Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Добредојдовте во третото, последно тромесечје. Да, сега е се посериозно. Одбројувањето веќе почна. Но, не брзајте, плодот нека остане во вашето тело уште некоја недела.
Не плашете се, но сепак мораме да кажеме: влегувате во период на брзо добивање на килограми. Понекогаш ќе се чувствувате дека секоја минута сте се потешки. Но, не е така страшно, нели? Добивањето на тежина ќе трае до 33. недела, а подоцна ќе се намали.
Пред повеќе недели (точно во описот на 13. недела од бременоста) пишувавме како добиената тежина во бременоста се распоредува, и по породувањето ќе изгубите многу повеќе од самата тежина на новороденчето.
Само накратко ќе ве потсетиме дека во добиената килажа морате да ја вброите и тежината на матката, плодовата вода, зголеменото количество на крв во телото...
Повторно ве потсетуваме на здравата и урамнотежена исхрана. Тоа сеуште важи, иако понекогаш можете да изедете нешто слатко, само не претерувајте.
Матката е сега прилично голема, па ги притиска внатрешните органи, а најмногу белите дробови. Затоа може понекогаш тешко дишете, бидејќи градите не може целосно да се рашират. И желудникот поради бавното празнење може да реагира. Затоа најчесто после оброк може да добиете киселини кои можете да ги ублажите со таблети. Не се штетни за плодот, а вам многу ќе ви помогнат. Антациди можете да добиете во аптека без рецепт, но сеедно разговарајте и со доктор.
Во оваа фаза на бременоста на вашето тело му треба 300 килокалории повеќе дневно. Дозволете му ги и внимавајте тоа да бидат здрави калории.
Плод во 27. недела
Тато во 27. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 26. недела
Следна недела: 28. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...