AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Би биле бремена ли со туѓо дете? Дали би го носеле бебето на сестра Ви?
Во текот на последните неколку години, сурогат-мајчинството влезе во духот на нашата поп-култура, со ѕвездите како Никол Кидман и Сара Џесика Паркер кои ги комплетираа своите семејства со помош на сурогат мајка. Сепак, сурогат мајчинството останува на маргините од алтернативите во борба против неплодноста.
Зошто сурогат мајките се согласуваат на тој чекор? Што добиваат од тоа? Колку е тешко да се даде дете на неговите родители откако сте го носеле 9 месеци во утробата. Четири жени ги раскажуваат своите стории.
“Ние не сме богати луѓе. Ова е начин да поклониме нешто што ретко кој може...” Rayven Perkins, 32, Austin, Texas, мажена, мајка на 10-годишна ќерка и 11-годишен син.
Сум била сурогат мајка три пати (близнаци во февруари 2007 и момченце во јуни 2008 година) и овој месец ќе се породам со моето четврто сурогат бебе. Вистинската причина зошто сте го направиле тоа ќе ја дознаете кога бебето ќе го предадете на неговите родители. Но сурогат мајчинството со себе носи многу жртви. Примав хормони три месеци пред трансферот и имав тежок прв триместар од бременоста. Сурогат мајката според законот мора да остане во државата. Мојот сопруг одби промоција во друга држава, бидејќи јас не смеев да патувам.
Јас сум една од среќните луѓе кои се “добри” во тоа да бидат сурогат мајки. Секој ембрион кој ми бебе пренесен, заврши со живо и здраво бебе. Тоа е реткост. Можноста да му се помогне на некој друг е многу убаво чувство.
Што се однесува до давањето на бебето, за себеси знаев дека не сум посесивна. Отсекогаш сум го сметала сурогат мајчинството за долгорочно вработување како бебиситерка. Тоа не е тажен момент за мене. Не се каам воопшто, напротив, среќна сум што го направив тоа. Ние не сме богати луѓе. Никогаш не сме можеле да донираме средства во некоја болница. Ова е начин нашето семејство да придонесе за општеството на еден навистина голем начин. Без наша помош, светот ќе беше посиромашен за четири деца и за три среќни семејства. На овој начин и на нашите деца им покажавме да бидат великодушни и да се жртвуваат за другите.
“Најтешкиот дел беше кога ќе го земеа бебето од мене” – Robin Kaufer, 50, Seattle, Washington, разведена, мајка на 9-годишно девојче и 7-годишно момче.
“Бев сурогат мајка за пријателите чие дете сега има три години. Поминав низ третмани за неплодност, како самохрана мајка. На 40 години се решив на ин-витро за да ги добијам моите деца. Во разговорот со еден пријател дознав дека неговата сестра не може да ја задржи бременоста. Реков дека јас ќе го сторам тоа.”
Потребни беа четири обиди. Губењето на три бремености беше многу тешко за мене. Но најтешкиот дел беше кога ми го зедоа бебето. Бев транспарентна во текот на целиот процес. Откако си го зедоа бебето и си заминаа, полудев. Тоа навистина ме потресе.
Моите деца разбираа дека тоа бебе е на Карен и Лери и добро го примија тоа. Нашето семејство е исто така создадено со различни средства и тие разбираат дека семејствата се креаираат на различни начини. Повторно би била сурогат мајка да не сум стара. Мислам дека тоа што имав проблеми со неплодноста и што знаев колку е тешко, ми помогна да се решам на овој чекор.
“Најтешкиот дел беше борбата со неплодноста” Kymberli Barney, 33, Hinesville, Georgia, мажена, мајка на близнаци момче и девојче – 10 години, 8-годишно момче и 4-годишно девојче.
Јас и мојот сопруг имавме проблеми со зачнувањето. Кога проблемот беше откриен, забременував лесно. Уште како дете бев фасцинирана од раѓањето дете и сакав да бидам акушерка. Отсекогаш сакав да бидам бремена и многу болка ми нанесе тоа што тешко забременив првиот пат.
Кога го родив сурогат бебето, беше магично. Тоа не го почувствував во само еден момент. Требаше да ги видите очите на мајката, кога ќе ги ставеше рацете на мојот стомак, а бебето се движеше во утробата. Па потоа моментот кога таткото го виде своето бебе прв пат. Чувствфував дека сум направила нешто од исклучителна важност за некој друг.
“Да се даде нешто е исто толку важно колку и да се добие нешто” - Natasha Skinner, 37, Annapolis, Maryland, 14 – годишен син и 11-, 8-, 5-, и 2-годишни ќерки.
Бев сурогат мајка на мојата золва, сестрата на мојот маж. Таа има цистична фиброза и не може да го носи бебето, но може да создаде генетски здраво бебе од нејзината јајце клетка.
Имав морална поддршка од мојот сопруг, кога не се чувствував добро. Ние веќе имаме пет деца и неговата сестра и зетот многу ни помагаа во нивното подигнување.
Најтежок дел беа мачнините. За моите деца ги имав 13 недели, а за ова дете 19. Сепак, би го сторила повторно истото да бев помлада. Но веројатно не би го сторила за некој кој не е член на семејството. За моја среќа – бебето кое го родив е мој внук – можам да го видам и секогаш знам како е.
Навистина, најдобриот дел беше кога го зедоа бебето за прв пат во нивните раце. Тој гест ги зближи нашите семејства засекогаш. Да се даде нешто е исто толку важно колку и да се добие нешто.
Што мислите за овие жени? Дали би биле сурогат мајка?
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Враќање на работа по породилното отсуство.
Admin
Со какви предизвици се соочувате кога се враќате на работа по породилното отсуство?