на тргна на капење) видов едни интересни што се ставаат во туш кабина да го ставиш бебето да си лежи и да го бањаш слободно. Одолзола се со гумчиња, да не се лизгаат, ама има и пластични, и фротирски - такви имам видено од бекутан, мислам даваа на промоции со нивни производи, а има и од сунгер. Овие пластичниве како најсоодветни ми изгледаат, па ќе треба изгледа на пролет, кога ќе се стопли да си набавиме такво. За М имавме голема када и коритцето го собираше внатре, ама сега имаме туш кабина, па оваа опција ми изгледа како најпрактична. ГЛедав имаше и како столчиња, ама детето затворено од сите страни, некако мислам не можеш убаво да го измиеш, можеш само да го поливаш со водичка, а овие за лежење затоа ми се како попрактични.
user posted image
Само не знам до која возраст би сакало user posted image да лежи во вакво додека се бањаuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 905
   RE: Опрема за новороденче
13.11.2015 12:31:48   
Kvisko
Felly јас вакво многу слично имам видено дека се става во нормално корито за да го направиш анатомско и така да бањаш бебе. Едни пријатели така го бањаа бебето додека не почна само да седи потоа го еднуваа во корито за бањање. не знам дали поголемо дете ќе сака да седи во ова. Мене ми е ова баш она што го викаат купко за бебиња.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 906
   RE: Опрема за новороденче
13.11.2015 16:05:52   
Felly RR
Да, се ставаат во кадичка, но исто може и во туш кабина на пр, или во обична када. Сега гледав еве, за до 8 месеци се, или до 8 кг.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 907
   RE: Опрема за новороденче
18.11.2015 15:59:58   
Kvisko
Мамички ај пак да ве прашам.
Колку бодиња и колку шпилкозни имавте на почеток и кои бројчиња купувавте (56 или 62)? Некаде читав дека ми требаат 6-8 бодиња и 6-8 шпилкозни. Дали ми е тоа доволно или да зголемам или намалам. Исто гледав и комплетчиња на горно како бенкица/дуксче и како хелнаки со стапалца па се мислам дека и тоа може да е практично од аспект на слоевито облекување па ако му е топло да остане само по боди. Што мислите?
Исто така се мислам да купам два пешкира или само еден па да чекам некој евентуално да ми донесе уште еден или од почеток да си купам 2 па што е сигурно сигурно е.
Се мислам зашто не сакам да се претргнам од трошење пари за почеток кога се се користи кратко а сепак да не останам со кусок на работи.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 908
   RE: Опрема за новороденче
18.11.2015 19:04:52   
Hopeful RR
Kvisko, свежи ми се овие дилеми, истите работи ме измачуваа, па еве како јас поминав.

Таа бројка на облека е преголема, како што се испостави. Јес дека доаѓа зима, ама не дека бебето се валка па ќе се пресоблекува на секои 5 минути. Плус, новороденче ни се лигави, ни се флека, па да треба толку многу облека. Мислам дека доволни ти се 2-3 бодија без ракави, како рамбовки (јас имам 5 за две бебиња и сосема е доволно), и 2-3 бодија со кратки ракави. Шпилхозни - исто би рекла 2 или 3, со тоа што мене ми е поедноставно боди со долги ракави и пантолончиња со стапалки/хеланки, полесно за пресоблекување, а и тоа што викаш - ако е топло, може да седи по боди. Ако имаш вакви 2 комплети, доволни ти се 2 шпилхозни, нема потреба од повеќе.

Во однос на бројот - 56 е најмало, мислам доволно ти е еден пар шпилхозни 56 за од болница и за првите денови, бидејќи одма ќе го надрасне. Останатите земи ги 62. Е сега, зависи и од кој бренд е бројот - на пр. во H&M, Зара се точни, но оние македонските што ги има во Стружанка и Анжи се преголеми, иако 56.

