Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Повторно на ред е гинеколошки преглед. Знаете веќе мерење тежина, крвен притисок, преглед на крвта и урината. На мајките со RhD негатив, потребна им е заштита во облик на инекции, за следните бремености да бидат безопасни за плодот и за да не дојде до хемолитички болести. За деталите погледнете ја 3. недела од бременоста.
Потоа следува мерење на матката и она најубавото- слушање на срцевите отчукувања на фетусот. Во овој период дури кај половина од трудниците се забележува недостаток на железо во крвта, бидејќи потребата за него многу е зголемена. Железото кое телото го добива преку исхраната, во повеќето случаи не е доволно. Железото најпрво е важно поради тоа што овозможува создавање на хемоглобин во црвените крвни зрнца, а неговиот недостаток предизвикзва слабокрвност. Лекувањето не е комплицирано, а докторот ќе ви препише препарат со железо и повторно се ќе биде во најдобар ред. Главен и најочигледен знак за слабокрвност е замор, а следуваат и безволност, бледоликост, забрзано чукање на срцето. Кај тешка слабокрвност може да дојде и до несвестица. Кај некои трудници при земањето на железото доаѓа до несакани појави, како што се пролив или затвор. Во случај на тие проблеми поразговарајте со својот гинеколог и никако не прекинувајте ја дадената терапија, бидејќи при недостаток на железо во телото тоа не може да создава хемоглобин во црвените крвни зрнца кои се одговорни и за пренесување на кислород во крвта. Најчесто се препишуваат лекови во облик на таблети за џвакање или сируп, за да може организмот добро да ги впие. Внимавајте сирупот трудницата го пие на празен стомак, а таблетите треба да се земаат по оброк или со чаша сок од портокал.
Од сега натаму прегледите ќе бидат почести, ќе одите на секои две недели, а по 36. недела од бременоста секоја недела. Со деталите на прегледите сте веќе запознаени, затоа само ќе ве потсетиме да не се плашите да го прашате вашиот гинеколог се што ве интересира и загрижува.
Дали веќе се навикнавте на големиот стомак? Да, ништо не помага, до крајот на бременоста уште ќе расте. Матката е веќе 8 см над папокот, а просечната трудница до сега има качено од 7 до 10 кг.
Кај некои идни мајки од градите веќе се излачува колострум, првиот облик на млеко, што покажува дека се подготвуваат на доење.
Не сакаме да ве плашиме, но времето до породување може да биде одбележано и со грчеви во нозете, потешкотии со хемороиди, а може да се појави и осип на кожата или во вагината. Може да ви потекуваат зглобовите и нозете, некои трудници многу се потат, а други ги мачат проблеми со метаболизмот. Тие непријатности за жал не можат во потполност да се отстранат, но помага одмор, урамнотежена исхрана, конзумирање на доволно количество на течности и движење. Но, немојте да бидете лошо расположени, сите тие знаци покажуваат само едно: денот кога конечно ќе го видите своето дете е се поблиску.
Плод во 28. недела
Тато во 28. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 27. недела
Следна недела: 29. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?