|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зоолошка градина Скопје

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Во текот на своето постоење ЗОО игра значајна улога во едукативно – воспитниот, културниот и рекреативниот живот не само на градот, туку и пошироко и е една од најпосетените институции во градот и пошироко во Републиката.

image
/11


Зоолошката градина Скопје формирана е 1926 од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман и уште од тогаш е предложена денешната локација која зафаќала површина од 4 хектари до крајот на 1965 година. Во тоа време градината располагала со скромен број животни. Со текот на годините се проширувала и се зголемувала колекцијата на животни.

Денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари и располага со колекција од 300 животни од 56 видови (цицачи, птици, влекачи).

Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта и забавен парк за деца. Има воспоставено соработка со други Зоолошки градини како: Битола, Загреб, Белград, Нинберг, Париз, Келн, Москва, Виена.

ЗОО е отворена за посетители 365 дена во годината. Моментално градината е во фаза на реконструкција, на живеалиштата на животните со цел да добиеме Зоолошка градина со Европски стандарди на чување животни во зоолошки градини. Се надеваме дека и ние во многу брзо време ќе добиеме ЗОО со модерен изглед.

Од 2006 година Зоолошката започна соработка со ЕАЗА (Европска асоцијација за Зоолошки и Акварии), додека од мај Градината се здоби со статус Кандидат за член на ЕАЗА.

Благодарение на иницијативата која Рингераја ја потегна, на дечињата од домот им се исполни желбата за денот на пролетта - 21 март да ја посетат ЗОО, а истото ќе може во иднина да го прават кога и да посакаат. Ние со нетрпение ја очекуваме средбата со нив за да ги слушнеме импресиите од посетата и прошетката низ ЗОО.

Повеќе на форумите

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Блог: До последен здив, ќе живеам ЗА ВАС!
Емотивно писмо на me_mother_of_three до нејзините деца
4
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
3
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?