|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Совети за забременување/идни мајки
15.10.2010 20:18:02   
Idna mamica
Престанете со пушење На врвот на препораките за она што е пожелно да го направите пред да зачнете е престанокот со пушењето. Пушењето се смета за главна причина на проблеми во бременоста. Околу 20% од раѓањето на бебиња со мала телесна тежина, 8% од предвремените породувања и 5% од смртност во текот на породувањето можат да се поврзат со пушењето на мајката во текот на бременоста. Престанокот на пушење пред забременувањето ги зголемува шансите за опстанок на бебето. Испитувањата покажуваат дека понекогаш пушењето може да го отежне и зачнувањето.

Пушењето директно влијае на јајниците и го намалува нивото на естроген. Ако престанете со пушење додека се обидувате да зачнете, не само што ќе ги зголемите изгледите за раѓање на здраво бебе, туку зачнувањето може да се случи побрзо.

Земајте фолна киселина Познато е дека фолната киселина може да го заштити бебето од многу сериозни дефекти. Точноста на тоа и важноста од земањето на фолна киселина се потврдува се повеќе со секое ново испитување. Постојано се откриваат нови придобивки од земањето на фолна кислена. Многу жени не знаат колку е важно замањето на фолна киселина уште пред да дојде до бременост. Фолната киселина е исклучително важна уште од самиот момент на зачнувањето на детето, а многу жени не дознаваат дека се бремени пред да поминат неколку седмици од бременоста. На пример недостатокот од фолна кислена може да доведе до дефект на невралната цевка кај бебето, а таа се затвора во првите 28 дена од зачнувањето.Затоа од голема важност е да почнете да ја земате уште пред да забремените. Дозата која се препорачува за жени кои се обидуваат да забременат или за бремени жени е 400 микрограми девно. Тоа е минималната доза која треба да се прима за здрава бременост.

Внимавајте на морската храна Морската храна, осбено туна, ајкула, сабјарка и други големи морски риби често пати содржат големи концентрации на олово. Оловото пак како тежок метал, се таложи во организмот и може да доведе до дефекти кај бебето. Затоа ако се обидувате да забремените се препорачува да почнете да внимавате на тоа да не внесувате многу морска риба, односно се препорачува да го ограничите нејзиното внесување, исто како што би го направиле тоа кога веќе би биле бремени.

Направете лекарски преглед Сексуално преносливите болести можат да причинат голема штета на плодот, на пример Хламидијата. Затоа е препорачливо да направите брисови за вообичаените сексуално преносливи болести уште кога ќе решите да забремените. Тоа ќе ви овозможи доколку има некоја бактерија, да бидете излекувани пред да забремените.
Ако имате преголема телесна тежина, препорачливо е пред да забремените да ја доведето во нормални граници. Ако имате покачено ниво на шеќер во крвта или висок крвен притисок, не ги оставајте нелекувани. Доколку примате лекарства заради некои хронични заболувања (мигрена, висок крвен притискок, дијабетес, депресија, хронична болка и т.н.) разговарајте со лекарот.

Некои лекарства се безбедни во текот на бременоста, но некои не се. Во случај да примате лекарства кои се штетни, кога ќе решите да забремените, лекарот ќе може да ви ги замени со такви кои нема да и наштетат на бременоста. Ако се погрижите да ја подобрите вашата општа здравствена состојба пред да забремените, ќе имате поздрава бременост. Тоа е добро не само за вас, туку и за вашето бебе.  

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 12.8.2014 13:48:43 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Совети за идните мајки
16.10.2010 12:12:03   
Anushka
Идна мамица, user posted image user posted image user posted image  одлична тема, неисцрпна!
- не јадете за двајца, јадете исто како што сте се хранеле пред да забремените. И во конц.логор мајките раѓале здрави бебиња
- пијте 3 литри вода на ден
- земајте многу Ц витамин
- за појадок овошје, за ужина во 12ч. мал сендвич од црн леб
- за ручек свежа салата и месо
- за ужина овошен јогурт
- за вечера малку мусли со јогурт или овошје
- пешачете на свеж воздух
- вежбајте јога или лесен аеробик
-дотерувајте се
- смејте се на се
- слушајте многу музика
и за крај,
- водете многу љубов, за да не заборавите како тоа сте останале трудни

(Одговор на членот Idna mamica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Совети за идните мајки
16.10.2010 12:28:51   
Idna mamica
Анушка  J user posted image U

Абре ти кажувам јас дека си жена за 100 години!


