|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Породувањето е процес низ кој ќе го родите Вашето бебе. Кај многу жени се случува околу 40. недела од бременоста, но исто така породувањата од 37. до 42. недела од бременоста се сметаар нормални и во термин.

image
/11


 

Од првите знаци на породување па се' до моментот кога ќе се роди Вашето бебе, можат да поминат 24 часа и повеќе. Тоа е затоа што породувањето почнува постепено дозволувајќи му на Вашето бебе да се навикне на она што се случува. Ако сте второротка ќе Ви се чини дека процесот на породување се одвива побрзо. Процесот и кај второротките е постепен, но обично Вашето бебе ќе се роди побрзо и полесно.



Знаци на породување:


•    Слузен чеп – Слузниот чеп се наоѓа во грлото на материцата. Откако вратот на материцата ќе почне да се отвора, ќе забележите слузав исцедок. Исцедокот може да биде проѕирен, со блага кафена боја или розов. Можеби ќе забележите и траги од крв. Тоа е нормално. Ако крварењето е поголемо и Вашето бебе не се движи, обратете се кај Вашиот гинеколог за да се уверите дали се е во ред. Во друг случај (слузав исцедок со траги од крв) само почекајте да видите што ќе се случи. Овој чеп може да се појави и неколку недели пред да започне породувањето, така што ова може, а и не мора да биде знак за породување.


•    Прскање на водењакот – Водењакот е мембрана во која се наоѓа плодова вода која го опкружува Вашето бебе. Тој може да прсне пред да започнат контракциите, или во тек на контракциите. Кога водењакот ќе прсне, ќе бидете свесни за водата која истекува од Вас во потполност, или во помали количини во неколку наврати. Некои жени буквално ќе ја почувствуваат сензацијата наречена прскање на водењакот. Кај многу жени контракциите започнуваат по прскањето на водењакот, по 37. недела, но до контракциите може да дојде по 1 или 2 дена. Контактирајте до гинекологот за да добиете инструкции. Ако спонтано, по прскањето на водењакот не добиете инструкции, можеби ќе бидете приклучени на индукција, бидејќи прснувањето на водењакот носи ризик од инфекции за Вашето бебе кои со текот на времето можат да се зголемат.


•    Контракции – подразбираат движење на мускулите на материцата кои се стегаат со цел да го повлечат нагоре вратот на материцата, а бебето надолу. Прво ќе почувствувате  неугодност или период на болка кој доаѓа и поминува. Како поминува времето ќе станете се' посвесни за контракциите. Обично се чувствуваат во нискиот предел на стомакот, или во долниот дел на грбот. Тие ќе станат долги, јаки и се поинтензивни. Кога контракциите ќе почнат да траат подолго од 45 секунди до една минута, ќе заклучите дека веројатно нема сами да исчезнат. Се' до тоа време тие можат да престанат на неколку часа или денови и да се вратат повторно. Немојте да се грижите ако се случи ова. Контракциите ќе започнат таму каде застанале. Кога вратот на материцата ќе почне еднаш да се отвора, нема да се затвори се додека не се породите.

 

Фази на породување:


•    I фаза – од почеток на породувањето до времето додека материцата не се раздвои, што значи да имате дилатација од 10 cm.


•    II фаза – од времето кога грлото на матката ќе се отвори доволно, до времето кога бебето ќе се роди.


•    III фаза – од времето на раѓање на бебето, до вадење на постелката.

 

Секое породување е поинакво. Никој не може да предвиди како ќе се одвиваат работите кај Вас, но постојат доста работи кои ќе Ви помогнат полесно да го пребродите тој ден.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?