За пешкир - еден, ич не се мисли. Сигурно ќе ти донесе некој, а и нема ни да ти треба повеќе, и да го переш, одма ќе се исуши. Исто и ќебенце, не земај повеќе од едно, бар за почеток. Ракавички - 2-3 пара, капчиња - 3-4. Е сега, ќе ти требаат повеќе лигавчиња, да речеме 5-6, бидејќи ќе бљуцка и повраќа, и тетра пелени - околу 10-12.

Мислам дека ова е основна количина со која ем ќе бидеш покриена за почеток, ем нема да фрлаш пари без потреба. Облеката одма се израстува и знам дека е мерак, ама подобро да се дадат пари за нешто битно, што ќе трае, отколку за алишта. Во секој случај, ако ептен ти притреба нешто плус, лесно е да се докупи user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 909
   RE: Опрема за новороденче
19.11.2015 9:29:03   
sandriana RR
Мислам дека доволни ти се 2-3 бодија без ракави, како рамбовки (јас имам 5 за две бебиња и сосема е доволно), и 2-3 бодија со кратки ракави

За зимско бебе не знам колку би користеле боди без ракави. Според мене најпрактични се боди бенкиците со долги ракави - некако и по димензија се соодветни за првите 1-2 месеци, и дебелината на материјалот. Бебе би носело таква боди бенкица плус шпикозна или комплетче бенкиче со ѕивриџки/хеланки.
За почеток 5 такви боди, 2-3 пара шпикозни и 2-3 комплетчиња - сосем доволно.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 910
   RE: Опрема за новороденче
19.11.2015 20:21:58   
Kvisko
Големо фала знаев дека ќе ми ги решите дилемите. Инаку водите планирам со долги ракави да бидат зашто ќе биде ептен зимско бебд.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 911
   RE: Опрема за новороденче
19.11.2015 20:37:57   
lolla RR
Моето се роди крај на јануари и користевме боди на долги и одозгора шпилхозни или комплетчиња. Комплетчињата ми беа покорисни. Имав 5-6 шпилхозни и 3-4 комплети и 6-8 бидиња. Причината беше што може да бљуцне, да му пропушти пелена, да се измочка искака баш при пресоблекување итн итн, па некој ке дојде ке го држи па ке си го пресоблечеш после. Иако кратко носени, со мерак си купував а и доста ми донесоа, па еднаш се такви мали црвци. Моја топла препорака е бодињата и бенкиците да ти се на врзување напред, барем почетните, позгодни се за пресоблекување.

Пешкири си купив 1 мал новороденечки, и 2 големи, од истата причина, знаеше баш да се измоча при бришење, и баш тогаш да не треба машина да се пушти. Тетра 10-15 не е лошо да се има и обавезно памучни дебели пелени/ кебенца за секаде ми се наоѓаат сеуште. Капчиња за после капење 1-2-3 пара исто и ракавички. Неколку лигавчиња ако бљуцка. Кебе едно кое се закопчува и едно поларно за во транспортер. Водонепропустливи подлоги се згодна работа исто така.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 912
   RE: Опрема за новороденче
19.11.2015 20:47:41   
Hopeful RR
Водонепропустливи подлоги за пресоблекување се неопходни, и мене најмногу ми се допаѓаат тие од Стружанка, по 250 ден се. Од непропустливите работи, потребна е и прекривка за душече, што доаѓа под чаршавчето, за секој случај. Тие ги најдов најевтини во Анжи, заборавив точно колку.

Инаку, јас како голем с''клетчија, а исто и бебињата, не ни помислив на комбинација долги ракави со шпилхозни, затоа предложив рамбовки и кратки. Плус дома ако сте со парно, мислам дека нема потреба од толку наоблекување, евентуално за шетање надвор.

Btw, боди бенкици со долги ракави и на врзување има во Анжи, и ич не се скапи. И од Зара боди бенкиците се топ, ни тие не се скапи.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 19.11.2015 20:50:27 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 913
   RE: Опрема за новороденче
19.11.2015 20:57:02   
lolla RR
Хоупфул, знам дека многу облека личи, ние сме со парно дома, но така ни рекоа во Систина, така и правевме. На почетокот нели терморегулацијата им е слаба па да ги облекуваме по еден слој плус од нас. Ние боди на кимони дури сега есенва почнавме активно да користиме, за под тенка блуза на долги. Дури и летото цело го мина во тенки боди на кратки да му ја збираат потта.


