|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто бебињата плачат во авион?

Редакција Рингераја, 24.6.2020
Патувањето со авион за родителите со бебе може да биде вистински кошмар. Погледнете зошто бебињата плачат кога патуваат со авион
Клучни зборови:

image
/11


Без разлика дали сте само патник во авионот или родител на бебе кое плаче во авион, воопшто не е пријатно. При полетување и слетување, бебето чувствува голема промена, особено во ушите поради притисокот, па затоа е сосема разбирливо за него да почне да плаче.

 

Постојат многу причини за ова.

Бебето не се чувствува пријатно, може да биде уморно, гладно, осамено. На некои бебиња дури и им е досадно. Сепак, постои посебно мислење на експертите дека клучот е непријатното чувство во ушите.

 

"Една од главните причини за плачење на бебето во авионот е недоволно развиеното изедначување на притисокот во средното уво. Кај бебињата, Евстахиевата цевка сеуште не се развила", посочи д-р Баер за порталот Live Science.

 

Евстахиевата цевка го контролира притисокот во средното уво изедначувајќи го со околниот. Претежно е затворена, а се отвора при при прозевање, голтање, џвакање, што овозможува да помине притисокот. Кога атмосферскиот притисок нагло се менува, се појавува чувство на блокада во увото.

 

Проблемот особено се појавува кога авионот ќе слета, затоа што е многу потешко да се изедначи кога се менува од низок на повисок атмосферски притисок.

Возрасните лесно го изедначуваат притисокот во ушите со прозевање, голтање или со постапка на ненадејно издишување додека носот и устата се затворени.

 

Кога полетува и слетува авионот, обидете се да го одржите бебето будно, оставете го да јаде во тие моменти. Ако бебето има инфекција на горниот респираторен систем, избегнувајте летање.

 

Важно е да се знае дека оваа болка кај бебињата е привремена, не може да создаде долготрајни проблеми и обично се смирува за неколку минути, кога притисокот ќе се изедначи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Чувство на вина кај новите родители
Родителството често се прикажува како врвно исполнување, како момент на длабока радост и бескрајна љубов.
5
Столица кај деца: што е нормално, а што не?
Оваа тема можеби не е толку привлечна, но некој треба да Ве информира и за она што се наоѓа во детските пелени. Тоа е че...
4
Nestle - Најдоброто за вашите малечки
Ништо не може да го замени чувството кога ќе го видите вашето бебе како расте и напредува! Но, паралелно со тоа доаѓаат ...
4
Митови и факти за бебешката храна - 2 дел
Како нова мајка, Вие сте затрупана од сите страни со совети за тоа како и со што да го храните Вашето бебе. Додека некои...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: