Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Зачестени инфекции на дишните патишта и нормална стапка на разболување кај децата
Инфекциите на дишните патишта спаѓаат во најчести болести на детството. Од зачестени инфекции на дишните патишта се разболуваат 6-10% од децата до 6 годишна возраст. Познати се два периоди во кои појавата на инфекции е најголема:
- старост на детето од 6 до 12 месеци – детето ги потрошило заштитните антитела кои ги добило од мајката пред раѓање, а свои сеуште не развило потполно.
- прв контакт на детето со група деца (градинка, училиште) – висок степен на изложеност на различни заразни болести заради другите деца во групата.
Децата до својата петта година најмногу се разболуваат од вирусни инфекции. По поаѓањето во училиште преовладуваат бактериски инфекции.
Зачестени инфекции на дишните патишта во пракса се многу чести. Тоа се првенствено инфекции на горните дишни патишта (назални и параназални синуси, средно уво, крајници и грло), додека од инфекции на долните дишни патишта заболуваат од 10-30% од децата.
Зачестени но благи инфекции – посебно инфекции на горните дишни патишта (на пр. обична настинка) – во детството се многу чести и кај повеќето деца не е потребен дополнителен лекарски преглед.
Физиолошка фаза на заболување кај децата
Мали деца (од 1 до 5 години) | 6 - 8 епизоди на инфекции на дишните патишта со благ тек, добра реакција на класично лечење во есенските и зимските месеци.
|
Постари деца (од 6 до 12 години) | 2 – 4 епизоди на инфекции на дишните патишта со благ тек, добра реакција на класично лечење во есенските и зимските месеци.
|
Како можеме да влијаеме на имунолошкиот систем во детството?
Денес можеме на повеќе начини да влијаеме на подобрување на имунолошкиот систем во детството. Станува збор за активни состојки кои делуваат на детскиот имунолошки систем на различни нивоа. Тоа се производи кои се достапни без рецепт, а кои се добиваат со препорака на лекар. Многу од нив имаат докажано влијание на имунолошкиот систем на детето.
Најважно од се е здравата храна, добриот сон и физичката активност.
Здравата храна вклучува свежо овошје, зеленчук, интегрални житарици и месо. Исто така под здрава храна се подразбира свежо исцеден сок од овошје или зеленчук, ако детето не јаде доволно. Балансирајте ги оброците со здрави закуски како што се јогурт, грозје или интегрални житарици со суво овошје. Избегнувајте масна храна и храна богата со шеќер, која може да доведе до осиромашување на имунолошкиот систем. Не дозволувајте детето да јаде се и сешто, бидејќи храната може да предизвика алергиска реакција.
Инсистирајте детето да спие најмалку 8 часа и повеќе. Изгаснете ги ноќните светла и другите светилки кои можат да ја нарушат деликатната рамнотежа на нивото на серотонин. За да се постигнат придобивките од ноќ помината во сон, во собата мора да биде темно, тивко и удобно.
Имунолошкиот систем бара физичка активност и вежби кои ќе му помогнат на телото да остане здраво.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?