|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зголемете ја самодовербата на детето

Редакција Рингераја, 25.4.2018
Секој родител сака неговото дете да зрачи со самодоверба, самопочит и достоинство. Самоуверените деца имаат поголеми можности да пораснат во среќни, независни, успешни и ментално силни личности, а кој родител не го посакува тоа?
Клучни зборови:

image
/11



ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ДОБРИТЕ РАБОТИ

 

Тоа што треба да го направите кога сакате му помогнете на детето да се избори со слабите страни е да се фокусирате на добрите. Разочарувањата се неизбежен дел од животот, но вие можете да му помогнете на вашето дете да се справи со нив, учејќи го да гледа на позитивната страна. Дадете му до знаење дека никој не е совршен и дека секој има нешто позитивно да му понуди на светот.


ОХРАБРУВАЈТЕ ГО

Секое дете има различни интереси и таленти. Можеби вашето дете сака кошарка или ракомет, можеби добро се снаоѓа со уметноста. Без разлика кој талент го поседува вашето дете, дознајте го тоа и поттикнете го уште повеќе да го развие преку часови, поединечно и во тим. Ова е одличен начин да ја зајакнете самодовербата кај детето.


ОСТАВЕТЕ ГО САМО ДА ДОНЕСУВА ОДЛУКИ

Способноста за донесување одлуки е важна карактеристика при изградувањето на карактерот на детето. Соодветно на годините, потрудете се да го вклучите вашето дете при донесувањето на одлуките без разлика дали станува збор можеби што да се јаде за доручек. На овој начин ќе го подготвите своето дете да донесува и потешки одлуки кога ќе порасне.


ОСТАВЕТЕ ГО САМО ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ

Завршувањето на обврските што ги има како дете е важен сегмент од растењето на детето. Доколку има некој мал проблем, оставете го само, на свој начин да пронајде решение и да го реши проблемот. Не правите ништо добро ако секојпат вие ги решавате сите проблеми. Кога детето само ќе успее да се справи со одредена работа и предизвик, тоа многу повеќе ќе верува во себе и ќе има самодоверба.

 

ЗАДАДЕТЕ МУ ОДРЕДЕНИ ОБВРСКИ

Успешното завршување на обврските е одличен начин за градење и јакнење на самодовербата. Зададете му одредени домашни обврски на детето како на пример: да го прошета кучето, да ја постави масата, да помогне при чистењето и слично. А на крајот не заборавајте да го пофалите за добро завршената работа.


ПОФАЛЕТЕ ГО НЕГОВИОТ ТРУД

Никогаш не заборавајте да го пофалите, а понекогаш и да го наградите трудот на своето дете. Тоа претставува навистина важна работа за него. Меѓутоа внимавајте, вашето дете знае да ја препознае лажната пофалба. Не претерувајте со тоа дека цртежот на вашето дете е суден за во Лувр, бидете искрени, но покажете им дека ви се допаѓа.


НАУЧЕТЕ ГО ДА РАЗМИСЛУВА ПОЗИТИВНО

Позитивното размислување и самодовербата често одат заедно, рака под рака. Кога децата веруваат дека нештата ќе функционираат како што тие сакаат, тие покажуваа дека поседуваат самодоверба.


РАЗВИВАЈТЕ ЈА НЕГОВАТА НЕЗАВИСНОСТ

Самодовербата доаѓа од успешното завршување на целите и предизвиците САМОСТОЈНО. Затоа, развивајте ја независноста на детето така што ќе го поддржите да пробува нови работи, да запознава нови луѓе и понекогаш да презема ризици.


ПОСТАВЕТЕ РЕАЛНИ ЦЕЛИ

Помогнете му на своето дете да постави реални цели. Можеби тоа сака да научи да свири на некој инструмент, да ги подобри своите вештини во некој спорт или да прочита одреден број книги... За што и да се работи, осигурајте се дека тие цели се реални и дека со нивното постигнување тоа ќе ја изгради својата самодоверба.

И не заборавајте да му пружите неизмерна и безусловна љубов!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3
Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
3
Како да неутрализирате тантрум на јавно ме...
Вашето дете има тантрум на јавно место. Чувствувате дека сите гледаат директно во вас, а вие претпоставувате дека се пра...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?