(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 914
   RE: Опрема за новороденче
2.12.2015 9:40:13   
Bea
Падна првиот шопинг за синко и тоа online user posted image
Имам роднини во Лондон, а начекав една акција на сајтот на mothercare и од мерак купив некои работи, па ќе ми ги донесат за 2 недели.
Купив пакетче од 5 бодиња со долги ракави, 2 пара шпилхозни, 2 капчиња и едно пакетче со 3 пара пижамчиња, кои веројатно и преку ден ќе си ги носи.
Ќе пукнам од радост user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 915
   RE: Опрема за новороденче
2.12.2015 9:43:56   
Kvisko
Супер за вас. Баш е возбудливо кога ќе се почне. Јас се си купив што мислам дека ќе ми треба за почеток и сега за сега сум решена да не фрлам пари ама а ќе видам нешто убаво на нет ме фаќа некој црв да не треба уште да купувам.
Инаку гледај бодињата да се раскопчуваат целосно да не мора преку глава да му ги облекуваш попрактични биле таквите, барем мене така ми кажаа. Кај нас ги има скоро секаде (ги има на Tritex, Kimiko, Waikiki, Zara). Ви принцип ми рекоа се нека биде со целосно раскопчување по нозе и напред/назад полесно било за облекување. user posted image

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 2.12.2015 9:51:33 >

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 916
   RE: Опрема за новороденче
2.12.2015 10:14:51   
Bea
Шпилхозните и пижамчињата се откопчуваат од напред, а бодињата се за преку глава. Меѓутоа бодијата ги земав поголемки малку, за после 3 месеци зошто беа ептен на попуст. Се фаќаше 120 денари боди, а органски памук некој.
За сам почеток планирам да земам баш од овие што ги имаш постирано со странично закопчување.

< Поракaта ја уредил Bea -- 2.12.2015 10:19:44 >

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 917
   RE: Опрема за новороденче
2.12.2015 15:23:27   
lolla RR
Боденца на врзување се закон за почетокот, ко на сликата погоре. Јас и сега имам 2 такви најголем број од тритекс за навечер некогаш ако пресоблекувам па да не му баратм околу главчето многу. Обавезно изнакупете тетри 15 - 20 се наоѓаат за се и сешто.

Ефтини боденца и бенкици на врзување има во стружанка на каспер или некоја скопска фирма беа, по 100 ден ние такви многу искористивме.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 918
   RE: Опрема за новороденче
25.12.2015 20:20:34   
Felly RR
Гледам доста информации сте споделиле за душечиња, па ќе ги префрлам во темата ТУКА, да ни останат попрегледни информациите.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 919
   RE: Опрема за новороденче
12.2.2016 9:31:53   
*devojce*
edno prasanje dali imate info kade moze da se nabavi rezerven precnik za kolicka.Mojata kolicka e cangaroo Dayana, megutoa od istiot tip ima jungle lux i chipolino pa precnicite se isti i odgovaraat, megutoa po nasive bebi marketi nemale rezervni delovi.pa sega za eden precnik nemoam nova kolicka da kupucam,a istovremeno e vazen del od kolickata go stiti bebceto.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 920
   RE: Опрема за новороденче
28.2.2016 8:03:37   
lukajana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mimidjon

Здрaвo мaмички,кaкo сте?Јaс сум труднa сo близнaчињa две ку...цa 6 ти месец ...мaлку ке ве гњaвaм ,мнoгу прaшaњa имaм.Кoличкaтa јa oдбрaв oд чипoлинo твикс мислам се викаше a зa транспортерите сaкaв дa се кoнсултирaм дaли ги кoристевте ...oвa ми е воведoт нa книгата хехе истo зa тoa штo спремaвте зa вo бoлницa ,здравје плaнирaм систинa дa биде и зa пелените дaли и кaкo стававте или сaмo пaмерс.Знaм сите сте зaфaтени нo кoгa ке имaте време еден вoвед зa пoчетoк штo би ми кoристелo штo ми треба..



