Hopeful RR
|
Капина - стварно, најдобронамерно кажувам и јас, дај сконцентрирај се кога пишуваш, те препрочитувам по неколку пати и пак не можам да разберам што всушност сакаш да кажеш. Инаку, потполно се слагам со niki, ова не само што е неверство кон сопругата, туку и кон децата! Од кај па сега тој излегува толку голем татко па великодушно сака да го земе другото дете кај себе, кога на времето не мислел за првото свое дете, и со тајна врска, направил второ дете со сопругата? Низа рационални одлука една по друга, навистина. Што е следно, четврто дете со некоја следна жена? Фактите се тие - тој направил тешка и непромислена глупост која има трајни последници за многу луѓе. Еве да речеме дека и имале проблеми, како што претпоставува kapina, зарем тој морал одма да оди и да прави дете со друга жена? Зарем е тоа решавање на проблемот? Од друга страна пак, anonimen кажа дека немале проблеми во бракот, дека се било хармонично до сега. Исто така, не може во секоја ситуација да се примети варање - има многу вешти и препредени мажи, кои убаво знаат да си ги скријат трагите. Очигледно, и на овој добро му одело тоа. Има многу сомнителни аспекти во овој случај, се работи за тешко нарушување на доверба, и јас само и посакувам сила и поддршка на anonimen да одлучи што е најдобро за неа, и за нејзините деца. Секој човек заслужува да живее во искрена, срдечна средина, во која ќе се чувствува удобно, разбрано и опуштено, а не да се плаши од лажење, криење, правење работи зад грб и слично.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
(Одговор на членот miana)
|