< Поракaта ја уредил Idna mamica -- 16.10.2010 12:34:06 >

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Совети за идните мајки
16.10.2010 22:13:57   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Идна мамица, user posted image user posted image user posted image  одлична тема, неисцрпна!
- не јадете за двајца, јадете исто како што сте се хранеле пред да забремените. И во конц.логор мајките раѓале здрави бебиња
- пијте 3 литри вода на ден
- земајте многу Ц витамин
- за појадок овошје, за ужина во 12ч. мал сендвич од црн леб
- за ручек свежа салата и месо
- за ужина овошен јогурт
- за вечера малку мусли со јогурт или овошје
- пешачете на свеж воздух
- вежбајте јога или лесен аеробик
-дотерувајте се
- смејте се на се
- слушајте многу музика
и за крај,
- водете многу љубов, за да не заборавите како тоа сте останале трудни


баш поради ова, уживајте без  секиранции, во нормални граници...

Во врска со исхраната, не се ограничувајте на нечиј туѓ редослед, по што и како треба, туку определете се за нормална здрава исхрана. . Исфрлете мајонези, салами и разни мрсни џанк фудари не за друго, туку за себе од проста причина што навистина не е здраво.

Инаку, постот погоре е добар, ама муслите чувајте ги за наутро, затоа што на организмот му е потребна енергија во текот на денот, овошјето за навечер, за полесно прочистување наутро. Сепак не сте на диета, и не се ограничувајте со диети. Обично луѓето на диета се несреќни или незадоволни, што нормално, води кон исто.... 3 кафиња на ден нема да ве убијат, ниту да ви наштетат.

Живејте, дишете со полни гради, бидете исполнети со позитивна енергија и бегајте од луѓе што ве исполнуваат со негативна!

< Поракaта ја уредил виктори -- 16.10.2010 22:15:47 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Совети за забременување/идни мајки
12.8.2014 13:42:24   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Rajna.vojvoda

Рингерајки
Да ги споделиме овде сите постапки што ги превземате како подготовка за забременување.
исхрана
прегледи
психичка подготовка
Јас и мм почавме да мислиме на проширување на семејството , па почнав да внимавам на исхраната во смисла не јадам конзервирана храна и гледам да не биде ГМО . Заказав кај докторката за сите потребни испитувања пап тест микробиолошки и слично.
Што е неопходно се да се направи?user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Рајна, јас би ти рекла само исклучи комјутер, отиди на одмор со мт и води љубов и не се замарај уште сега со испитувања (освен пап, микро и ехо). Ајде среќно уште следниот месец да се пофалиш.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Rajna.vojvoda

јас многу се гризам бидејки имам некои здравствени проблеми . имам хипотиреоза пијам еутирокс имам синузит кој никако да го решам, ми дава јаки главоболки, а како најопасно ми е тоа сто имам херниран дискус на рбетот кој во поодмината бременост би ми правел проблем. многу се гризам и плашам а уште не сме се ни обиделе. можеби звучам хипохондрично а можеби и сум деuser posted image ама цел живот сум по болници и сега ми е страв а имам речиси 30 год user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Мојата подготовка : Најпрвин направив пап тест,микробиолошки испитувања,значи целосна контрола, одкако се утврди дека се е во ред, 3 месеци пиев огестан витамини кои содржат дневна доза фолна киселина и + други додатни витамини кои се содржат во една таблета. И се разбира опуштеност ,и така со сопругот си зачнавме и второ бебенце user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Rajna.vojvoda, не се плаши пред време и не се полни со негативни мисли. Ако ти се хормоните проблем, испитај ги, а за грбот - почни да вежбаш за да ги зајакнеш грбните мускули. Не се замарај за ГМО, туку пази да се храниш избалансирано - што повеќе овошје и зеленчук, што помалку јаглехидрати и преработена џанк храна. Со среќа и пиши ни user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Rajna vreme ti e veke da pocnete da se obiduvate oti posle35 godina plodnosta na zenata pocnuva da opaga a drugite hormoni vo red li ti se osven tsh I jas imam hipotireoza I sinuzit I 29 god pa eve za vtoro invitro se spremam zaradi losiot spermogramna mm sto bese sega e ok bi ti preporacala I maz ti da se ispita




_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Совети за забременување/идни мајки
12.8.2014 13:47:17   
LoveableMe RR
Би ви советувала да ги прочитате и Статиите за забременување и Важните информации за забременување исто така.

И Рецепт за зголемување на можноста за забременување.
Среќно на сите кои се обидуваатuser posted image !!