_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот *devojce*)
Непосредна врска до пораките: 921
   RE: Опрема за новороденче
28.2.2016 21:33:46   
Hopeful RR
mimidjon, количката е сосема солидна поготово за цената. Разгледајте и други модели, но јас мислам секако да не трошите многу пари на тоа, сите колички се траскаат, се кинат, се удираат, деца ги бљуцкаат, повраќаат, и мислам дека не треба да се потресуваме за тоа user posted image Плус па со близнаци, трошоците се секако огромни и не вредат парите за скапа близначка количка.

Бидејќи нема транспортери за со близначка количка, ние купивме обични на Кидо, ги користевме 2-3 месеци за до лекар и после тоа си ги користевме седиштата во кола кои ни се од 0-18, со посебни подлошки за новороденчиња. Транспортерите ми се нови, ако сакаш ќе ти ги дадам user posted image

За во болница, ако се породуваш во Систина не ти треба ништо освен облека со која ќе ги одите дома со бебињата, се друго обезбедуваат од таму. За пелените имаме и посебна тема, но на кратко - близначиња се раѓаат помали и од искуство, подобро им лежат Кан Бебе 1, кои се помали од Памперс 1.

Од облека, не купувај премногу, одма ќе ги надраснат, исто и ќебенца и бањарки. Во однос на креветче - ти треба само едно за првите месеци, понатаму уште едно. Козметика - исто имаме посебна тема, ѕирни и таму искуства на РР мајките. Прашувај што друго те интересира и штеди пари, само тоа можам да кажам user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 922
   RE: Опрема за новороденче
29.2.2016 21:16:42   
mimidjon
фала ти хоперфул ,за транспортерите прати ми лична порака по можност и слика и здравје ако ни се допаднат ке ги земем и јас не сум за фрлање пари,количката здравје мајка ми ке ја купела таа на чиполина твикс мене многу ми се допага ептенн а за креветче имам исто од снаа ми и брат ми ново е здраво е зошто внуките само преку ден спиеја во нив и толку а за понатаму здравје ке видиме дали и ке купуваме уште едно.Така да ке глеам да не се расфрлам непотребно,се што можам и од облека од внуките ке искористам боденца ,бемкички...Да во систина здравје ке се порагам зошто со инв.две и да ризикувам овде некако не сум баш за а и матичниве не се ок досега ниту еднаш ме немат видено на ехо ...и така за ова чекам слика user posted image ептен сум возбудена ,гушки до вас

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 923
   RE: Опрема за новороденче
5.9.2016 6:47:21   
Katterina
Zdravo na site Sega gi citav spisocite na citatelkite, mnogu pati procitav SVEDSKI PELENI kakvi se tie koi se ako moze nekoja da mi objasni , vi blagodaram od napred vi posakuvam na site so lesnini da si se porodite, inace i jas sum okolu 30nedela :) :* so dusa cekam da si ja gusnam mojata måla princezicka:*

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 924
   RE: Опрема за новороденче
5.9.2016 20:29:42   
sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Katterina

Zdravo na site Sega gi citav spisocite na citatelkite, mnogu pati procitav SVEDSKI PELENI kakvi se tie koi se ako moze nekoja da mi objasni , vi blagodaram od napred vi posakuvam na site so lesnini da si se porodite, inace i jas sum okolu 30nedela :) :* so dusa cekam da si ja gusnam mojata måla princezicka:*

Шведски пелени или осмици -
user posted image


или помодерна верзија

user posted image

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 5.9.2016 20:31:11 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Katterina)
Непосредна врска до пораките: 925
Страница:   <<   < Претходна страница  34 35 36 [37] 38   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  34 35 36 [37] 38   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?