|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Витамини и минерали за заштита на кожата

image
/11


Летниот период е време кога треба да размислуваме за заштитата на нашата кожа многу повеќе отколку во другите периоди во годината. Во лето поголемиот дел од денот го поминуваме надвор и повеќе сме изложени на сончевите зраци.

Кожата е многу важен витален орган. Таа не штити од повреди, инфекции, топлина и светлина. Кожата ја регулира телесната температура и ги складира: водата, мастите и витаминот Д. Убавата, здрава и негувана кожа е одраз на добро здравје.

Еден од најголемите надворешни непријатели на кожата е сонцето, поточно УВ зраците кои сонцето ги емитира. Кога кожата е предолго изложена на сонце, доаѓа до создавање на слободни радикали, кои го оштетуваат ткивото на кожата и ја намалуваат нејзината еластичност и влажност. Како видливи знаци на оштетувањето се јавуваат: брчките, темните флеки и изгоретините од сонце. Тоа што, меѓутоа, не можеме да го видиме со голо око, треба уште повеќе да не загрижува. Тоа се оштетувањата кои настануваат поради делувањето на УВ зраци, а кои не можеме да ги видиме со голо око. Токму тие оштетувања го зголемуваат и ризикот за појава на кожен рак.

Користењето на креми со заштитен фактор, покривање на деловите на телото кои се изложени на сонце со облека, како и седење под сенка, сеуште се меѓу најдобрите методи за заштита на кожата. Покрај тоа, најновите испитувања укажуваат на тоа да неколку хранливи состојки може ја заштитат кожата од оштетувања или, дури, и да помогнат при заздравувањето на веќе оштетената кожа. На тој начин тие влијаат и на намалувањето на ризикот од појава на рак на кожата.

Во клиничките студии, најмногу се испитувало делувањето на антиоксидансите: бета каротинот, витаминот А, Ц, Е, на селенот и на цинкот.


Бета каротин

Бета каротинот е широко распространет растителен пигмент кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот со сите нијанси на жолта и портокалова, па сé до темно зелена боја (морков, диња, крушка, јаболко,спанаќ). Кога се препорачува консумирање на „обоено“ овошје и зеленчук, се мисли, всушност на бета каротинот.

За сега нема препорачан дневен внес за каротеноидите, бидејќи тоа што е утврдено во експериментите на животни, не е потврдено и кај луѓето. Но, затоа постои општото познато правило за консумирање на 5 дневни оброци на овошје и зеленчук. Врз основа на бројните испитувања, утврдено е дека 15 мг дневно, може да помогне и да не даде никакви несакани ефекти. Многу луѓе се уверени во логиката да „поголеми дози, подобро делуваат“, па претеруваат со земање на високи дози и предизвикуваат жолтило на кожата (ксантоза).

Не се препорачува да се премине дозата од 60 мг дневно.

За лица кои консумираат разновидна храна, богата со овошје и зеленчук, не може да се зборува за дефицит на бета каротен, но, кај лица кои не консумираат таква храна, дефицитот е можен.

Лицата кои долго време земаат бета каротен, би морале да земаат и витамин Е, бидејќи бета каротинот има особина да го намалува нивото на витаминот Е во крвта.

Антитуморското делување е само една од бројните функции на бета-каротинот, бидејќи е јак антиоксиданс, неговата улога во заштита и поттикнување на одбранбените сили е многу значајна посебно кај постарите лица, а на тој начин индиректно е вперен против останатите закани кон здравјето на човекот! Превенцијата од ноќно слепило и преосетливост на светло се неговите следни функции. Бета-каротинот ја штити кожата од штетниот спектар на УВ зрачењето па освен во кремите за сончање се препорачува и интерно, неколку недели пред појако изложување на сонце. Тој е „ангел чувар“ на алкохоличарите па дури и на оние кои се заболени од AIDS (сида).

Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.

Резултатите од голем број студии покажале дека бета каротинот заштитува од акутни и хронични кожни оштетувања, предизвикани од изложеност на сонце. Според некој истражувања, бета каротинот го намалува оштетувањето на ДНК молекулите, па на тој начин го спречува и развојот на дегенеративните болести.

Без оглед на тоа што за механизмот на неговото делување сеуште се расправа, бета каротенот е суплемент, кој се пепорачува да се внесува во организмот, пред да се тој изложи на сонце или на други извори на УВ зрачење.


Витамин Ц

Едно од позначајните дерматолошки откритија е откритието за способноста на витаминот Ц да се „спротивстави“ на негативните последици настанати при изложувањето на сончевите зраци. Делува на тој начин што ја намалува штетата предизвикана од страна на слободните радикали, споеви кои што настануваат под влијание на надворешни чинители како загадувањето, пушењето, сончевото зрачење, но и како производ на реакциите кои се одвиваат во нашиот организам. Натрупаните слободни радикали предизвикуваат значителна штета на ткивата и речиси ги „голтаат“ колагенот и еластинот, градбени компоненти на кожата, предизвикувајќи, за почеток, создавање бори на кожата. Витаминот Ц, како моќен антиоксиданс ги неутрализира слободните радикали и на тој начин спречува да дојде до оштетување на кожата. Освен превенција од оштетување, витаминот Ц игра важна улога и во регенерација на веќе оштетената кожа.

Според Американското дерматолошко друштво, дневна количина на витаминот Ц од 500 - 1000 mg, може да биде од голема корист за одржување на здрава кожа. Синтезата на колагенот можно е да се поттикне и со нанесување на креми кои содржат витамин Ц, и тоа во форма на Л-аскорбинска киселина, бидејќи единствено во таа форма витаминот Ц може да продре низ слоевите на кожата и заштитно да делува.