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 12.8.2014 13:55:22 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Совети за забременување/идни мајки
12.8.2014 13:49:01   
scared RR
Јас пијам фолна киселина онаа Алкавит, пијам магнезиум директ и витамин ц 500-1000 мг. Јадам и јаткасти плодови ама со обврски некако заборавам, секое сабајле си правев сок од цвекло и моркови сега почнав да забушавам . Мора да се доведам во ред user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Совети за забременување/идни мајки
12.8.2014 14:07:24   
kapina
Jasna sabajle sega jadam med so mladi orevi med taka edno lazice na gladno aronija pet sest zrna na gladno a treba 20 no poradi toa sto imam mnogu jaka krv jadam po pet sest pijam folna kiselina so b kompleks magnezium vitaminIa c e I cink I selen I omega 3 so vit e I odvreme na vreme zemam maticen mlec a od nego imam staveno I vo medot so mladi orevi

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Совети за забременување/идни мајки
12.8.2014 14:26:24   
Hopeful RR
kapina, многу тешко те следам кога пишуваш.

Ќе морам да те замолам да пишуваш јасно и читливо, со конкретни зборови, реченици, смисла и форма. Стварно не можам секој твој пост по 3-4 пати да го препрочитувам за да те разберам што сакаш да кажеш... Или пак продолжи си, па ќе ги скокам твоите постови. Извини, ама стварно.

И уште нешто до тебе - Rajna.vojvoda кажа дека штотуку донеле одлука дека сакаат бебе и дека се уште нема 30 години, и би те замолила да не и правиш тензија да побрза, да направи ова или она, и да ја плашиш и предупредуваш со туѓи примери. Секој е приказна за себе и тие муабети може тек после година-две да се прават, не дај боже, а не уште од сега. Rajna.vojvoda треба да се олабави, да го грабне сопругот повеќе пати неделно и да биде оптимист. Се друго е сега споредно.

Сакаш лути се, сакаш не се лути - те имам брането од напади на други девојки, но понекогаш ми се чини дека си навистина премногу негативна кон други членки. Знам дека на овој пост не му е тука местото, и се извинувам.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Совети за забременување/идни мајки
12.8.2014 14:49:19   
topce
бидејќи сите даваат совети за јадење и пиење.еве нешто и од мене user posted image user posted image
гушкајте се со мешето, зборувајте му на бебе додека расте во вас, тато исто така треба да го гали и гушка мешето, да си прави муабет со бебе.
слушајте пријатна музика која вас ве расположува, шетајте секој ден и дури кога сте тажни и исплашени сетете се на тоа дека во вас расте бебе
и дека тоа бебе го сакате најмногу на цел свет. прошетајте по продавници за бебешки работи, иако е рано за купување самото шетање и размислување смирува и орасположува.
не се секирајте за стрии и килограми кои значат само дека во вас расте живот. уживајте во бременоста и дозволете му на вашиот маж, на тато, и тој да ви помогне па и да ве размази понекогаш.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Совети за забременување/идни мајки
12.8.2014 15:31:20   
kapina
Pa I podobro e da se pobrza. jas toa sakav da go kazam mnogu ubavo bese napisano oti Dr oz ubavo bese kazal ako se saka bebe da ne se ceka 30 tata e toa sakav da go ka:zam. e

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Совети за забременување/идни мајки
12.8.2014 23:18:18   
trust
I jas da se nadovrzam na temava. Moe mislenje e deka najvazno e covek da e smiren i sreken da zivee eden izbalansiran zivot i nikako da ne razmisluva e sega e vreme da pravime bebe. Malku ritam i rima "vreme/bebe" :) Mozeme da jadime so zlatna lazica sto vikaat starite i pak nisto da ne bide, a moze zena i nedaj boze siluvana da ostani trudna. Pravilo nema. I ne se slozuvam deka sve e matematika, kao posle 35 ta gotovo sansite ni se mali. Da, tocno e medicinski deka se namaluvaat, ali jas od moe iskustvo ista dijagnoza si imav i pred 35 ta i posle 35 ta godnina, znaci isti sansite mi bileuser posted image I pak ne se oskazuvam, znam deka eden dena na ovoj ili onoj nacim ke si imam bebce. Pozitivnosta e najbitna a ne kolku vitamini pieme sto sve jademe. Ima vlijanie na naseto celokupno zdravje ali ne e garancija deka gi zgolemuvame sansite za bremenost ako sme non stop vo grc i negativni misli.Pozdrav

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 9:05:58   
Rajna.vojvoda
досега не сме се обиделе , па зошто тогас мм да прави спермограм ??? не гледам логика??

