Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Набрзо ќе дојде време за првиот гинеколошки преглед. Повеќето од Вас ќе отидат на преглед меѓу 8. и 10. недела од бременоста, а во случај на јаки грчеви, постојано повраќање или вагинално крварење и порано. На првиот лекарски преглед, освен совети, детална здравствена историја (ќе ве прашаат за евентуални потешкотии при зачнувањето, абортуси, прележани болести, навики, наследни болести, земање лекови, за вашата професија и работата), ќе ве прегледаат и гинеколошки. Прегледот опфаќа:
- Гинеколошки преглед - гинекологот ќе ја опипа матката, која кај трудниците е поголема и ќе ја процени нејзината положба и грлото на матката, и по потреба ќе направи ПАПА тест, кој ги покажува евентуалните предстадиуми на рак, односно промените на матката кои можат да се развијат во рак.
- Ултразвучен преглед со вагинална сонда. Самиот ултразвучен преглед не е опасен за плодот, затоа не грижете се без причина. Истиот е многу е важен бидејќи со него може прецизно да се одреди предвидениот термин за породување. Многу трудници немале редовна менструација или забремениле пред или по овулација, па затоа нивниот ден се одредува ултразвучно. Повеќето гинеколози љубезно го свртуваат екранот или некаде има дури и монитор и – јухуху, првиот поглед на своето мило ќе биде со видливо отчукување на срцето!
- Мерење на крвниот притисок.
- Тежина (ноќна мора!)
- Преглед на крвта: поради одредување на крвната група и RhD фактор (трета недела од бременоста) се прави Coombs – ов тест, хемограм со одредување на таканаречена црвена крвна слика: црвени крвни зрнца, леукоцити, тромбоцити, одредување степен на железо, преглед на урината и потврдување на протеини и евентуално воспаление.
- Одредување на ризикот за раѓање на дете со Даунов синдром, во однос на возраста на трудницата: на 20 години 1: 1000, на 30 години 1 : 500, а на 40 години, дури 1 : 100. Дауновиот синдром е еден од најчестите хромозомски неправилности кај новородените деца. Секоја трудница кај својот гинеколог би требала да добие информации за можните тестови за откривање на хромозомските пореметувања кај плодот, а тоа се ултразвучно мерење на нухалната бразда (транслуценција) на плодот во 12. недела, како и крвни хормонски тестови.
Секој гинеколог има свој начин на работа, затоа не е неопходно да ги направи сите набројани процедури или да ви ги даде сите информации. Ако вас било што ве интересира, не плашете се да го прашате. Не заборавајте, се работи за ваше дете и ваше е правото од кај докторот да излезете без прашалници и со одговори на сите ваши прашања.
На првиот или вториот преглед ќе добиете и мајчинска книшка во која гинекологот за време на целата бременост ќе запишува податоци за нејзиниот тек.
Матката веќе се зголемила, сега е колку портокал и некои идни мамички веќе приметуваат дека се шират во струкот, а посебно оние кои веќе имаат раѓано, бидејќи кај нив мускулите и ткивата не се повеќе толку цврсти.
Градите на допир сеуште се чувствителни и тешки, а и мачнините веројатно сеуште не престанале.
Плод во 8. недела
Тато во 8. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 7. недела
Следна недела: 9. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна редовната хигиена во домот?
Домот е многу повеќе од четири ѕида. Тој е наше засолниште, место за о...
Здравствени придобивки од јадење овошје
Овошјето е едно од најприродните и највкусните извори на витамини, мин...
Секој од нас барем еднаш почувствувал чувство на тежина, стегнат стома...
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Превентивни прегледи за жени – што, кога и зошто?
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижа...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?