Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Се проценува дека помеѓу 50% и 80% од жените имаат некој вид на болки во грбот за време на нивната бременост, почнувајќи од благи болки поврзани со специфични активности до акутни болки во грбот кои можат да станат хронични.
Истражувањата покажуваат дека болките во долниот дел од грбот вообичаено се појавуваат помеѓу петтиот и седмиот месец од бременоста, но можат да започнат уште помеѓу осмата и дванаесетата недела од бременоста. Жените со претходни проблеми со болки во половината се со зголемен ризик за болки во грбот и нивните болки можат да се појават и порано во бременоста. Има два најчести типа на болки во грбот во бременоста: лумбални болки (во половината) и болки предизвикани од карлицата.
Исто така, од јасни причини, корисно е да се знае разликата помеѓу двата наведени типови на болки кои се чувствуваат во грбот за време на бременоста.
Лумбални болки (во половината) за време на бременоста
Лумбалните болки за време на бременоста се вообичаено концентрирани на и под половината во центарот на грбот. Тие може и не мора да се поврзани со болките што ги чувствувате во вашите нозе или стапала.
Општо, лумбалните болки за време на бременоста се слични со болките во половината кои ги чувствуваат и жените кои не се бремени. Овој тип на болки обично се засилуваат со подолготрајно останување во иста положба (како седење, стоење или повторувано подигнување). За време на бременоста може да се појави чувствителност и кај мускулите по должината на `рбетот.
Извор: spine-health
< Поракaта ја уредил Палешка -- 25.9.2009 16:32:49 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Болки во грбот во бременоста 25.9.2009 16:28:04
Палешка РР
Болки во грбот во бременоста
Болки предизвикани од карлицата за време на бременоста
Болките предизвикани од карлицата (во задниот дел од карлицата) се четири пати почести од лумбалните болки. Тоа е длабока болка која се јавува под и на половината, и/или под половината од двете страни на опавчето. Овој вид на болки може да се појават на едната или на двете страни.
Болките предизвикани од карлицата за време на бременоста можат да се прошират и надолу на бутините и горниот заден дел од колковите, а понекогаш и надолу зад колената. На нив може да им се придружат и болки во долниот дел на карлицата. Болките не се решаат само со одмарање, а може да се појави и утринска вкочанетост. Работа која опфаќа долготрајно задржување во иста положба (како седење на компјутер или наведнување напред, стоење и наведнување над работна маса) го зголемува ризикот од развој на болки предизвикани од карлицата во текот на бременоста. За разлика од други најразлични болки во текот на бременоста, за спречување на овој проблем најчесто не помага претходна добра физичка кондиција. Родилни болкиВажно е да се знае дека родилните болки се поинаков тип на болки. Слични се на силните менструални грчеви и ги имаат следните карактеристики: • Болките се постојани
• Им се зголемува интензитетот и фрекфенцијата за краток временски период
• Не се поврзани со интензитетот на вашите активности (додека болките во грбот за време на бременоста често се иницирани од некоја активност)
Извор:spine-health
< Поракaта ја уредил Палешка -- 25.9.2009 16:29:17 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Болки во грбот во бременоста 25.9.2009 16:41:08
Maria
So prvoto dete,sekoj den vezbav,vezbi za trudnici, od prviot den,do krajot na bremenosta.I iskreno, retko, skoro nikogas ne osetiv bolka vo grbot.A sega nekako ne mi se vezba(se pravdam deka nemam vreme)i ponekogas cuvstvuvam bolki.MM samo me potsetuva:Toa ti e od so ne vezbas.Toa go ucele na fakultet(toj ima zavrseno div).I navistina ima efekti od vezbanjeto,samo da ti se vezba .
RE: Болки во грбот во бременоста 25.9.2009 18:16:02
Весна
Ауф, ме боли, и тоа од оние лумбалните. Без разлика дали стојам, седам или лежам, во која и да сум положба подолго од 10 минути почнува да боли. Но, неспоредливо појако ме болат бутните коски странично. Ноќе се будам од болката, како некој колец да ми боцнал. И така цела ноќ, пола саат те на едната, пола саат те на другата страна. Ах, напори!
RE: Болки во грбот во бременоста 25.9.2009 18:40:00
mis.
Доколку чуствувате болки бо грдот потребно е да вежбате редовно,избегнувајте да дигате тешки работи,телото секогаш да ви биде во исправена положба,внимавајте како седите и гледајте кога сте потпрени да имате перница позади вас.Исто е важно да не спиете нагрб туку на страна и да носите удобна гардероба па мислам дека болките ќе се намалат.
RE: Болки во грбот во бременоста 28.9.2009 13:09:44
cevlice
Веке и јас почнувам да ги чуствувам тие лоши болки во грбот. Баш нокеска ме болеше страшно грбот и неможев да спијам , а стварно незнам што понатаму . Иначе само што влегов во 7 месец .Ме интересира на вас дали нешто слично ви се случува.
RE: Болки во грбот во бременоста 28.9.2009 13:12:15
profesorica
Мене ми помагаше кога ќе ставев перница под грбот и кога спеиев на страна а инаку ако стоев долго многу ме болеше грбот, ужас поготово после 7ми месец.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Болки во грбот во бременоста 28.9.2009 13:24:04
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: cevlice
Иначе само што влегов во 7 месец .Ме интересира на вас дали нешто слично ви се случува.