(Одговор на членот trust)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 10:12:11   
kapina
Ne ama neli vikas ke pocnes so ispituvanja

(Одговор на членот Rajna.vojvoda)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 10:26:02   
Rajna.vojvoda
испитувања бидејки планирам бременост во смисла , брисеви, исхрана и слично. Да си го подготвам јас моето тело за забременување.
не одма со негативности

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 10:31:13   
scared RR
И јас истото го мислам, абе жени со прекумерна тежина и јадат се и сешто па ене ги со куп деца, така господ сакал едноставно, што ако цел живот пазам на исхрана и се фрцкам ко манекенка тука user posted image мала шала user posted image па еве ништо нема сеуште, и што ако сум многу далеку од 35 тата па пак ништо нема. А соседка моја како од шала на 40 забремени и роди . Нема правило мислам, се е божја работа.

(Одговор на членот Rajna.vojvoda)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 10:53:54   
kapina
Najdobro e pojdi si na ginekolog I kazi mu na nego sto kako sakas da ti se ispita no veke koga se pravat takvi ispituvanja da znaes najgolem del od ginekolozite barat I mazot da se ispita odi najdobronameren sovet ti e na gin I on neka ti kaze sto treba da ispitas s aried potpolno se soglasuvam so tebe se e bozja rabota

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 11:27:32   
Rajna.vojvoda
Никој гинеколог нема да препорача да се прават којзнае какви испитувања ако нема проблем. Kapina извини ама не ти е јасно што е рутинска контрола а што е подетални испитувања заради некој не дај боже прблем. разграничи ги тие работи. зошто мажот да прави испитувања кога можеби од прва да речеме ке забременам??? Ти не ми ја свати поентата за покренување на дискусија!!! Рутинска контрола мила моја РУТИНСКА

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 11:51:01   
kapina
E pa odi si na ginekolog oni znaat sto e toa rutinska kontrola I koi se ispituvanja da ti goI napravat ke ti kazat veruvaj mi ke ti kazat nie ovde ne sme ginekolozi sto ke ti kaze maticniot ginekolog toa pravi

(Одговор на членот Rajna.vojvoda)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 11:58:37   
LoveableMe RR
Rajna.vojvoda, ти посакувам што поскоро да ја оствариш твојата желба за бебе. Но штом си имала веќе проблем со тироидната, секој гинеколог ќе ти препорача хормонски статус и брисеви и ПАП тест. Доколку за 1-2 години немате успех, тогаш може да препорача и спермограм, но тоа секако може и порано доколку вие сакате да сте сигурни дека е се ок. На вас останува, позз среќно

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 12:23:08   
kapina
a i da znaes oti tiroidnata i te kako moze da prave problem no i ne mora za zabremenuvanje

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 12:50:21   
Hopeful RR
Пак тоа па тоа. Девојки, не конструирајте проблем каде што го нема - нека почнат со обиди, па здравје боже, ќе се види што понатаму. Да не треба и кај матичар со се спермограм и ХСГ да идеме, од одма брак и ајдеее, проблеми со забременување... Многу луѓе имаат проблеми со хормони па забремениле од одма. Сега за сега, најбитно е да не се биде во грч и под стрес - лелеее, да не ми е нешто, да не треба да испитам се и сешто... Наместо тоа, треба да се биде позитивен и оптимист! Ова важи за сите нас, без оглед во која фаза сме од обидите за забременување! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 12:58:09   
kapina
hopeful potpolno se soglasuvam so tebe vo pravo si

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 13:33:53   
topce
две мои другарки забременија со проблематични тироидни жлезди и двете се над 30, конкретно 34 и 38.
две работи на кои треба да се внимава, барем од нивно слушање што правеа.
ако не прима терапија пред да остане бремена треба да си го следи циклусот редовно, ама ептен редовно и уште на почеток да ја фати бременоста и да се исконсултира со докторот кој е за тироидната која да биде терапијата.
другата беше под терапија и кај нејзе само ја следеа состојбата.
Скоро секој месец, тоа го оценува докторот за тироидна што ве води, одеа на контрола за испитување дали е се во ред.
Супер бремености имаа без никакви проблеми.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Совети за забременување/идни мајки
13.8.2014 13:49:40   
kapina
Da I mojata sestra isto imase povisoko tsh od moeto I I davaat I na nea eutirox I ima uspesna bremenost edna. I si ima sin I sega cekaat veke I vtoro dete no kaj mene go kaci prolaktinot do 70 I kusur I mi prave problem no fala bogu ja srediv I sega se e vo red I so dvajcata I pak nema bremenost I mi kaza endokrinologot da sum bila podgotvena sega I za vtoroto invitro toa sto mi se sluci so prvoto pak da mi se sluce. Iako sega se e ok

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali sekojdnevno vezbate?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!