Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Запознавање на телото
Во текот на бременоста, вашето тело се менува и јогата е одличен начин да дознаете како да се запознаете и да ги следите промените кои ви се случуваат. Јогата ќе ви помогне да откриете што точно му одговара на вашето тело и што навистина му е потребно. На тој начин ќе бидете свесни за своето тело и промените кои се случуваат и многу полесно ќе воспоставите врска со бебето кое расте во вас.
Смиреност
Една од најдобрите работи кај јогата е тоа што многу придонесува во чувството на смиреност и рамнотежа. Со балансирањето на дишењето и јога позициите, вие можете да научите да успорите, длабоко да вдишете и смирено да ги прифатите сите промени низ кои поминувате. Исто така, вежбите за дишење можат многу да ви помогнат кога ќе почне породувањето, бидејќи колку сте посмирени и поопуштени, толку болките ќе бидат со помал интезитет и породувањето брзо ќе напредува.
Држење
Како што поминува времето, стомакот расте и на голем број бремени жени тоа им претставува оптеретување за рбетот, што може да доведе до свиткување на рамениците. Јогата ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите на грбот и рамениците и ќе ви помогне да го подобрите држењето.
Дружење
За време на часовите можете да се запознаете со голем број на жени, со кои ќе може да ги споделите вашите искуства и грижи околу бременоста. Многу подобро ќе се чувствувате кога ќе слушнете дека и другите бремени жени поминуваат низ истото како и вие.
Дури ако одлучите да практикувате јога во вашиот дом, препорачливо е одвреме-навреме да посетите некој час и да вежбате во група, бидејќи дружењето многу пријатно ќе ви делува, а инструкторот ќе ви покаже кои вежби се најдобри да ги правите.
8
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...