Еве и јас ќе влезам за една недела во седми месец, а веќе почнав да чувствувам болки. Ми помага ако лежам, одмарам, ако не стојам во место долго време..исто така помага и прошетка. Носам ниски чевли и топло се облекувам (иако не е ладно надвор) Ќе издржиме..
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Болки во грбот во бременоста 6.10.2009 10:19:27
bibi
еве сум јас во 22 неделе од бременоста, одвреме навреме умирам од болки, поготово ако работам дента многу со пациенти. А, замислете работам седејќи, што ќе беше ако работев стоејќи. И, плус многу сум исплашена, што ќе биде понатаму кога ќе бидам како слоница
_____________________________
Бракот понесен од силите на љубовта станува полесен товар
RE: Болки во грбот во бременоста 28.10.2009 19:46:03
mama i dete
Jas ja izgurav mojata bremenost so jaki i nepodnoslivi bolki vo grbot.Sekojdnevno placev od bolka i nemase spas.Nemozev nitu da sedam nitu da stojam nitu da spijam.Posetiv i ginikolog i ortoped nisto posebno samo krema ketonal lokalno i nisto drugo ,a nekakvo podobruvane kojznae kakvo nemase.Mi rekoa da go spenam krevetot na koj spija bidejki od tezina na deteto mi bil iskriven rbetot.No i smenata na krevetot ne mi pomogna kojznae kolku.Edinstveno mi pomogna i mi pomina otkako se porodi ,mi se siman tovarot od pleki.Za uteha dokolku imate vakov problem ne ocajuvajte ke pomine ne e vecen...........bidete hrabri i izdrzete ,se e minlivo i privremeno
RE: Болки во грбот во бременоста 29.10.2009 10:39:20
elle
И јас цела бременост сум со болки во половината,во почетокот дури и повеке отколку на крајот. Но и пред бременоста си имав проблеми со рбетот, еднаш пред две години цела недела бев како стара баба-подгрбавена и не можев да се исправам. Мислам дека вежбањето е важно но немав таква навика пред бременоста и затоа не вежбам но се трудам колку што можам почесто да пешачам
RE: Болки во грбот во бременоста 29.10.2009 10:46:48
niki
Имав болки точно на средина на рбетниот столб и си седнував на тросед поставував тениско топче точно на местото кај што ме болеше и се потпирав на наслонот од троседот, така сама си се масирав и си погаѓав точно кај што ме боли и со тоа ми се олеснуваше болката. Но не е лек секогаш се враќаше болката се додека не се породив.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Болки во грбот во бременоста 29.10.2009 11:06:32
Leonida
Не само грбот, ме болат и нозете во препоните user posted image
И мене од пред два дена почнаа да ме подболуваат препоните, баш ми дојде чудно. Немам јаки болки, не смеам да се пожалам , но ако стојам малку на исто место тогаш сериозно ме боли половината и грбот. Ако можете да вежбате топло ви препорачувам да го сторите тоа, навистина многу помага. Јас на пр. вежбав пилатес 2 год. пред да останам бремена, а сега исто вежбам само дома, поретко и одбрани вежби или пешачам.
RE: Болки во грбот во бременоста 22.11.2009 1:22:34
liljace
здраво женски здраво на сите ајде и јас да се приклучам на форумов и одма со прашања и стравови бремена сум 21 недела во моментов и од нокеска и денес осеќам страшни болки во долниов дел на мешево неможам да го чепнам осетлив е на допир но имам проблем со тврда столица па два дена се напив лаксатол Портолакс сируп по препорака од гинеколог па дали некоја од вас имала ваков проблем денес е сабота не работи матичниот па збеснав кој ке цека до понеделник а вторник сум на редовна контрола па дали некоја имала искуство не за друго да ме смири малку хехе можно ли е да ме боли стомакот од лаксативите или грчеви или несто друго што нее поврзано со бебушот?фала однапред позз
RE: Болки во грбот во бременоста 22.11.2009 23:17:21
liljace
фала Палешка на топлото добредојде инаку утре одам на гинеколог незнам се нешто мисе случува во викенд ево и денес ја осекам таа болка и многу се нервирам страв ме фака.поздрав
RE: Болки во грбот во бременоста 1.12.2009 22:57:23
***Lide***
jas ocnuvam da cuvstvuvam bolki posle podolgo stoenje ama bidejki rabotata mi e so styoenje i pocnav da se naviknuvam Ama sega od pred nekoe vreme pocna pocesto skoro sekoja vecer da me boli opaskata i vo lezenje i vo sedenje toa e normalno??? bolkite ne se mnogu jaki ama ne se prijatni kako da se ublazat?
RE: Болки во грбот во бременоста 4.1.2010 21:13:23
alex_mo
Девојки помагајте!!!!!!!!!!!!!!Многу,многу ме боли половината и тоа само на една страна(лево).Неможам ни да седам ни да лежам..тој дел од половина до бутот(каде ставаат инекции) некој како со клешти да ми го стиска...Незнам што да направам да се смирам..др ми вика само парацетамол,а јас непијам ништо оти постојано ме боли,па треба и нон-стоп да пијам.....Пишете ми од што ви се смируваа болките.