Витамин Е

Витаминот Е се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа.

Витаминот Е делува на следниов начин:

  • ја влажи кожата, го забрзува репарирањето на оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали,
  • ја штити кожата од негативните надворешни влијанија,
  • го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност на сонце,
  • го спречува настанувањето на темни флеки на кожата,
  • го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и витална за подолг период.

Студиите на Америчкото дерматолошко друштво објавиле дека дози на витамин Е од 400 IU дневно, го намалуваат ризикот од оштетување на кожата поради изложеност на сонце, па истовремено се намалува и продукцијата на карциногени клетки.

Сепак, треба да се нагласи дека внесувањето на големи дози на витамин Е може да биде штетно, па затоа не треба да се земаат поголеми дози од препишаните.

Покрај оралната примена на витаминот Е, тој може да се применува и со директно нанесување на кожата, било како чист витамин Е или преку лосиони за сончање. Во случај кога се користи директно нанаесување на витаминот Е на кожата, треба да се земе во предвид и времето кое е потребно да витаминот навлезе во подлабокиот слој на кожата. Со други зборови, витаминот Е е потребно да се нанесе 10-20 минути пред изожување на сонце.

Според некои студии, внесувањето заедно на витаминот Е и Ц, може да даде подобри резултати, отколку да се внесува секој витамин посебно. Така на пример, во една рандомизирана, плацебо контролирана студија, група од 40 здрави возрасни доброволци добивала суплементи на витаминот Е (во форма на алфа-токоферол), суплементи на витаминот Ц (во форма на аскорбинска киселина), и комбинација на витамин Е и Ц, и плацебо. По 50 дена на примање на овие суплементи, истражувачите приметиле дека нивото на витамините Е и Ц во кожата биле покачени кај доброволците кои примале и одделно витамини и нивна комбинација. Но, кога биле изложени на УВ зрачење, било приметено дека оштетувањета од сонцето биле помалку изразени кај оние пациенти кои истовремено примале и витамин Е и Ц. Комбинацијата на витаминот Е и Ц се покажала како поефикасна во заштитата и ги спречила реакциите со кои настануваат изгоретините. Оваа, но и други студии, сугерираат дека витаминот Е и Ц синергистички делуваат, благодарение на способноста на витаминот Ц да го регенерира витаминот Е.


Витамин А

Витаминот А се наоѓа во кожата во мали концентрации, но е многу важен за здрава кожа.Тој игра клучна улога во растот и развојот на кожата и овозможува репарирање на оштетувањата настанати од УВ зрачење. Долгото изложување на сонце може да предизвика уништување на витаминот А во кожата, поради што може да дојде до негов недостиг во кожата. Како последица на тоа, се јавуваат темни флеки, брчки, лупење на кожата и, во најлош случај, појавува на преканцерозни лезии.

Иако резултатите од истражувањата ја докажале важната улога на витаминот А во одржувањето на зравјето на кожата, како и во превенцијата на кожниот карцином, механизомот на делување, како и формата на витаминот која би дала надобри резултати, не се разјаснети. Затоа, витаминот А најдобро е да се внесува со храна, која го содржи овој витамин.


Селен

Според резултатите од бројни клинички студии, селенот игра клучна улога во превенцијата на кожниот карцином. Селенот, било да се зема во вид на суплементи или да се нанесува со креми за сончање, тој ја штити кожата од штетното УВ зрачење. Тој го намалува ризикот од настанување на црвенило и изгоретини, при подолго изложување на сонце.

Препораките за дневниот внес на селен, со цел да се заштити кожата во летниот период, се различни и се движат од 50 до 100 микрограма селен дневно. Сепак, треба да се има на ум дека селенот во високи дози е токсичен, поради што, не се препорачуваат повисоки дози од препишаните.

Цинк

Цинкот е составен дел на бројни ензими, а во најголеми концентрации е присутен во деловите каде има пролиферација на клетките, на пример, на местата на заздравувањето на раната. Се смета дела цинкот игра важна улога во репарирањето на оштетувањата настанати во кожата. Внесувањето на суплементи на цинк може да делува поволно при изгоретини, екцеми, псоријаза и кожни алергии.

Освен што учествува во репарирањето на оштетената кожа, цинкот делува поволно и на косата. Тој го забрзува растот на косата и може да го намали нејзиното опаѓање и пукање.


Витамини од Б групата

Кога се зборува за заштита на кожата, неможе а да не се спомнат витамините од Б групата, кои играат важна улога во одржувањето на кожата, ноктите и косата. Два витамини од оваа група посебно се издвојуваат: биотин (уште наречен витамин Х) и пара аминобензоевата киселина.

Кога зборуваме за нега на кожата и косата, најважен витамин од Б групата е биотинот, состојка која ја сочинува базата на клетките на кожата, косата и ноктите.

Друг важен витамин од Б групата е пара аминобензоевата киселина. Таа е позната по својата изразена способност за апсорпција на УВ зраци, поради што го спречува настанувањето на темните флеки, брчките на кожата и го намалува ризикот од настанување на кожен карцином. Поради тоа, пара аминобензоевата киселина е често составен дел од кремите за сончање.

Овие два витамина се специфични по тоа што нив ги создава самиот организам, за разлика од другите витамини од оваа група. Но, со оглед на тоа што количините што ги создава организмот не се доволни за заштита на кожата при изложување на сонце, најдобро е тие да се земаат како суплементи.
Извор: www.rak.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Типови интелигенција кај децата
Еве како да се научите да ги препознаете типовите интелигенција кај децата, за да успеете да му помогнете на своето дете...
4
Детски игри за поттикнување на креативноста
За детето да не го поминува слободното време пред екраните од мобилните телефони или таблети, експертите советуваат роди...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?